Шминка и облека според типот на годишно време

Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Пролетен тип: Црвена или махагони боја на коса, светло кафени очи, средна боја на тенот. Одлично им прилегаат златна, кафена, маслинесто-зелена боја на сенка, нагласена со молив за очи малку потемна боја од сенката. Кафена или црна маскара. Руменило во боја на праска. Најдобар избор за усните е кармин во боја на корал.
Во облекувањето прилегаат портокаловата, бежовата и светло-кафената боја. Впечатлив накит кој одговара со облеката, а одлично стои и злато.

Летен тип: Костенлива или црна боја на косата, кафено-зелени или кафени очи. Овој тип ги опфаќа сите тенови, светол, среден и средно темен. Шминка за очите: сина, бела, зелена, виолетова, златна, бледо розова, добро стои и маскара во боја. Розово руменило. Одлично прилегаат кармини во сите нијанси на розовата боја, исто така и месо-боја. Облека: бела или пак широкиот избор на пастелни бои, сина, розова, виолетова, жолта, резеда. Накит во сите бои.

Есенски тип: Светла боја на коса (руса или смеѓа), костенливи и црни очи. Светол и среден тен. Сенки во бронзена, кафена, златна, корал-боја, црна маскара. Беж руменило. Усни: најдобро прилега проѕирен сјај или пак светли земјени тонови. Избор на облека: портокалова, окер, темно виолетова, темно кафена, бела. Накит изработен од крупни дрвени перли.

Зимски тип: Руса коса, сини или светло зелени очи. Добро им прилега сива, седефна и сребрена сенка за очи, светкав туш за очи и црна маскара. Розово руменило и мат-кармини во кафена, темно црвена или боја на капина. Облека: црна, бела, златна, сребрена, темно виолетова, модра. Дискретен сребрен накит со циркони.


Ова се четирите најзастапени типови според годишно време. Некој може да биде комбинација од повеќе типови, па има и поширока палета за избор на бои и облека.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Летен тип: Костенлива или црна боја на косата, кафено-зелени или кафени очи. Овој тип ги опфаќа сите тенови, светол, среден и средно темен. Шминка за очите: сина, бела, зелена, виолетова, златна, бледо розова, добро стои и маскара во боја. Розово руменило. Одлично прилегаат кармини во сите нијанси на розовата боја, исто така и месо-боја. Облека: бела или пак широкиот избор на пастелни бои, сина, розова, виолетова, жолта, резеда. Накит во сите бои.

Дефинитивно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom