Хокеј на мраз (Светско првенство)

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Оваа година светското во хокеј на лед се одржува во Швајцарија. (24 Април - 10 Мај).
Моментален шампион од 2008 во Канада е репрезентацијата на Русија.
Моментално продолжуваат елиминационите натпревари. За повеќе погледнете ги линковите.

http://www.iihf.com/

http://en.wikipedia.org/wiki/2009_IIHF_World_Championship
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Само потсетување
Прво полуфинале во петок
Русија-САД :vozbud:
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Се тоа убаво, ама ниедна телевизија не го пренесува овој настан, затоа е и незаинтересираноста на темава...
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
421
Поени од реакции
8
go prenesuva dsf
moj favorit rusija
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Штета што не помина Финска,овие сад ме курчат.
Утре играат Канада-Латвија и Шведска-Чешка.
Ќе биде јако Сад-Русија,нормално сакам Русија да победи:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Русија ја победи Америка(САД) со 3:2 и влегува во финале со победникот од Шведска/Канада.

Финалето е во недела.
Браво за Русија
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Канада и Русија во финалето на СП во хокеј

09.05.2009

Во реприза на ланското финале, двете најтрофејни репрезентации, Канада и Русија ќе играат за титулата Светски хокеaрски шампион.
Канаѓаните без проблеми во полуфиналето на шампионатот што се одржува во Швајцарија ја совладаа Шведска со 3:1 со двата гола на Рој и на Хоркоф, за Шведска погоди Ериксон. За Канада ова е шесто финале во последните седум првенства.
Во многу понеизвесен натпревар, Русија со 3:2 беше подобра од Соединетите Американски Држави.
Победоносниот погодок на минута и 45 секунди пред крајот го постигна Радулов, двоен стрелец беше Ковалчук кој минатата година со гол во продолжението и донесе победа од 5:4 за злато на Русија против тогашниот домаќин Канада


10.05. 20:15

DSF
Polsat sport
SF 2
TSR 2
ORF
Sport + France
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Русија ја одбрани титулата во хокеј на мраз

10.05.2009
Репрезентацијата на Русија ја одбрани титулата светски шампион во хокеј на мраз, откако во финалниот меч одигран во Берн беше подобра од Канада, во реприза на минатогодишното финале, овој пат со резултат 2:1.
Канаѓаните поведоа во 6. минута со голот на Спец. Изедначи Саприкин во 13. минута, во моменти кога Русија имаше играч повеќе.
Победата ја обезбеди Радулов во 35. минута. Канаѓаните со сите сили се трудеа да изедначат, но рускиот голман Бризгалов беше особено расположен забележувајќи 37 одбрани.
Третото место го освои селекцијата на Шведска, која во мечот за бронзениот медал ги совлада САД со 4:2.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Леле каква утакмица беше:vozbud:
Голманот на Русија,играч на натпреварот,на крај ги извади неколку добри шанси имаше Канада ама зверот ги извади.
Одбрана на титула,подобро нека освои Русија отколку Канада или Сад.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Гледаше некој вчера отворањето на светското првенство во Германија.

Germany-USA 2:1 во продолженија. Побудалија публиката.

Исто така се скрши светскиот рекорд на гледаност на еден хокеј натпревар.:vozbud:



77.831 на Велтинс Арената.
:vozbud::vozbud::vozbud:

 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.349
Поени од реакции
1.207
даваат ли на Eurosport? оти на каналите кои откупиле права на Wiki го немаше Eurosport...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.783
Поени од реакции
1.551
Алал да им е на Германциве како средиле.:cuc:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.325
Поени од реакции
14.578
даваат ли на Eurosport? оти на каналите кои откупиле права на Wiki го немаше Eurosport...
Не даваат на жалост преноси на Еуроспорт, тие што имаат сателитска можат да гледаат на ДСФ, синоќа таму ја пренесуваа Германија-САД
 
На врв Bottom