- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.253
- Поени од реакции
- 18.201
Па они продреа, дури и се прилагодија на нашиот систем на безаконие Работата е ние да продреме кај нив или во трета земја за да извадиме ќар, а за такво нешто не сме конкурентни ниту ќе бидеме во оваа форма на држава. Бар за индустриите што блиску до моја струка.И технологијата, но и менталитетот има и тоа како врска. Едноставно дур некој живеел во модерна и идустриска Автроунгарија, друг живеел во феудално општество како Турското, каде што бил роб, тепан, силуван, убиван и што уште не. Работите не се решавале преку институции туку со рушвет. Тој менталитет тешко се искоренува. Едноставно за све се бара пријател и за све се дава рушвет. Нема никаква доверба човек на човек, ниту човек на институција. А технологијата и корпорациите во вака глобализиран Свет лесно ќе продреа со солиден систем со силни институции. Едноставно човековиот капитал е многу послаб тука, да не се лажеме. Постојано и постојано имаме кадри кои влегле на некое многу одговорно место со врски или па пуштање на студенити без никакво знаење.
Апсолутно е погрешно да препишиме све на геополитика.
Друго што би издвоил е моменталниот економски систем. Нит е комунизам, нит капитализам. Треба веќе еднаш да се тргне во посолидно олабавување на пазарот и да се пуштат низ вода сите непрофитабилни државни и јавни претпријатија.
Не се толку поштени, само поугодани се за да играат по правила за слободен пазар што они си ги донеле. Практично се монопол 2-3 фирми на светско ниво, испреплетени меѓу себе и државите со еден куп корупциски скандали. А не дека немало кај нас порано, пола опрема што се апдејтува е мејд ин југославија.
Човечкиот капитал е тој, никаков. Ама ретко кој странец што сум запознал е технички/образовно попоткован од мене, сега поготово кога литературата е достапна онлајн. Ама џабе се тоа ако прва работа ти е кај саво во Хајтек а него во Генерал електрик. Не можеш ништо да смениш тука.
Автоматски споено мислење:
Можда кај вас е така, за мене тоа е невидена работа. Ама сум слушал доста работи од колеги во ИТ што кај мене ќе леташ инстантно од работа. Сепак зависи од фирма до фирма мислам, сепак повеќето луѓе би сакале поише да се платени место да легачат.Нема врска мајстори или не мајстори, сум видел и мајстори, инженери, ит лица, општи работници кои се влечкале за време на паузи.
Конкретно во мкд мене најмногу ми сметаше делот со состаноците, 80% доаѓаа без да знаат зошто се на состанокот и се муабетот беше ај ќе го решиме ова на следниот. Друга работа доцнењето, сум ги бркал по 15-20 минути да ги соберам на состанок
2 саати е веќе бааги време, инаку 1 саат мене ми одговара многу, во претходната фирма тука не ми се знаеше ни пауза ни одмор, едноставно ме бомбардираа со итни таскови преку цел ден по телефон и мејл. Сега си знам дека од толку до толку саат ми е пауза и дека можам спокојно да јадам како човек, или пак да излезам и завршам набрзина некоја приватна обврска без да го молам шефот.
Јас лично имам мислење дека Македончето е доста флегма народ, не дека не може да се дотера во ред и да работи, ама по природа некако ми се турниме да кинисам.
Последно уредено: