- Член од
- 23 декември 2011
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 1.365
Со оглед на тоа дека ни доаѓа нов шпагети вестерн од Тарантино во облик на Џанго (иако не е снимен во Италија да бидеме искрени...тоа е) отварам посебна тема за нивна дискусија.
Италијанските вестерн филмови се поделени на два вида филмови, шпагети и макарони.
Попознатите се шпагети вестерни во кои сите ликови се сурови и се покварени до срж, нема црно или бело со нив тука преовладува едно сивило. Јунакот во овие филмови ке го препознаете по тоа што само тој нема да сака да украде од сиропиталиште или црква (доколку го начекате во добро расположение и на добар ден) и најчесто во повеќето филмови "добриот" лик се открива на пола филм како во Добар, Грд и Лош. Други примери од овие филмови се Џанго, Запата, Дијамантниот Волк и За Шака Динамит ред други.
Од другата пак страна ги имаме макарони вестерните во кои преовладува повесела атмосфера и за разлика од шпагети вестерните ретко кој тука умира и иако повеќето од карактерите во филмот очигледно имаат оружје и се прикажани како го вадат и нишанат со него заканувачки, на крај се завршува со неколку боксови и клоци и скршени столици по глава. Границата помеѓу добрите ликови и лошите е добро зацртана и дејствието најчесто се сведува на тоа дека лошите украле или киднапирале некого и добриот момак оди да им ја крши кичмата. Ама без многу насилство бидејки сепак ова се фамилијарни филмови. Искрено на срце повеќе овие филмови ми лежат бидејки може со пиво да си седнеш да ги гледаш и да се смееш како зелен. Пример за овие филмови се повеќето филмови со Теренс Хил и Бад Спенсер кои се незаборавно дуо.
Малку непознат факт, дел од италијанските вестерни се снимани во поранешна Југославија и може да се приметат голем дел "наши" луѓе како Мексиканци ама со опинци. Исто така и Србите имаат снимено неколку шпагети вестерни (лесковачки вестерн?) во кои имаат глумено актери како Чкаља, Павле Вујишич и Гидра.
Еве ви го инаку Хер Жика во еден еден од безбројните продолженија на Џанго кои воопшто немаат никаква поврзаност со првиот филм. Баш да видам дали ке го познаете .
Мои омилени филмови од овој жанр
The Good, the Bad and the Ugly
БЕЗВРЕМЕНСКИ КЛАСИК. Епски филм почнувајки од приказната, музиката(сеуште се потсмевнувам кога ке ми текне како Мориконе ги терал лугено да вијат како којоти по студиата за снимање) па се до ликовите. Дејствието е сместено помеѓу граѓанската војна во Америка во кое еден бандит, eден ловец на глави и еден...Ли Ван Клиф (сериозно не ми текнува што беше он, let's just say he was bad) по сплет на околности тргнуваат во потрага на закопано злато за кое секој од нив тројца поседува одредено знаење каде е тоа закопано но никој не сака да дели. Кинематографијата е неверојатна, како денес да е снимен филмов а не пред 40+ години. Секоја сцена и после кој знае колку време од кога ми е гледам филмов сеуште ми е врежана во глава. Почетната сцена кога Туко изрипува од прозорот, пукањето во бесилката, патот низ пустината, правењето нов револвер од други револвери, бомбарирањето врз хотелот(If you want to shoot, shoot. Don't talk), минирањето на мостот па се до мексиканскиот обрачун на крајот. Филм за сите времиња.
Доколку се гледа немојте продолжената двд верзија да ја земате. Ги натерале Ели Валах и Иствуд да дојдат и да снимат нови гласови за своите ликови и.... не звучи воопшто добро. Поготово Валах кој е човек од 100 години. Блоооонди ахајајајајахајајајаја. Мислев човекот ке ми цркне на сред гледање.
Инаку поголемиот дел од филмот е сниман во Шпанија. За сцените кога се борат јужнаците против северњаците се користат Шпански војници како статисти. Кога требало да се крене мостот во воздух, војската погрешно го минирала и експлодирал кога камерите не снимале. Од срам на филмската екипа им изградиле нов (поубав!) мост кој после пак го кренале во воздух ама овој пат за среќа камерите биле уклучени .
They call me Trinity
Бад Спенсер и Теренс Хил . Цареви. Италијанските Стенлио и Олио, со екстра млатарење. Едниот пука, другиот шамара. Сите филмови нивни во кои и двајцата глумат ми се гледани а меѓу нив овој ми е најомилен.
Не можам сцената со тепачката во барот да ја најдам па еве ова нека послужи како пример.