Во скопската дискотека „Хард рок“ утревечер со почеток од 21 часот ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Сонувај мирно“, чии средства ќе бидат наменети за Фондот за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба.
Влезницата за концертот кој се организира во рамки на Кампањата за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба чини 150 денари и може да се купи во „Хард рок“ и просториите на Центарот за институционален развој-ЦИРа (02 3114 855), како и во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
На концертот ќе настапат околу 30-тина македонски музичари меѓу кои групата Некст Тајм, Елена Петревска, Андријана Јаневска, Дани, Влатко, Биба Додева, Александар Масевски, Тони Зен, Елвир Мекиќ, Јован Јованов, Браво бенд, Ева, Бени Шаќири...итн.
Досега преку Фондот се собрани 300 илајди денари и со нивна помош поддржани се четири индивидуални жртви на сексуално насилство, како и две невладини организации кои работат со деца-жртви. Но се потребни средства за поддршка на повеќе жртви.
Организатори на концертот се Центарот за институционален развој-ЦИРа, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Two harts production. Настанот се организира со поддршка од Космофон, Community pictures, Massive sky production и дискотека „Хард рок“.
Повелете и вие!