Храна за кучиња

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
7.843
Поени од реакции
24.318
Трет случај у скоро време како што дознавам за компликации од хранава за кучиња и тоа од различен производител,моето пред 2-3 години со бубрезите појави проблем.Моментално ги хранам со јунешки кременадли со рскавец,а понекогаш мисиркино.Кој може да готви според мене е најдобра опција
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
I jas gledam, dovolno e istiot da progugla “barf hrana” pred da zeme da tvrdi tuka kako nema takvo nesto a ako te mrzi toa da go naprais sto ostanuva da zemes da spremas sam hrana, crpni si od suvata hrana i ne me zamaraj mene brkaj rabota, posto na strana spremanjeto do sega imam zimano od nekolku mesta kaj nas barf.
Епа што замараш тогаш? Ако сакаш да помогнеш и да дадеш совет терај до крај. Освен месо у месара barf храна кај нас немам нигде најдено а имам и те како барано.
Најблиску локациски е ова што имам најдено а кај нас нема.
 
Член од
5 февруари 2019
Мислења
48
Поени од реакции
88

Jas pak ke ti kazam od nekolku mesta imam zimano kaj nas i ima kaj nas, momentalno zemam od tuka, poveli
jas teram do kaj se tera a ako ne ti e jasno zosto ti odgovoriv taka eve pak ke ti objasnam, ne e okej da baras info ili sovet so “I? od kaj nabavuvas?” Ponasanjeto ti e nula.
 
Член од
9 април 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас имам голден ретривер и цел живот го хранам со Монге, најчесто суперпремиум но кога буџетот не дозволува му давам премиум линија. Веќе 8 години немам никаков проблем, еднаш годишно пред лето му излегуваат алергиски реакции но ветеринарот ми кажа дека не е од храната бидејќи се јавува секоја година ист период, го мачкам со обичен антибиотик и одма му поминува. Изметот му е супер, коските одлични а за сила да не зборувам, кога се тегнеме - он преовладува. Понекогаш му давам и gemon high premium, како што прочитав таа е некоја си посебна линија за одгледувачи. Во кратки црти презадоволен сум од Monge и не би го менувал. За цената не сакам да коментирам бидејќи секој со свој буџет, али монге има линии за секој џеб.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
39
Поени од реакции
13
Da tocno e deka uletav pravo na poslednata strana I ne razgledav nisto od pocetok na temata inse izvinuvam poradi toa , najverojatno vecer koga imam vreme sigurno bi procital poveke.
Neznam zosto fitmin prva ja otfrli tss mi bese kako favorit nekako :)
Za Monge mislev za Monge medium starter super premium so pilesko zosto kutreto samo sto napravi 40 dena , so nego do kaj 3 meseca pa posle so Monge pappy/junior all breed , lamb and rice . Ovie dve preporacani mi se od pet sopovi I najverovajtno bi gi kupil od niv t.e. po kargo ke mi pustat
A za ovaa hrvatskata Nekmar ja najdov na fb I taa isto bi mi ja ispratile po kargo , za nea vidov na internet deka e proizvod od luge koi sto veke imaat odgleduvacnica za amerikanska akita.
Ogranicen sum so poznavanje na seto ova taka da ne zameruvajte
Pozdrav
Nekmar hranata ja ima kaj nas od skoro - http://www.hranazamilenici.mk/hrana-za-kuchinja/golemi-rasi?sort=p.price&order=ASC&limit=100&page=1
 
Член од
24 април 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, јас сум тазе сопственик на куче од пред5 дена. Кучето е од раса Shih Tzu и е старо скоро 6 месеци. Купивме храна Royal Canin и пишува да се дава 55 грама дневно. Кучето нонстоп бара уште. Дали му даваме доволно
 
Attachments

Член од
11 април 2012
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.492

Не треба кучето да биде околу 5кг кога е возрасно?
Ако да тогаш малку му даваш. Не ја гледај моменталната тежина на кучето, гледај колку треба да биде тешко кога ќе биде возрасно
Килограмите што се наведени во табелата се колку треба да биде кучето кога ќе биде возрасно а не во моментов
 
Благодарам,
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.492
Што мислите за оваа храна
ALTHEA PUPPY&JUNIOR
http://www.hranazamilenici.mk/dagel-mangimi/althea-puppy-junior-14-kg
Ајде скрол назад на темата и барај мои мислења ќе најдеш еден подолг мој пост каде убаво е наведено што треба да оччекуваш од една храна и како да ја оцениш дали е добра или лоша.
Џабе ти е анализа од некој друг ако таа храна не одговара на твојот миленик (не ми е битна расата или возраста, тоа нема да каже какви алергии има или дали организмот не му поднесува пилешко пример)
Храна како храна, ако има наведено дека има слични вредности како некоја од познатите скапи брендови (ројал, пурина, фармина, ориен, акана) слободно пробај си и не се замарај колку месо имала колку немала во неа или која состојка на кое место била.
Е сега без да ти сугерирам (не го ни отворив линкот да видам каква е или колку е квалитетна по цената) за оваа храна одма да ти кажам дека ако е младо куче (а бараш храна за малечки претпоставувам е младо) тогаш вреди барем до година дена да даваш „поквалитетна„ храна зашто ако сега му направиш некој проблем додека е во раст и развој, утре кога ќе биде возрасно никако нема да го оправиш.
 
Член од
3 јуни 2021
Мислења
4

Пред да постирам ги прочитав сите страни на форумов
Значи се работи за куче мешанче околу една година,дури растеше го хранев со кавалитетна сува храна со 80%протеини од животинско потекло на база на пилешко и после на база на риба,а измеѓу пробав со уште подобра според спецификација меѓутоа имаше црн измет што значи имаше некој дигестивен проблем и не ја поднесуваше храната.После 8миот месец започнав да му давам готвена храна специјално за него (Пилешко месо,џигер пилешки,ориз ,овес зеленчук два оброци дневно и еден оброк риба,џигер,ориз,овес,зеленчук )Варена и блендирана како паштета дозирана во оброци и замрзната.Кучето мое нема проблем јади све и е премногу лакомо така да секоја храна да му ја дадам ке ја јади.Последниве два месеци почна многу да му паѓа влакно,да знам дека е период меѓутоа сметаме дека мн му паѓа(Неколку пати е консултиран ветеринар), па сменавме на дехидрат Пурина про план опти дерма.Е сега имам друг проблем од премногу мрсна храна му се појавија како лојни струпови на главата (барем така ми рече ветеринар и не е опасно според него),сега не ми е проблем да сменам на готтвена повторно меѓутоа излезе прилика да патувам заедно и не можам да носам од готвената храна заради топло време,немање на фрижидер итн.а при секој трансфер и смена на храна има период на прилагодување со течен измет нели не е препорачливо нагла ппромена.Затоа барам некоја храна која ќе му одговара дехидрат,а во меѓувреме кога сме дома му даваме и од готвената.Се мислам за Brit Care но нажалост немаме кај нас(не сум од Скопје) па не можам да пробам а треба да купам цела вреќа.
 
Член од
4 јуни 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo
Dali ke moze nekoj da mi kaze so koja hrana e najdobro da se hrani maltezer star 2 meseci ? Prigotvena hrana ili suva hrana ? Preporaka za dobar kvalitet za suva hrana ? Dali e ok da ima se dava mleko, jogurt istovremeno so suva hrana ? Vi blagodaram
 
Прво за храната, чим е возрасно кучето не ти треба п
Pappy формула, барај adult. Чим се ти јаде и немаш проблем со тоа слободно полека смени го за додека да комплетираш патувањето, а кога ќе се вратиш јас би ти рекол на готвеното има уште една тема побарај (не ми е толку прегледно од телефон да ти ја пратам) со рецепти за домашно готвена храна

Само брит е одлична храна, додека брит каре е уште подобро. Еден период беше доста ефтина (не знам како е сега)
Исто можеш да погледнеш sam’s fields храна има интересен состав и пристојна цена
Пак ќе кажам ова како супер алтернатива додека патуваш, после тоа златно домашно ако го готвиш како што напиша немаш никакви проблеми
 
Ха ха како ја трефна баш Sams Field беше храната што не ја поднесва,инаку со готвената храна крзното и физиономијата му беа екстра додека со сувата храна многу качва на килажа ако го хранам по пропишаните тежини ,па морам помалку да му давам,еве пример за две недели што му сменав на сува качи 1,5кг што за куче од 12кг е многу.Така да најверојатно ке продолжам со готвената мешано со дехидрат најверојатно Brit Care или Brit Fresh,а проблемот со паѓање на влакната се надевам ќе се намали.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.492
Zdravo
Dali ke moze nekoj da mi kaze so koja hrana e najdobro da se hrani maltezer star 2 meseci ? Prigotvena hrana ili suva hrana ? Preporaka za dobar kvalitet za suva hrana ? Dali e ok da ima se dava mleko, jogurt istovremeno so suva hrana ? Vi blagodaram
Ќе готвиш посебно за него или под готвена мислиш што остане од вас? Ако е второво тогаш воопшто не е здраво за него.
Мал милион дехидрати се спомнати на форумов така што ако расчиташ ќе имаш генерална слика што да избегнуваш барем.
Ете ја Самс Фиелд што ја пишав во претходниот пост бидејќи на хартија има ок состојки и не е претерано скапа
Млеко не е добро да се дава со храната, јогурт не е пожелно ама и не е страшен проблем, ако не ти ја јаде храната тоа е зашто веќе пробал нешто послатко од дехидратот и сега ќе си имаш проблем додека го прифати пак (што сакаш ставај нема толку да го конзумира
 
Kajgana Shop

На врв Bottom