Царски рез или природно породување?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Природното породување е најчестиот и најбезбедниот вид на породување. Новороденчето излегува од мајката без најчесто без никаква помош од додатни хируршки инструменти. Ако е потребно во текот на пораѓањето, гинекологот употребува инструмент сличен на пинцета со кој ја опфаќа главата на детето и го повлекува од родилниот канал. Ако нема никакви компликации, родилката не останува хоспитализирана повеќе од 48 часа по пораѓањето.

Царскиот рез или c-section, е метода на породување која најчесто се користи кога плодот е преголем, не е свртен ниту со главата ниту со нозете накај родилниот канал или па во голем дел од случаите, е преголем па не се ризикува со стандардниот начин на породување. По завршувањето на постапката, следува шиење на раната и конци кои се вадат најчесто по 7 дена. Бидејќи се работи за оперативен зафат, престојот на родилката во клиниката трае подолго од тој преку стандардно породување и може да трае и до 5 дена.

Искуства, впечатоци?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom