Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Налетав на неколку есеи од Ричард Хајнберг ( автор на неколку книги за пик оил ) каде ја разглаба идеата дека цивилизацијата или она што го нарекуваме цивилизација е грешка, канцер , аномалија и продолжување на некои трауми од минатото. Повлекува неколку интересни поенти.
1. Цивилизацијата е продолжување на траумите и она што го нарекуваме цивилизирано е вшусност трауматизирано и дресирано човечко битие .Кое е директна причина за појава на разни девијации како педофилија, зоофилија , разни парафилии, насилство без причинско, бизарни фобии и навики итн
2. Имало 22 цивилизации а 15 000 човечки култури.
3. Опседнатост со хиерархија и нагласена меѓусебна експлатација.
Има разни примери меѓу кои племето Ik кое живеело на во планините на Уганда, во примитивна заедница на ловци и собирачи на плодови. Ги имале сите доблести , љубезни, помагале еден на друг, итн. Откако биле истерани бидејќи таму каде што живеле се отворало некакво ловиште. Ик се населиле на други места и морале да формираат агрокултурни заедници . Притоа биле трауматизирани на еден вид начин поради загубата на својот сопствен дом и наглата промена на начинот на живот. После три генерации значително се променило уредувањето и функционирањето на племето Ик. Децата биле одвојувани на млада возраст од родителите и отфрлани, секој за себе, старите биле праќани да умираат на планина.
Тука Хајнберг влече паралели со нашето општество каде се ослободуваме од старите и децата со тоа што ги праќаме во старечки домови/ училишта. Секој за себе став, газење преку трупови ,зголемено насилство и агресивност итн.
Линкови :
Потрага по изгубениот рај
Катастрофа, Колективна траума и потекло на цивилизацијата
Дел два од Катастрофа , колективна траума и потекло на цивилизацијата
Мислења ?
Цивилизацијата во која живееме е аномалија, канцер, следна стаза на развиток на човештвото, продолжување на траумите или нешто трето?