Чехословачки дипломатски документи за Македонија

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Промовирани зборниците "Чехословачки дипломатски документи за Македонија“

Скопје 23 мај 2009
Државниот архив на Република Македонија вчеравечер во Прага, во рамки на Деновите на македонската култура, промовираше три зборници со документи од архивите во Чешка кои се однесуваат на состојбата во Македонија од 1919 до 1975 од аспект на чешката (чехословачката) дипломатија.

Од 2006 година Архивот објави три тома за одделни периоди (1919-1933, 1934-1939 и 1939-1975) и во нив на околу 1.300 страници се содржани 209 документи.

Зборниците, со наслов „Чехословачки дипломатски документи за Македонија„ ги подготвија историчарите Новица Велјановски и Јан Рихлик. Во подготовка е и четврта книга со архивски материјали за периодот од 1975 до 1990, која се очекува до крајот на годинава.

Првите две се однесуваат на времето кога Македонија била дел од Кралството СХС, односно на Кралството Југославија, кога тогашните чехословачки дипломати во своите извештаи забележале дека македонскиот е автономен словенски народ.

- Од 1924 до 1938 во Скопје постоел чешки Конзулат. Конзулот Зноемски во извештаите што ги испраќал од Скопје во Министерството за надворешни работи во својата земја го подвлекува постоењето на македонската нација во Македонија и тврди дека луѓето се посебно од она што се другите, зборуваат на друг јазик и поинаку се чувствуваат, рече Велјановски.

Документирани се и петиции за признавање на македонската нација, кои стигнувале и до тогашниот чехословачки претседател Томаж Гарик Масарик, кој бил заинтересиран прашањето позитивно да се реши.

Од документите на третата книга (1939-1975) се забележуваат две фази во односите на тогашна Чехословачка и СФРЈ - до 1948, кога чехословачката дипломатија била наклонета и го подвлекува како важен чин создавањето на новата македонска држава и Првото заседание на АСНОМ, и по 1948 (Информбирото) кога земјата потпаднала под целосно влијание на СССР и дипломатијата била резервирана зашто морала да се приспособи на новонастанатите односи на државите во социјалистичкиот блок.

Повторното зближување, документирано во архивските материјали, се случува за време на бурните настани во Чехословачка на крајот од 1960-те и почетокот на 1970-те години, кога во Македонија со бројни манифестации се поддржани напорите на чехословачкиот народ за поголема демократија. - Тогаш повторно имаме позитивни ефекти во чехословачката дипломатија кон Македонија и македонското прашање воопшто, рече Велјановски.

Објавувањето на изданијата го помогна и Чешката амбасада во Скопје. Нив ги претставија амбасадорот Игор Илиевски, Јан Рихлик и Томаж Суњок, директор за Јужна и Југоисточна Европа во чешкото МНР. Промоцијата се одржа во конзуларниот дел на Министерството за надворешни работи на Чешка, барокна зграда од 17 век која се наоѓа во историската локација Храшчани. Меѓу гостите и претставниците на МНР на Чешка, беа и амбасадорите на Србија и Израел.

Игор Илиевски, првиот амбасадор на Македонија во Чешка, се заблагодари за поддршката од чешка страна и истакна дека двете земји, кои воспоставија дипломатски односи во 1994 година, го надминале вакуумот со отворањето амбасади - чешката во Скопје во 2007 и македонската во Прага минатата година. Тој рече дека во изминатите пет месеци има засилени релации меѓу Македонија и Чешка, посочувајќи ги средбите на премиерот Никола Груевски со претходниот премиер на Чешка Мирек Тополанек и со актуелниот Јан Фишер и додаде дека со манифестацијата Денови на македонската култура тие уште повеќе ќе се продлабочат. Тој изрази и надеж дека наскоро македонските граѓани ќе патуваат во Европа без визи, како што тоа пред повеќе од десет века го можеле Кирил и Методиј. За зближување на двата народа влијаат и околу две илјади Македонци во Чешка и голем број студенти од Македонија на универзитетите во Прага и Брно.

Во Прага вчера беше прикажан и филмот „Црно семе“ на Кирил Ценевски. Вечер, пак, на програмата на Деновите, кои ги организира Министерството за култура, се две проекции - македонско-белгиската копродукција „Одмазда“ на Јан Хинтјенс и „Ние и Ленин“ на Саимир Кумбаро, а во ноќниот клуб „Дуплекс“ во центарот на Прага ќе свири познатиот македонски композитор на филмска и театарска музика Кирил Џајковски со бендот „Електро Балканика“.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Реален е текстов значи сосема се во право
 

Kajgana Shop

На врв Bottom