Шопинг во Приштина

  • Креатор на темата Креатор на темата AceMaus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
сакав нешто да дознаам околу купувањето по трговските центри во косово, имам слушано дека имаат добра роба, марки по багателна цена...

споделете искуства ваши или туѓи, како е што е, дали има организиран превоз со агенција, колку чини, како е снаоѓањето низ градот и слично
 
LOL, кај ја најде Приштина каурину?
Што не идеш у Кандахар по шопинг центри (од таму дури има и некакви шанси да се вратиш жив и здрав).
 
Ајдееее, пола Косово доаѓа у Скопје на шопинг, ти обратно правиш :)
 
јас имам чуено муабети...поточно пред 2-3 дена у продавница слушнав дека чoекот отишол се изнакупил по багателна цена може дупло поевтина а оргинална роба...сеа никој неможе да знае 100% дека е оргинална :)
 
точно е
во Косово одам често (работно) .Од она што успеав да видам е дека белата техника е поефтина- пр.има машини за садови за 100 евра (ова му доаѓа ко она кај гејците- ако ви текнува- со климите од по 100 евра ) па нашите се испотепаа одејќи по 3-4 пати -за да домакнат секое одење по една клима уред:pos2:, во бутиците цените се или ко кај нас или поефтини-а робата е мешана- значи има и квалитетна , но и онаа -шкартот.

--- надополнето ---

LOL, кај ја најде Приштина каурину?
Што не идеш у Кандахар по шопинг центри (од таму дури има и некакви шанси да се вратиш жив и здрав).

ова нема благе везе. Никој нит те ’рчка , нит те замара-поготово ако знаат дека си од Македонија.
можеби горе споменатово важи за србите, но не и за нас
 
стварно ова со гинењево у косово го направи многу драматично али ај.... главен проблем во шопингот го гледам во непознавање на јазикот, англиски ако упали упали, српски нема шанси. у осталом и шо ке ти е зборење, ќе се праам нем :)
 
Ако веќе си се решил да идеш, јас не би ти препорачал, малце потешко дека за поевтини пари ќе си купиш квалитетена роба. А за јазик не се замарај, ако знаеш англиски со пола Косово ќе можеш да се разбереш, го знаат многу добро :)
 
Сега ние одиме во Приштина и за 5 чрвени газди се правиме. Исто како кај Бугарите. Запомнете ми го зборот,Косово за 10 години светлосни години ќе биде пред нас.
А ние бедотиите ќе си останеме засекогаш бедни. Не верувам дека има многу избор за мој вкус,ама може некоја патика и трењерка да се довлечка.Како нема да им е ефтино кога не плаќаат ниту царина,ниту пријавуваат што и од каде носат.
 
Ако се решиш да идеш ќе ти дадам Фб од бившиов он е таму,ако се загубиш да ти се најде троа :pos: ps:
мкд сум а и тој е мкд да не дојде до забуни лол
 
Ако се решиш да идеш ќе ти дадам Фб од бившиов он е таму,ако се загубиш да ти се најде троа :pos: ps:
мкд сум а и тој е мкд да не дојде до забуни лол
Confused_face1.png

зошто пишувате бре постови во стилот сакам кажам незнам речам ?

Иначе не би одел приштина да купувам ,кога со пат поскапо ќе ме фати.
 
сакав нешто да дознаам околу купувањето по трговските центри во косово, имам слушано дека имаат добра роба, марки по багателна цена...

споделете искуства ваши или туѓи, како е што е, дали има организиран превоз со агенција, колку чини, како е снаоѓањето низ градот и слично

Не е ни поефтино од Скопје, па нема ни многу голем избор имаат еден дупло помал трговски од Скопје и тоа е тоа. Сепак можеш да се прошеташ и да најдиш нешто интересно, сепак за некој процент работите можеби се и поефтини одредени работи. За снаоѓање лесно е нема да имаш гајле, Приштина е од прилика колку Скопје по големина, меѓутоа исто како и Скопје се е сконцентрирано во центарот на градот. За јазик зборуваат српски постариве генерации а поновите Англиски, нема да имаш ни со тоа проблем. Така да заклучок немој многу да се надеваш дека ќе најдеш нешто но оди прошетај види што е како е, посекако блиску е до Скопје, а и ефтина е картата.
 
Сега ние одиме во Приштина и за 5 чрвени газди се правиме. Исто како кај Бугарите. Запомнете ми го зборот,Косово за 10 години светлосни години ќе биде пред нас.
А ние бедотиите ќе си останеме засекогаш бедни. Не верувам дека има многу избор за мој вкус,ама може некоја патика и трењерка да се довлечка.Како нема да им е ефтино кога не плаќаат ниту царина,ниту пријавуваат што и од каде носат.
Зимај државјанство дур е време!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom