TMPO
Obraz
- Член од
- 31 октомври 2007
- Мислења
- 1.728
- Поени од реакции
- 26
Хоџа: Полицијата не влегла во Танушевци неколку месеци
Макфакс
04.11.2007
Џезаир Шакири - Хоџа Македонската полиција не влегла во селото Танушевци во изминатите четири до пет месеци, а населението одбило три големи полициски акции во кои учествувале 100 до 200 полицајци.
Ова го тврди поранешниот пратеник во македонскиот Парламент Џезаир Шакири, наречен командант Хоџа за тиранската телевизија „Клан“ која објави емисија за безбедносната состојба во Македонија.
Според Хоџа, селото на моменти го надгледуваат хеликоптери, а на влезните позиции има вооружени лица кои го чуваат селото. Тој демантира дека е вмешан во неодамнешното убиство на еден полицаец.
Телевизијата објави и снимки на маскирани вооружени лица, но без униформи, кои ги контролираат влезовите на селото Танушевци.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи, во истата емисија, ги демантира тврдењата на Хоџа дека државата не го контролира селото.
„Владата целосно го контролира теренот, но ДПА не дозволува спектакуларни акции“, изјавил Тачи.
Коментирајќи ја актуелната политичка и безбедносна состојба во Македонија, публицистот Ким Мехмети за ТВ „Клан“ вели дека Албанците имаат меѓусебни проблеми.
„Албанците во Македонија сега немаат проблеми со Македонците, туку имаат проблеми меѓусебе“, оценува Мехмети.
Инаку, според Хоџа, Советот на селото Танушевци донел одлука за одржување референдум за спојување на селото со Косово.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85740