-Ајвар
-Милка чоколада
-ДРУГАРКИТЕ!!!
-Внука ми
-Роднините поблиски (баби, дедовци...)
-Чаршијата
-Ракијата
-Општо атмосверата...ја обожавам
-Идење на кафе пред школо (кај го има тоа тука упм...)
-Идење кај другарка не најавен
-Идење дома у 6 саат сабајле со кило патлиџани у рака и се преправаш ко на пазар да си бил за да не те зборат комшиите
-Играње штркот бара боја у маало ко мали деца
-Одење у кафани кај што се опиваш а до тебе 70 годишни чичиња се палат на тебе
-Празнење џебови со другарките у 4 саат сабајле после излевање за да се соберат едвај 40 денари за една кутија цигари...сите по 2-3 денара контрибуираат
-опивање пред излевање
-сончоглед и семки
-одиш кај одиш кога сакаш со кој сакаш без никаков поблем
-излегуваш на чаршија и нема човек со кој не се познаваш
-собирање за Нова Година, 1ви Мај, вртење на црква за Велигден, и сите социјални празници
-спиење кај другарка ненајавен пошто си премногу здрвена за да си одиш дома и твоите да те видат така
-пеење по улица до 6 сабајле
-муабетот со другарите и другарките за све
Не знам луѓе да продолжам? Има уште многу...
Да пишувам еден саат нема да прекинам