Шангајско Рангирање - УКИМ прв?

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=87198
Еве ја целосната листа

1. Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје 100¬¬¬
2. Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово 61,9
3. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип 61,7
4. Универзитет Св. „Климент Охридски“ – Битола 55,5
5. Универзитет за информатички технологии и науки "Свети Апостол Павле" Охрид 44,1
6. Меѓународен Балкански Универзитет-Скопје¬¬ 41, 6
7. Првиот приватен Универзитет, Европски Универзитет на Република Македонија – Скопје 38,5
8. Приватен факултет за Бизнис и Економија –НЕОКОМ – Скопје 37,9
9. Високата школа за новинарство и за односи со јавноста 37,5
10. Универзитет Американ Колеџ Скопје 36,4
11. Прв приватен универзитет - ФОН Скопје 35,4
12. Универзитет за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк 32,2
13. Државен Универзитет во Тетово 29,5
14. Универзитет за Туризам и Менаџмент-Скопје 25,3
15. Меѓународен Славјански Институт Свети Николе 24,9
16. Меѓународен Универзитет Струга 24,5
17. МИТ – Скопје 22,9
18. Висока професионална установа за бизнис студии Евро колеџ Куманово 15,6
19. Бизнис Академија Смилевски-БАС 11,7
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
A да прашам зошто кога е завршено на 27 јануари официјално рангирањето дури после 20 дена објавува нашето министерство резултати?

И да, зошто не нема на официјалната страна на шангајскиов универзитет дека вршат рангирање и во Македонија?http://www.shanghairanking.com

И што е со оваа табела на финални резултати добиена од шангајскиот универзитетна 27ми јануари?
Кај ја има новата табела МОН што ја извадиле на нивната страна? Тоа обично табелче кирилично само со името на универзитетот го сметаат за официјален документ за рангирањето?
А документ за веродостојност испратен од Шангај ?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Скандал: Кој се обиде да ја сокрие првичната листа, во која ФОН е на 4то место!?

Четврток, 16 Февруари 2012 22:20
Откако на прес конференција министерот за образование Панче Кралев ја објави ранг-листана на Универзитетите,и на кои имаше неочекувани резултати,со наводно високото рангирање на Универзитети кои се пред затворање,универзитети без кадар и администрација,но и без студенти,вечерва од Првиот приватен универзитет ФОН ја објавија првичната листа, која некој се обиде да ја сокрие.
На неа прв е државниот ,,Свети Кирил и Методи, , а на 4 место е ФОН,а не на 11-то како што соопшти Кралев. Очигледно,на лагата и се кратки нозете. Утре ,петок-17.02.20011, во 11 часот,за овој невиден скандал ќе се одржи прес конференција на ФОН Универзитетот.
http://daily.mk/cluster3/0cb40f61c9f5ac178bb9428febdf21f7/1149938/eurm-vo-top-10-najdobri-univerziteti-vo-makedonija

Уште еден доказ дека позади ова стои политиката..:tapp:
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 01:04 ---
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не, бе, ич нема политика. Ене, Апостол Павле, со година ипол постоење има скор 100 на квалитет на настава и поучување. Чиста работа.

Каде е тука политиката?
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Како прво вакви ранглисти секојпат се субјективни иако се трудат да понудат објективност. Второ постојат многу листи каде пласманот на еден универзитет може доста многу да вариира. И како трето оваа листа е скоро безвредна и може да биде само индикатор за квалитетот. Македонските универзитети треба да се мерат со Европските, па и светските универзитети а не да бидат задоволни што се на пример први во Македонија (УКИМ).
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Не, бе, ич нема политика. Ене, Апостол Павле, со година ипол постоење има скор 100 на квалитет на настава и поучување. Чиста работа.

Каде е тука политиката?
ФОН е на четврто место според Шангај а министерот за образование лаже, вели дека ФОН е на 11то место, а сите знаат зошто е тоа така, ради препукувањата помеѓу Фијат Цаноски и Вмро Дпмне.. И да не заборавиме дека Фијат Цаноски е во коалиција со СДСМ..
Ете како се меша политиката во образованието..
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
ФОН е на четврто место според Шангај а министерот за образование лаже, вели дека ФОН е на 11то место, а сите знаат зошто е тоа така, ради препукувањата помеѓу Фијат Цаноски и Вмро Дпмне.. И да не заборавиме дека Фијат Цаноски е во коалиција со СДСМ..
Ете како се меша политиката во образованието..
Абе, нема политика!!!

Види како Гоце Делчев, Штип (2007), на пример е заслужено повисоко рангиран од Климент Охридски (1979).

Нема никаква политика тука. Што има везе што е штипскиот на Грујо?!? Никаква врска.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе дај не трескајте глупости... без разлика дали си на приватен или на државен секаде е исто. И кај се видело да ви дадат диплома на вересија... секаде се бара учење.
Јас студирам на ФОН.. заслужено си добив целосна стипендија.. и со многу ама многу напорно учење ја зачував. И многу мои колеги и колешки кои оценките си ги добиваат благодаение на многу учење.
немате право да судите без да знате како е и што е
Абе никој не го спори фактот дека ти учиш, но имам познаници што за 2 семестри земаа дипломи од ФОН, и плус секој што е заглавен на УКИМ одма го чекаат на ФОН и му ги признаваат сите испити, му земаат 2 000 евра и му даваат диплома одма. Тие што го поседуваат универзитетот можат да ги контролираат сите професори и одма даваат дипломи, на државните можит да фатиш врски за некој професор, ама диплома никогаш нема да ти даат. Заслужено 11то место, ај сиктер таму.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523

Абе батка остај ти дипломи утре со Економски си нула, знаеш ли колку економисти завршуваат годишно во Македонија? Мислиш дека сите ќе се вработат по банкиве и дека сите еден ден ќе станат шефови ради дипломата? Бубаш теорија 1000 страни гола вода, за на крај откако ќе го земеш парчето диплома остануваш табула раса и одново ти треба пракса (пошто и на таа кај што ги праќаа да купуваат бурек) ништо не научија... Сватете дека не е до дипломата туку до тоа колку индивидуално ќе се покажеш, а после Економски факултет ти треба одново финансирање за постдипломски за да се одвоиш од 10.000 студенти со иста диплома... За праксата на економистиве да не збориме тоа допрва се учи низ работата. Оваа листа не значи ништо, ама баш ништо.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам за квалитет на образование, ама дефинитивно е прв по исфрустрирани личностикоисакаатдасенарекуваатсебесипрофесори кои закажуваат на - 10 предавање и не се појавуваат. Има многу што вредат и кои се прекрасни, ама има и исфрустрирани кои не заслужуваат воопшто да им стои титулата професор пред името. Чисто да си изразам револт.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе батка остај ти дипломи утре со Економски си нула, знаеш ли колку економисти завршуваат годишно во Македонија? Мислиш дека сите ќе се вработат по банкиве и дека сите еден ден ќе станат шефови ради дипломата? Бубаш теорија 1000 страни гола вода, за на крај откако ќе го земеш парчето диплома остануваш табула раса и одново ти треба пракса (пошто и на таа кај што ги праќаа да купуваат бурек) ништо не научија... Сватете дека не е до дипломата туку до тоа колку индивидуално ќе се покажеш, а после Економски факултет ти треба одново финансирање за постдипломски за да се одвоиш од 10.000 студенти со иста диплома... За праксата на економистиве да не збориме тоа допрва се учи низ работата. Оваа листа не значи ништо, ама баш ништо.
Незнам за која цел ти беше муабетов, ваљда ја знаеш разликата помеѓу универзитет и факултет и свесен си дека целосно си офтопик, 2-3 пати го прочитав постот и незнам што сакаш да кажеш. Ми личи дека си дипломирал и неможеш да се вработиш, и плукаш по целото образование и систем.

Околу праксава, ете се воведе задолжителна пракса, и имаш можност да одиш по компании(не е економски само банка како што мислите вие), и конкретно на мојот смер не е само бубање, туку имаме повеќе вежби од предавања и работење заеднички проекти со асистентите и компании.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Незнам за која цел ти беше муабетов, ваљда ја знаеш разликата помеѓу универзитет и факултет и свесен си дека целосно си офтопик, 2-3 пати го прочитав постот и незнам што сакаш да кажеш. Ми личи дека си дипломирал и неможеш да се вработиш, и плукаш по целото образование и систем.
Поентата е едноставна, без разлика на тоа на кој универзитетски факултет ќе завршиш на крај се цени индивидуалниот квалитет, дипломата ти е насока.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom