L
Liberation
Гостин
Бидејќи темата Прашања за исламот дозволува само конкретни прашања со конкретен одговор и, евентуално, подпрашање, без развивање дискусија, мислам дека е потребна тема каде ќе може да се изнесе личен став и мислење... Започнав со читање на Куранот (овде можете да го симнете на македонски во .pdf) и многу работи не ми се познати, па сакам со вас да споделам некои делови (ајети) и евентуално да си разјаснам некои работи. На дел од првата Сура, добив одговор во темата погоре, но за да не ги расипувам правилата, ќе продолжам овде. Ако веќе има тема за цитирање од Сурите и нивното значење, се извинувам.
Благодарение на Vlora, и следниве ајети ми добија смисла:
--- надополнето ---
Сура 2. Ел-Бекара
Значи јас, како христијанин, ако верувам во Адам и Ева, Мојсеј, архангелите и Исус, и велам дека Исус НЕ е син божји, туку пратеник дојден да ги пренесе божјите зборови, верник сум, во очите на исламот, али не сум?
Во Куранот стои:
На овие ајети веќе добив одговор, и сум задоволен што сфатив нешто.Сура 1 Ел-Бекара
62. А оние кои веруваа: Евреи, Христијани и Сабејци – и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела – па за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Они не ќе стравуваат и не ќе тагуваат.
87. И веќе на Муса Ние Книга му дадовме и по него низа пејгамбери испративме… И на Иса, синот на Мерјем, јаснотии му дадовме и со Духот свет го поддржавме. И секогаш кога пејгамбер ви доаѓаше со она што не ви се допаѓаше –се надувавте. Некои пејгамбери тогаш за лажни ги сметавте, а некои пак, ги убивавте.
98. Непријателите на Аллах, и непријателите на мелеките Негови и на пејгемберите, и на Џебраил, и на Микаил… па, Аллаха го имаат за свој непријател, навистина!
Благодарение на Vlora, и следниве ајети ми добија смисла:
Ми беше објаснето следново. Од религиозен аспект, сосема коректно.Сура 2. Ел-Бекара, 113. Евреите зборуваат: “Христијаните не се по патот вистински“, а Христијаните зборуваат: “Евреите не се по патот вистински“. А и едните и другите Книгата ја кажуваат. Оние кои не знаат, ете, истите зборови ги кажуваат. Па, Аллах на Денот суден ќе им пресуди за она што, токму, станаа деленици.
Сура 4. Ен-Ниса , 153. Следбениците на Книгата од тебе бараат да им спуштиш книга од небото. А оние веќе од Муса бараа и повеќе од тоа. Па зборуваа: Покажи ни го бог, очигледно… И на Муса Ние јасен доказ му дадовме.
156. И заради неверувањето нивно, зборувањето нивно и клеветите големи за Мерјем,
157. и заради изјавата нивна “Да, ние го убивме Христа“, Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини… Не го убија сигурно,
158. туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е силен и мудар!
--- надополнето ---
Сура 2. Ел-Бекара
Ајетот 135 од Ел-Бекара, зарем не е во спротивност со:135. Они зборуваа: “Бидете Евреи и Христијани – ќе бидете упатени“. Кажи: “Не, ние ја следиме верата Ибрахимова –вистинската вера, а тој не беше меѓу многубошците!“.
136. Кажете: “Ние веруваме во господ и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исак, и на Јакуб, и на внуците; и во она што му е дадено на Господарот нивни на Муса, и на Иса, и на пејгамберите пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на господ сме послушни!
Во 135 христијаните се многубошци, претходно во 62 се претставени како верници кои веруваат во истите пратеници божји и во истиот бог како и муслиманите.62. А оние кои веруваа: Евреи, Христијани и Сабејци – и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела – па за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Они не ќе стравуваат и не ќе тагуваат.
Значи јас, како христијанин, ако верувам во Адам и Ева, Мојсеј, архангелите и Исус, и велам дека Исус НЕ е син божји, туку пратеник дојден да ги пренесе божјите зборови, верник сум, во очите на исламот, али не сум?
Најголема забелешка во Куранот кон христијаните е што некои го сметаат Исус за син божји, па сега голем дел од него се сведува на негација на тоа тврдење и омаловажување на оние кои веруваат во тоа со зборови како “многубошци и неверници“. Или грешам?Евангелие по Матеј, 5; 38-41, се цитира Исусовиот говор на гората: “Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано: Око за око, заб за заб! Јас пак ви велам: не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот… Кога некој ќе запроси нешто од тебе –дај му, и не одбивај човек што бара нешто од тебе.“
Во Куранот стои:
Ако Исус и Мухаммед го претставуваат истиот бог на Земјата, тогаш зошто толкави спротиставености во цитатот од Исус и она што му било пренесено на Мухаммед?Сура 5. Ел-Маида, 45. Ние им пропишавме: живот за живот, уво за уво, око за око, заб за заб, а за рана –одмазда. А на оној кој ќе се откаже од одмаздата, тоа ќе му биде откуп за гревовите. Оние кoи не судат според тоа што го објави Аллах –та, зулумќари се!