Цркви/Манастири низ Макодонија (со слики)!

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Ајде малце да ги испромовираме нашите цркви и манастири. Постирајте слики, информации, легенди, приказни од старите и се слично што знаете за нив.

Еве од мене. Последно што бев беше Марков манстир. се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова река, на двесеттина км од СКопје. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ. Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно протранство, со купола што се издига над централниот дел, носена од четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од наосот, а во неговиот горен дел се наоѓа слепа калота, јасно назначена и видлива на покривот. Црквата е ѕидана од делкан камен и тули кои се изведени во интересни шари, особено на олтарната апсида, во десетте декоративно изведени ниши. Кон црквата, од јужната страна, во подецнежниот период додадена е просторија во вид на параклис кој служел за крштевање и е изграден од слаб материјал. Од западната страна на црквата, во 1830 год., изграден е отворен трем ѕидан од делкан камен, за кој средства дал Хамзи-паша Скопски.
Меѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Ѕидовите на трпезаријата биле покриени со фрескоживопис.

Извор: Википедиа
Инаку околината е супер, рекичка, камења што светкаат, супер за друштво, скара и се слично. Црквата има и прекрасен двор со клупи, зеленило, па може да си поседите и да уживате во мирот кој го нуди околината.

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Свети Пантелејмон

Свети Пантелејмон со истоимената манастирска црква се наоѓа во с. Горно Нерези, на планината Водно, на осум килиметри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен(1081 - 1118).

Од времето на градењето на црквата во 1164 година до 1555 година, кога во овој крај се случил еден од посилните земјотреси, манастирот бил целосно сочуван. Какви биле и колку настрадале старите манастирски конаци не е познато, но за црквата со сигурност се знае дека ја загубила централната купола во којашто, може да се претпостави, бил насликан Исус Христос Пантократор, со фигурите на пророците фланкирани од страните на осумте прозорци. Биле оштетени и некои од сводовите, во кои биле насликани композиции што ги илустрираат Големите празници. Работејќи врз новиот живопис зографите настојувале да го сочуваат секој квадратен сантиметар од стариот, подредувајќи го својот цртеж и композиција кон фрагментарно сочуваните фигури од стариот живопис. Овие настојувања посебно ги илустрира композицијата »Причестувањето на апостолите« насликана во просторот на апсидата, кадешто под некои од новонасликаните светители се распознаваат и делови од телата на светителите што биле насликани во рамките на стариот живопис.
Во втората половина на XIX век врз постариот живопис бил насликан нов кој бил дело на невешт зограф, и со кој целосно бил покриен стариот живопис. Во 1926 година повторно е откриен поголем дел од стариот живопис.

извор: Википедиа.

Околината и овде е прекрасна. Има ресторанче за жал е бедно во ентериерот и услугите, во однос на околната убавина, ама сепак е во дворот на црквата и имате поглед на цело Скопје. Одлично за неделно утринско кафе и доручек, ако ја занемарите нашата македонштина.

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
E за црквава неуспав да дознаам ништо. Се наоѓа во Трпејца, Охрид. Се надевам некој од тамошните знае повеќе, ако не друго барем како и е името. Прекрасно изгледа. Еве слики од мене.

[Едитирано од Fortune: Не ги ставај сликите една до друга, ја деформираат страната. Подобро изгледа кога се една под друга:)]
 
Член од
15 септември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
0
Sv.Jovan Opsecen

Crkvata Sveti Jovan Opsecen se naoga 5 km od centarot na Kumanovo vo s.Rezanovce, posvetena e na otsekuvanjeto na glavata na Sveti Jovan Krstitel .Go slavi na 11-ti septemvri denot koga bila otsecena glavata na Sv.Jovan Krstitel, a letna slava e Pavlovden koga e staven temelot na segasniot hram. Crkvata e izgradena od 1941 do 1956 god. od Sofija Svetapetkarka koja izgradila 5 crkvi vo Kumanovo i Skopje . Freskite izgledaat svezo zivopisani koi se dar od vernicite od Kumanovosko,Krivopalanecko,Strumicko i Prilepsko.Megu svetitelite dominiraat onie cii sto zitija govorat deka imale silna vera i iscelitelski sposobnosti - Sv.Kuzman i Damjan, Sv.Pantelejmon, Sv.Kiril i Naum Ohridski i mnogu drugi.
Domacin na manastirot e Shtec Zlatko Davitkovski , rodum od Drenak ,Palanecko. Bev mlad , na 25 godini.Ziveev vo Drenak , Palanecko.I stotuku otsluziv vojska 18 meseci vo Osijek.Nakuso rabotev vo Palanka i resiv da zaminam za Chehoslovacka, na pecalba.No ne bilo, taka pisano.Izvadiv pasos i tri dena pred da pojdam na pat padnav vo agnonija izvikuvajci ,,Isus , Isus, - raskazuva Shtec Zlatko Davitkovski.
Slicna agonija go povtorila i slednite denovi, koga pobaral pomos od gatac od Mlado Nagoricane, Kumanovsko. Imal videnie , mu se javila Sv.Bogorodica i mu kazala deka ne mu e pisano da odi na pecalba, tuku e prerodreden zivotot da go posveti na Boga.Togas mu se javil Sveti Jovan Krstitel koj mu poracal da odi vo selo Rezanovce, kumanovsko i da gi pobara Petre i Ogla Spasovski.Otogas, negoviot zivot e vrzan za ovoj hram, a glasot na svetitelite mu poracal da odi na 2 dena vo 2 meseca doma.
Seloto i hramot nabrgu postanale procueni po negovata posvetenost i icelitelska moc, za koja svedocat mnogu luge, vo knigata na posetiteli, na makedonski, bugarski, angliski duri i japonski i avstraliski.
Vednas pod crkvata ,od desnata strana na patot se naogaat tri sveti kladenci, od koi mnogo narod se izlekuval : Sv.Jovan Krstitel, Sv.Kuzman i Damjan i Sv.apostoli Pavle i Petar.
Vo dvorot na hramot se naoga i etnoloskiot muzej koj go sozdal Shtec Zlatko Davitkovski, koj sodrzi preku 600 narodni nosii, 300 kilimi i skutnici , 2000 eksponati. Prvata nosija ja dobil od svojata sestra Angelina, koja pripagala na negovata majka.spored podatocite etnolozite toj e najgolemiot
kolekcioner na narodni nosii vo svetot.Makedonski,sprski, bugarski, grcki,vlaski i mnogu drugi narodni nosii ima duri postari od 100 godini. Ovaa zbirka e neprocenlivo nacionalno bogatstvo koj za 10 godini gi sobral domacinot na ,,Sv.Jovan Opsecen,,. Narodnite svedostva se podaroci od lugeto koi se izlekuvale i nasle mir pri prosetata na hramot i na trite lekoviti vodi koi se del od svetoto mesto vo s.Rezanovce. Toj sam go izgradil improviziraniot etnoloski muzej kade vo sedum saloni gi cuva vrednite eksponati. Go znae potekloto na sekoja nosija, no za zal nema vece mesto kaj da gi cuva, molcite gi jadat nosiite , vlagata gi nagrizuva, a toj sam ne e mocen sam da gi odrzauva sobranite svedostva. Vece so godini seobiduva da dobie pomos od drzavata da se izgdadi nova kuca-muzej , vo koja so strucno odrzuvanje , na nosiite ke im go prodolzi vekot.No, muzeite velat deka nemaat pari, Crkvata dava blagoslov, a vlastite molcat.
Nad 4 milioni luge imaat vlezeno vo ovoj hram dosega . Druga drzava da ima samo 30 nosii ke ima turizam i ke prodava vleznici, kaj nas nikoj nesaka da pomogne - veli Shtec Zlate. Toj ednas godisno uspeva da obezbedi tehnicari od Sanitarnata sluzba vo kumanovo , da gi prskaat protiv molci nosiite , no toa ne e dovolno.Pred 4 godini prestavnici na Prirodno-matematickiot falkutet vo Skopje mu ponudile pomos preku nekoi nevladini organizacii no vetuvanjeto ne se ispolnilo za zal. Iako pred 2 godini se donese Zakon za zastitna i pomos na privatnite kolekcioneri , doseda nikoj ne ponudil pomos da se zastitat ovie vredni svedostva.Nekoi stranski posetiteli mu rekle na Zlatko deka edna nosija vredi nad 500 evra, no toj ne pomisluva da gi prodade. ,,Mene ne me interesira cenata i nikogas nesum prasuval kolko cinat, bidejki site ovie nosii sto sum gi sobral i sto ke gi soberam ke ostanat tuka.Podobro da mi otseces prst, otkolku da mi zemes del od nosiite,, veli Zlatko.
Ne e slucajno napisano vo knigata na posetitelite deka sto e Marko Cepenkov za sobiranjeto makedonskoto tvorestvo , toa e Zlate vo sobiranjeto na etnoloskoto bogatstvo vo Makedonija.
Mnogu luge se izlecija od kaj dedo Zlatko , kako i sto pisuva vo negovata avtobiogravska kniga - Mojot Pat. Tuka nemi progovorija, neplodni zeni rodija, slepi progledaa i od operacija se spasija.
Vo samiot dvor ima nad 1000 cvekinja, koj dedo Zlate pominuva duri po 8 sati da gi navadi.

Sakam da vi kazam koga ste vo moznost koga doagate vo Kumanovo da go posetite ovoj bozenstven raj koj go sozdal Shtec Zlate.
 
Attachments

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
Manastir Sv.Atanasije, Lesockiot manastir.... vozobnoven:D prekrasno mesto, koj ne go posetil neka go poseti, nema da se pokae...
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68

Манастир „Св. Богородица - Пречиста“ е посветен на Св. Богородица - Пречиста. Претставува духовен центар на Кичево и регионот. Сместен e планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. До него се стигнува кога излегувате од Кичево и одите по магистралниот пат кон Битола, на 10 километри јужно од градот. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Но и едниот и другиот денес ги нема. Според преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во 1316 - та година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица. Но ако чешмата и денес постои и ја гаси духовната жед на намерниците, манастирот во 1558 - та година го палат Османлиите (Сарацените), во времето кога во Кичевско се уништени голем број цркви и манастири. Само неколку години подоцна, односно 1564 - тата, месното христијанско население, се обидува на старите темели да изгради нов манастир кој веднаш ја доживува истата судбина. Поминале векови, па дури во 1848 - та година повторно да заживее овој простор. Легендата говори дека самиот Бог, го одредил местото за ѕидање на новиот манастирски комплекс, посветен на Мајката Божја. Кога месното население се собирало на едно друго место за да почне да гради храм, на истото место ја оставало иконата да преноќи. Утрото секогаш иконата ја немало, а ја наоѓале покрај еден извор на на друго место. Покасно сватиле дека тоа е Божја промисла и на истото место и го изградиле манастирот.
Старата сребрена икона на Богородица, која и денес се чува во еден мал олтар над светиот извор, внатре во манастирската црква го дала и сеуште го дава благословот на сите верници. Се вели, дека таа во голем пламен виор прелетувала од разрушените зидини на Кнежинскиот манастир, означуваќи го местото каде треба да се гради новата црква. Народот поверувал на тоа, прифаќаќи дека тоа е пророштво кое мора да се исполни, па ја изградил најголемата и најбавата црква во тоа време, чиј радиус на на сводот е најголем изграден на Балканот. Мијачките мајстори стрпливо работеле, а Дичо Зограф со своите ученици го направил чудото, во златните икони и резбаниот владички стол.
Овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали се или не се Православни. Внатрешноста на црквата така е направена, зашто под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Делот посветен на муслиманските верници не е фрескоживописан. Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го собере на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин по еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.
Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните зидови од црквата Света Богородица - Пречиста, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Отец Никола. Иако се наоѓа во истиот комплекс, за многумина таа останува непозната, зашто величината на црквата посветена на Света Богородица во целост ја засенува.
Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затварањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште. Пред и за време на Илинденската епопеја во манастирот прибежиште наоѓале комитските чети кои делувале во овој регион.
Во овој манастир во дваесетите години одминатиот век прибежиште наоѓа големо братство руски калуѓерки кои бегаќи пред налетите на црвено - армејците, својот духовен живот го продолжиле тука.
Колкаво е значењето на Света Богородица - Пречиста за Македонската православна црква, најдобро зборува фактот што во нејзините ќелии монашката одежда ја облекува првиот Архиепископ на возобновената автокефална Македонска православна црква, неговото блаженство Господин Доситеј.
На 21 септември секоја година се собира голема маса на народ кој го празнува празникот посветен на Мајката Божја. Краток одмор во манастирот може да си дозволи секој добронамерник. Снимање и сликање во внатрешноста на манастирските цркви не е дозволена, освен со дозвола од игуменијата.

И сега јас да кажам,бев ваму за 1ви мај,пошто бевме во Кичево (во едно селце таму),и многу луѓе ми го збореа овој манастир дека бил топ,и се подбравме со две коли и отидовме.Се запрепастив колкаво створение е ова црквата и манастирот.Како комплекс не се многу големи,ама како градби се огромни.Мора да се посети ова,мој предлог.
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Св. Јован Бигорски
Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.
Иконостас

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.
Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица.

Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
http://www.mpc.org.mk/MPC/se.asp

Ново Село

Устројувањето на манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село во 2004 година за почеток ги има изградбата на монашкиот конак со усрдноста и непоколебливата истрајност на Струмичкиот Митрополит, и вселувањето на монашката заедница од двајца свештеномонаси и неколкумина искушеници на денот на светото Успение на Преславната Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.
Манастирот почива на височинка североисточно од селото и од автопатот. Црквата е посветена на Светиот великомаченик Георгиј. Нејзината изградба во 1995 година претставува очигледен плод на усрдноста на луѓето од Ново Село кон овој Светител, кои пред да ја изградат по предание секогаш во попладневните и во вечерните часови во деновите наспроти неговите празници во голем број притекнувале на ова место, оддавајќи му чест на Светителот. Следниот ден селаните во големо мнозинство оделе да празнуваат на Божествената Литургија во селската црква. Овој благословен обичај упатува дека некогаш во дворот на денешниот манастир на Свети Антониј Велики постоела црква посветена на Свети Георгиј.
На југ од манастирот глетката се простира до врвовите на Беласица. Во непосредна близина спрострено на североисток е езерото Новоселка. Рибниците вградени во него потсетуваат за близината на населението, од кое инаку природен тивок појас го одвојува новоподигнатото монашко живеалиште. Со ретка љубов кон младата монашка заедница верните жители на Ново Село овде пронаоѓаат богодаруван духовен потслон, итајќи да бидат раководени од манастирските отци во полн христијански живот со редовна исповед, благословен пост и причестување со Светите Христови Тајни на светата Литургија. Со страв Божји и непосредна монахољубивост својот евхаристиски живот сега селото го поврзува со богослужењата во Свети Антониј. Во манастирот покрај целодневниот исихастички типик, братството се занимава со доуредување на пространата дворна површина и со вообичаени монашки ракоделија. Евхаристија служат секој ден. Околниот мир и благодатта на воскресението излеана над луѓето и над природата со Христовото Воскресение кое постојано го украсува светот, тука откриваат погодно катче за благословен монашки подвиг.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Која е оваа земја? Макодонија!?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Ami ti so mislese, sepak sme blagoslovena zemja izbran narod! PRAVOSLAVEN!
 
Член од
22 март 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
da li mozam da dobijam nekakov kontakt so manastir jovan opsecen vo rezanovce kaj kumanovo ako nekoj znae neka mi pomogne,da uspostavam kontakt so glavniot na manastir Zlatko
 
Kajgana Shop

На врв Bottom