Хуманитарна акција Музика за живот

Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Можеби малку задоцнив со темава но сепак има време да се помогне...
Се работи за акција започната од Кристина Арнаудова а во која се вклучени повеќе пеачи и музичари како и повеќе медиуми.

Еве го апелот...

Ние сме семејство Ристески од Прилеп, кое е засегнато од еден огромен проблем. Нашите две дечиња, Андријана и Менде, се болни од една ретка болест (Ataksija Telengiektazija), а за проблемот да биде уште поголем, овој наш случај е едниствен во Македонија и не постои компетентен стручен медицински кадар кој што може да влијае врз подобрување на состојбата на нашите деца. Тргнувајќи од фактот дека ова е прилично нова болест и на светско ниво, единтвени моментални пробни третмани се вкучени во проектот кој с еизведува во болницата "John Hopkins" во Балтимор. Оваа година во мај е закажана операција која чини над 120 000 $ , но за жал, тоа е преголема сума за нашата фамилија. Операцијата е закажана за 5ти мај 2008.
Затоа, сме принудени, да ве замолиме, доколку сте во можност да ни помогнете на било каков начин, ние би Ви биле бескрајно благодарни. Секоја помош е значајна и добредојдена. Знајте дека со ова ќе помогнете да се спасат животите на две дечиња, Менде 12г, и Андријана 17г, кај кои болеста многу брзо напредува и секој момент е драгоцен.
Со цел да им се помогне се отворени следниве жиро сметки

Андријана Ристеска
ж-ка 300021000004948

Менде Ристески
ж-ка 300021000004851
во Комерцијална Банка, Прилеп
и телефонскиот број 070 143 143

Хуманитарната акција, ,, Музика за Живот,, или ,,Music4Life,, е наменета да им помогне на Андријана и Менде да заминат на операција, и веројатно би им го спасила животот,а се однесува на прибирање на материјални средства за што ќе помогнат 12 естрадни личности и музичари со одржување на концерти во 11 македонски града. Музичарите се откажаа од своите хонорари, и целата продажба на влезници за нивните концерти ќе биде наменета за операцијата. Оваа е најголемата по обем хуманитарна акција одржана било кога во Македонија, и ова е веројатно, еден од малкуте начини да се соберат реални материјални средства во рекордно време, кои би им биле реална помош на фамилијата Ристески.

Хуманитарната акција ,, Музика За Живот,, е естрадна иницијатива, со која естрадните уметници би помогнеле таму каде што тоа е најпотребно.

Информациите за собраните средства ке и бидат познати на јавноста веднаш по завршувањето на кампањата, и ке бидат објавени точниот број на вкупни продадени карти, и собраните средства од отворениот број за донации 070 143 143, како и сите индивидуални донации од поединци и фирми, што би значела максимална транспарентност , што е навистина ретка појава во организирањето на хуманитарни проекти во Македонија.

Се надеваме дека нашата ангажираност и желба да се спасат два млади животи, ке вроди со плод, и дека оваа иницијатива ќе стане традиционална, и ќе помага да се вратат насмевките на лицата на луѓето!

Искрено,

иницијатор и организатор на ,,Music4Life,,
Кристина Арнаудова

Распоредот на изведувачи , датуми и места е следниов:


02 Април , среда –

концерт на Бени, во ноќниот клуб Хард Рок, Скопје.


04.Април, петок –

Кристина Арнаудова, во клубот ВИП во Прилеп,

Биба Додева , во клубот Гравити, во Кичево,

Дани, во клубот Еволушн во Ресен,

Тамара , во клубот Амнезија во Куманово,

05. Април , сабота –

Влатко Илиевски во клубот Ајс, во Штип,

Роберт Билбилов и Тони Зен во клубот Фул Хаус во Радовиш,

Браво Бенд во клубот Енигма во Тетово,

DJ Feky Faris во клубот К7 во Кавадарци

\oko Tanevski i Маја Вукичевиќ во клубот Оаза во Струга

Nokaut vo klub Procent vo Gevgelija


06.Април, недела –

Александра Пилева во клубот Расчекор во Битола



Активности за медиумска подршка и донации


Специјална хуманитарна радио емисија која ке биде посветена на целиот настан, која ке биде интерактивна со гостувања и вклучувања на сите учесници во ,, Музика За Живот,,. Емисијата ќе се емитува од студиото на радио Фортуна vo petok od 16 do 18 ~asot, а со цел да се покрие настанот низ цела Македонија, емисијата ќе ја реемитуваат 12 локални радио станици.
(локалните радио станици кои на 4ти Април ке ја реемитуваат програмата на радио Фортуна се ТЕТОВО - ПЛУС ФОРТЕ РАДИО , БИТОЛА- 106 РАДИО , КУМАНОВО - РАДИО БРАВО , СТРУМИЦА - ЕКСПРЕС РАДИО , ПРИЛЕП - ХОЛИДЕЈ РАДИО , ОХРИД - МХ (емикс) РАДИО.


поголемиот дел од настапите како и емисијата веќе е завршен...емисијата заврши пред половина час но остануваат уште 3 дена од настапите и 3 дена за донирање...

070 143 143

Дајте да помогнеме....:smir:


 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
супер акција.сигурна сум дека ќе им помогнеме на овие деца, заслужуваат:pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
мајката на децава се вклучи во емисијава и низ солзи се заблагодари на сите кои на некој начин помогнале...
мислам дека ако сите одвоиме по 100 денари или отидеме на некоја од преостанатите забави би направиле многу за овие дечиња:smir:

Андријана Ристеска
ж-ка 300021000004948

Менде Ристески
ж-ка 300021000004851
во Комерцијална Банка, Прилеп
и телефонскиот број 070 143 143

04.Април, петок –

Кристина Арнаудова, во клубот ВИП во Прилеп,

Биба Додева , во клубот Гравити, во Кичево,

Дани, во клубот Еволушн во Ресен,

Тамара , во клубот Амнезија во Куманово,

05. Април , сабота –

Влатко Илиевски во клубот Ајс, во Штип,

Роберт Билбилов и Тони Зен во клубот Фул Хаус во Радовиш,

Браво Бенд во клубот Енигма во Тетово,

DJ Feky Faris во клубот К7 во Кавадарци

Ѓоко Таневски и Маја Вукичевиќ во клубот Оаза во Струга

Нокаут во клубот Процент во Гевгелија

06.Април, недела –

Александра Пилева во клубот Расчекор во Битола
070 143 143

Дајте да помогнеме....:smir:


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom