Чудесна Македонија - Книга

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
"Чудесна Македонија" за сите дома и за сите странци
Книгата "Чудесна Македонија", што неодамна излезе од печат во издание на "Младинска книга"-Скопје, не е ниту монографија ниту енциклопедија.
Печатена е во голем формат, па наликува на енциклопедиско издание. Има околу 530 страници и над 700 фотографии, а, сепак, е мала за да ги собере сите убави природни богатства и големото културно наследство на Македонија.
Концептуално, книгата е замислена како претставување на Македонија преку 100 локации и во тие рамки се дадени места, планини, села, археолошки локалитети, цркви, џамии... Тоа е избор на места што им се познати речиси на сите граѓани на оваа земја, но и помалку познати области, скриени водопади, пештери, села и планински врвови. Според креаторите на оваа книга, главниот и одговорен уредник на ова издание, Лавинија Шувака-Хоџиќ, фотографот Наце Попов и текстописецот Марија Саревска-Тодоровска, "Чудесна Македонија", со својата разнообразност и содржина, е книга со која ќе се гордее секој граѓанин, книга за секое семејство, без оглед на неговата национална и верска припадност.
Коментари околу оваа книга?
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782

Има прилику да ми гу понудив ичера...Разгледа и не ме разочара.Нешто преубаво,голем дел од овија работе не сам знала на пример прочита дека Галички кашкавал бија на мени на Титаник o_O Интересно не да не.Македонија е преубава земја и књига да се има е богатство искрено само што моментално не сам у могуќност да даду 4-5000 денара за овој :)
 
S

Sagan

Гостин
Вакви ствари треба да бидат спонзорирани со народни, буџетски пари, и бесплатно достапни за секое семејство, а не некоја си тамо младинска книга да продава муда за бубрези за 100 евра.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Генерално изданијата на Младинска книга се ОК иако се прескапи....единствено сум разочаран од Историјата....во делот за Македонија напишале дека сме Бугари :mad:...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Има прилику да ми гу понудив ичера...Разгледа и не ме разочара.Нешто преубаво,голем дел од овија работе не сам знала на пример прочита дека Галички кашкавал бија на мени на Титаник o_O Интересно не да не.Македонија е преубава земја и књига да се има е богатство искрено само што моментално не сам у могуќност да даду 4-5000 денара за овој :)
4-5.000 ден ако биде книгата, боље ќе си купам подобра енциклопедија за тие пари. Скапо е.....
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Поздрав дечки, со овој пост само сакам да ве информирам.
Од неодамна започнав да работам со презентации на книги од Младинска книга, и за оваа книга имам само пофални зборови. Ја имам дома и мене многу ми се допадна,сеуште ја читам и од неа научив за многу убави места во Македонија кои многумина од нас не ги знаат.
Исто така детално е објаснета културата и обичаите во одредени региони од земјата, историски споменици, цркви и манастири. Во неа е опфатено целокупното богатство со кое секој Македонец може да се гордее.
Чудесна Македонија моментално е на прво место по број на продадени примероци на месечно ниво, за секој е интересна за читање и секој сака да ја поседува бидејки претставува нешто ново, ретко и вредно.
Во моментот на друго место не постои книга од ваков карактер со толку обемна соджина за Македонија, постојат само некакви мали брошури и сликовници кои не содржат многу информации.
Некои ја купуваат за себе, посебно ако имате желба да направите една туристичка тура низ Македонија, оваа книга практично би била вашиот водич, некои ја купуваат за фамилијата,а некои ја купуваат за понатаму да ја дадат како подарок на некој близок од дијаспората.
Книгата е скапа, се согласувам, но содржината која ја има и квалитетната изработката, ги оправдуваат вложените пари.
Покрај плаќањето во готовина, Младинска книга го олеснува плаќањето со тоа што овозможува книгата да се отплати на 6 рати. Книгата се добива веднаш по плаќањето во готовина или потпишување на договор за плаќање на рати.
Доколку сте заинтересирани може да ми пратите по ПП мобилен број и да ви закажеме термин за презентација, чисто колку да ви ја презентирам книгата и вие потоа ке ја разгледате, не мора да ја купите, ама се сомневам дека нема да ви се допадне.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Генерално изданијата на Младинска книга се ОК иако се прескапи....единствено сум разочаран од Историјата....во делот за Македонија напишале дека сме Бугари :mad:...
Најголемиот број од книгите што ги нуди Младинска книга се прескапи. Тоа се фино направени книги, со цврсти корици, со повез, не со лепак. Страниците исто така се од добра хартија. Сум разгледал неколку, исто толку и сум прочитал. Историските книги се бедни, мизерни по својата содржина, не само поради гореподвлеченото. Врие од неточности и од лоши преводи. Да не биде се` црно имаат еден Голем советник за здравјето, кој е добар за оние што не се доктори, по услов истите да не се хипохондрици.
Ако некој сака да има полица со наизглед убави книги (за да се фали пред гости), а има пари за фрлање може, за мене е прескапо и преценето. Можеби за некого не е и тој ќе се заинтересира. Јас попрво за тие 4000-5000 денари би отишол да видам едно-две убави места во Македонија, наместо да прочитам за 5-10 такви. Мислам, книга на 5 рати??? Ајде да е некој раритет, некое ретко издание кое сум го барал со години и кое ми значи, би дал и дупло повеќе. Но за проширени туристички водичи, за фалшливи историски, географски или етнографски книги со податоци кои не се подобри од Wikipedia, а воопшто не се бесплатни и плус ми заземаат простор, јок.
Се надевам дека darmon нема да го разбере лично ова.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Има прилику да ми гу понудив ичера...Разгледа и не ме разочара.Нешто преубаво,голем дел од овија работе не сам знала на пример прочита дека Галички кашкавал бија на мени на Титаник o_O Интересно не да не.Македонија е преубава земја и књига да се има е богатство искрено само што моментално не сам у могуќност да даду 4-5000 денара за овој :)
Е де имало луѓе и од Македонија на Титаник...:) уствари имало од цела Југославија!
Иначе книгава, можеби е убава, ама скапа!
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Е де имало луѓе и од Македонија на Титаник...:) уствари имало од цела Југославија!
Иначе книгава, можеби е убава, ама скапа!
Едноставно прв пут слушна такву информацију не дека не може да биде такој нешто :) Не смо ми од другу планету.Иначе скупа скупа..
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Избришав еден куп „духовити“ коментари.

Држете ја дискусијата околу книгата, и потрудете се барем во овој подфорум да пишувате литературно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom