Хиперсексуалност

T

Tetro

Гостин
Сексуално-компулсивното нарушување (хиперсексуалност) претставува квантитативно нарушување на сексуалниот живот на единката, кое се манифестира како неспособност за справување со сексуалното однесување. (Компулсивност: немање или губење на способност слободно да се одлучи и избере дали ќе се запре или продолжи со определено однесување).

Сексолозите сѐ уште немаат заеднички став за тоа дали и во кои форми хиперсексуалноста постои или не и на кој начин треба да се опсервира појавата:
  • Според некои експерти, сексуалната компулсивност буквално е зависност од секс, аналогно на алкохолизмот и наркоманијата.
  • Други тврдат дека сексуалната компулсивност е всушност форма на опсесивно-компулсивно нарушување.
  • Tрети сметаат дека се работи за мит, производ на одредени култури и влијанија.
Сексуално-компилсивното нарушување е на листата на болести и проблеми поврзани со болестите, според Интернационалната листа за класификација на болести F52.7 (pdf 1.28mb), додека истото не е вбројано во листата на ментални болести според Прирачникот за дијагноза и статистика на психички болести. Сепак, Прирачникот, кој периодично го издава Американската асоцијација на психијатри, во верзијата од 2000 година, и покрај тоа што не ја содржи сексуалната компулсивност во листата на дијагнози, наведува нарушување именувано како Неспецифицирани сексуални нарушувања, а како еден од примерите наведува: кратки сексуални врски на последователни сексуални партнери кои индивидуата ги доживува како “нешта“ кои треба да се искористат за сексуални цели. Другите примери вклучуваат: компулсивно фиксирање на нереален партнер, компулсивна мастурбација, компулсивни љубовни врски и компулсивна сексуалност за време на врската.

Затоа, хиперсексуалноста се смета како симптом на хипоманијата, маниите при биполарните и шизоафективните нарушувања. Според Интернационалната листа за класифицирање на болести на Светската здравствена организација, појавата е именувана како“ексесивна сексуалност“ (F52.7), поделена на нимфоманија (кај жените) и сатиријазис (кај мажите).

Поголемиот дел сексолози се согласуваат со дефинирањето на појавата од СЗО, како состојба во која некои форми на сексуално однесување се применуваат на начин кој доведува до губење на контрола врз квантитетот на сексот и продолжување на однесувањето и покрај штетните последици.

Како општи карактеристики за дијагноза на ова нарушување, се вбројуваат:
  • неспособност за воздржување од екстремни акти на развратен секс;
  • зачестено вклучување во такви активности;
  • огромна количина на време поминато во сексуални активности;
  • преокупација со сексот и минување долго време во подготвителни активности или закрепнување од истите;
  • зачестени уживања во насилен секс, за сметка на професионалните, домашни и социјални обврски;
  • продолжување со таквото однесување и покрај знаењето дека овие обврски трпат заради тоа;
  • потреба од зголемување на интензитетот, фрекфенцијата, бројот и ризичните однесувања за да се постигне саканиот ефект кај индивидуата;
  • ограничување на професиоанлните, домашни и социјални обврски за сметка на практицирањето секс;
  • појава на стрес, анксиозност и замор заради однесувањето или доколку саканите цели во однесувањето не бидат постигнати;
  • појава на психифизички нарушувања доколку дојде до прекин на интензитетот на секс;
  • зголемување на интензитетот на секс со цел да се намалат ваквите психофизички нарушувања;
  • однесувањето трае долг период, со огромен квантитет;
  • појава на безуспешни обиди да се контролира однесувањето;
Како негативни ефекти, сексолозите укажуваат на следниве:
  • повлекување од семејниот живот заради уживање во сексуални активности (изневерување на партнерот, опседнатост со проститутки и практицирање секс со нив);
  • немарност кон децата и напуштање од страна на партнерот;
  • трошење на материјални средства, ставање на врската, бракот, семејството и кариерата во прашање заради минување на огромен дел од времето во практицирање на секс и задоволување на зголемената сексуална потреба;
  • неможност да си помогнат да не мислат на секс, и покрај пречестото практицирање;
  • трошење на многу време фантазирајќи за секс, нови начини за негово практицирање.
Поради ваквите карактеристики, сексуалната компулсивност се споредува со опсесивно-компулсивното нарушување, нарцисоидното нарушување на личноста и манијачните депресии. Чести се случаите кога едно лице страда од повеќе вакви нарушувања. Како болест на зависност, се карактеризира со прогресивна опсесија, негирање на лицето дека таа постои, истото не гледа дека неговото однесување е штетно, истовремено наоѓајќи изговори и оправдувања. Компулсивноста трае само додека зависникот физички зависи од активноста, заради одржување телесен баланс, бидејќи постојаното повторување на активноста создава хемиска потреба на организмот од некои хемикалии кои се лачат за време на сексуалниот акт.

Болеста се манифестира преку тоа што лицето не е способно да ги контролира сексуалните импулси и нивното задоволување. Потребата од сексуални активности се зголемува, а однесувањето на лицето е насочено исклучиво кон што побрзо задоволување на потребата. Заради зголемената сексуална желба, личниот, семеен, професионален и социјален квалитет на живот на лицето почнува да се намалува, создавајќи проблеми.

За сметка на тоа, определени однесувања стануваат секојдневна опсесија и покрај редовниот сексуален живот со партнерот: љубовни афери, опседнатост со мастурбација, порнографија и сексуални фантазии, воајеризам, посета на проститутки, егзибиционизам, фротеуризам, сајбер-секс и зоофилија.

Болеста успешно се третира преку програма од 12 чекори, кои се применуваат во многу секс-адикт групи за третман ширум светот, како и со помош на психолози, психијатри и сексолози. Има и доста форуми кои нудат помош на ваквите лица.

.


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Педерите не се болни а на нормален човек да му се приклеца одма болест ќе му најдат :icon_lol:.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Педерите не се болни а на нормален човек да му се приклеца одма болест ќе му најдат :icon_lol:.
И педерите се нормални, ненормални се стереотипите ама нема везе. Нормално е да клецаш секој ден по еднаш ама у еден ден 20 пати не е на арно :)
 
S

Sagan

Гостин
Болеста не постои ако социјалните и семејни обврски не трпат. Без разлика на интензитетот на желбата за секс. Финтата е да си го испланираш времето :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А што правиме ако во 24 часа тебе ти се клеца 24 пати??
Нема такво нешто тоа психологот на МТВ 20 години што се појавува во контактно училишно забавната програма ве лаже, пензија има да земе пак не ви е јасно дека врска нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom