Хелиоцентризам - религија или лажна наука?

Член од
18 декември 2020
Мислења
144
Поени од реакции
92
.. пак си во грешка, најважно е среќа да има човекот, па здравје, „родиме мајко со среќа па фрлиме на буниште“,
...џабе здравје, ако нема среќа, но тој што ќе има среќа ќе преживее и надживее и болеста и све, а само здравје некако во секој момент на погрешно место и време без среќа, отиде здравјето со се животот!
Здравјето е среќа. Можеш да бидеш среќна ако немаш здравје?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
@The Savior Како е можно месечината никогаш да не го менува своето лице а притоа се врти?? Гледај го видеото и се ке ти биде јасно
Младиќу, со користење CGI, секоја заблуда може да почне да ти „изгледа„ како вистинита...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Земјата, сама по себе, има специјално место во вкупната материјална творба, која ја знаеме како „Вселена„.

На пример-над Земјава се создени две светлечки небесни тела, на Земјава има огромна количина течна вода (истата има голема улога во учењето од Црквата), на Земјава се создаени растенијата и животните, на Земјава е создаден Рајот, на Земјава е создаен човекот (родот човечки), на Земјата се исфрлени темните ангели, на(д) Земјата ќе се случи второто Христово доаѓање, на(д) Земјата ќе се случи Страшниот Христов Суд, на Земјава ќе биде положен Небескиот (град) Ерусалим, на Земјава ќе почне вечноста (Христова)...

Ај земи било која позната плнанета од Сончевиот систем и посочи дека истата е предвидена за и со погоре наведените рабојќе и конечно, ако Земјава има централна улога во Вселената и во промислата Божја, зашто Земјата би требало да го има обликот од другите познати небески тела?...

Или, замисли дека „контра„ тебе, на топчестата Земја постои друг човек кој стои на Земјавата, ама со гла‘ата надолу (гледано во однос на тебе)...и никако да падне во Вселената!... :icon_lol:
... све тоа што ми опишуваш за Земјата е од појавата на човекот, пола нему му се препишува како креација, но ти не знаеш што било пред него на Земјата,
... ако Земјата има голема видлива водна површина, тоа не значи дека другите планети немаат невидлива подземна водна површина.

moving-225x300.gif running-treadmill.gif

... контра мене на Земјата, ако идам каде што е тој нема пак да бидам со глава надоле исто како што не е тој, исто како што трчаш на лента и мислиш дека трчаш, а всушност стоиш во место, но ако ги имаш затворени очите мислиш дека трчаш, оптичка перцепција значи и физичка присутност или не, што мислиш?!
Здравјето е среќа. Можеш да бидеш среќна ако немаш здравје?
...тоа се две различни работи не е исто, среќа е кога среќен пар се венчаваат и влегуваат во брачна заедница, тоа не значи здравје, тоа е среќен чин, здравјето е моментална балансирана состојба на телото, тоа не значи среќа, тоа зависи од многу работи генетика, начин на живеење и други околни фактори!
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
... све тоа што ми опишуваш за Земјата е од појавата на човекот, пола нему му се препишува како креација, но ти не знаеш што било пред него на Земјата,
... ако Земјата има голема видлива водна површина, тоа не значи дека другите планети немаат невидлива подземна водна површина.

Прегледај го приврзокот 374029 Прегледај го приврзокот 374031
Не релативизирај, оти убо ти напишав што е специфично за Земјава а што го нема на другите небесни тела, односно планети.

Ако одам уште подетаљно, ќе бие уште полошо...за другите планети.
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 374029 Прегледај го приврзокот 374031

... контра мене на Земјата, ако идам каде што е тој нема пак да бидам со глава надоле исто како што не е тој, исто како што трчаш на лента и мислиш дека трчаш, а всушност стоиш во место, но ако ги имаш затворени очите мислиш дека трчаш, оптичка перцепција значи и физичка присутност или не, што мислиш?!
Пак релативизираш...Се чини дека релативизација на све и свашта станува идеален аргумент против неистомислениците.

За мене лично, смешно е ако „контра„ мене (дијагионално од мене, на топчеста Земја) стои лик со нозете на Земјава, ама со гла‘та надолу, релативно гледано во однос на моето стоење на Земјава.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Не релативизирај,
За мене лично, смешно е ако „контра„ мене
...а ти што правиш, ако јас ти релативизирам? :toe:
... пишувате дека ,,кој ги виде планетите како сфери во Сончевиот систем, тогаш од каде пак Земјата ќе биде центар со флора и фауна и човекот, може таму во тие Х планети има и друг Рај и Пекол и све тоа што ги нареди со други ,,луѓе,, , ако ние не ги видовме, тогаш и вие исто не ги видовте, па теоријата не ти важи, за повластена Земја во Сончевиот систем.
...и другата поента, ај вака ако ти тоа дијагонално ти е смешно, зошто не ти е смешно кога си на врвот на планина или доле до морето, дали ти тоа ја чувствуваш ,,надморската височина,, и зашто тебе ти е исто и кога си горе и кога си доле на таа надморска височина кога возиш нели постепено ја менуваш?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
...а ти што правиш, ако јас ти релативизирам? :toe:
... пишувате дека ,,кој ги виде планетите како сфери во Сончевиот систем, тогаш од каде пак Земјата ќе биде центар со флора и фауна и човекот, може таму во тие Х планети има и друг Рај и Пекол и све тоа што ги нареди со други ,,луѓе,, , ако ние не ги видовме, тогаш и вие исто не ги видовте, па теоријата не ти важи, за повластена Земја во Сончевиот систем.
Секојдневните искуства, било лични, било заеднички (како повторливи и проверливи искуствени сознанија, таложени низ историјата) ја потврдуваат уникатноста од улогата од Земјава во целата Вселена.

Затоа и побарав од тебе да посочиш барем една/друга планета која го има Земјните специфики и улога...
Автоматски споено мислење:

...и другата поента, ај вака ако ти тоа дијагонално ти е смешно, зошто не ти е смешно кога си на врвот на планина или доле до морето, дали ти тоа ја чувствуваш ,,надморската височина,, и зашто тебе ти е исто и кога си горе и кога си доле на таа надморска височина кога возиш нели постепено ја менуваш?
Осетот за разликување на надморските височини е сосема придоден и е последица од физичкото опкружување во кое се наоѓаш, кое (опкружување) влијае на сетилата и на разумот. На пример, не се дише исто на кота од морската вода и на кота од 2000 м.н.м. Или, не е иста температурата од воздухот на наведените коти.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Осетот за разликување на надморските височини е сосема придоден и е последица од физичкото опкружување во кое се наоѓаш, кое (опкружување) влијае на сетилата и на разумот. На пример, не се дише исто на кота од морската вода и на кота од 2000 м.н.м. Или, не е иста температурата од воздухот на наведените коти.
...ако не се екстремни разликите на надморска височина, ти не чувствуваш ама баш ништо, зошто не би било исто физичко опкружување кое се трансформира на ист начин додека стигнеш до тој што мислиш дека е на спротивна страна превртен наопаку?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
...ако не се екстремни разликите на надморска височина, ти не чувствуваш ама баш ништо, зошто не би било исто физичко опкружување кое се трансформира на ист начин додека стигнеш до тој што мислиш дека е на спротивна страна превртен наопаку?
Како ќе заклучиш дека си стигнала до дијагонално спротивната точка на Земјава од твојата, ако природното опкружување ти е слично и за двете точки?...

На топчеста Земја можеш се‘ да релативизираш па дури и ориентацијата низ просторот, особено ако се во прашање просторните поими и насоки, како „горе„ и „долу„...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Како ќе заклучиш дека си стигнала до дијагонално спротивната точка на Земјава од твојата, ако природното опкружување ти е слично и за двете точки?...

На топчеста Земја можеш се‘ да релативизираш па дури и ориентацијата низ просторот, особено ако се во прашање просторните поими и насоки, како „горе„ и „долу„...
...па на ист начин како што би стигнал ти во одредената точка на твојата равна Земја, површината на Земјата е толку голема што според твоето око да ја видиш со округли хоризонт не е баш секогаш можно, ако не се издигнеш во доволна висина да ја намалиш таа површина во твоето око и ќе видиш дека е округла,
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
...па на ист начин како што би стигнал ти во одредената точка на твојата равна Земја, површината на Земјата е толку голема што според твоето око да ја видиш со округли хоризонт не е баш секогаш можно, ако не се издигнеш во доволна висина да ја намалиш таа површина во твоето око и ќе видиш дека е округла,
Хмммм...

А зашто редовно добивам контра-одговори, во кои редовно стои (пред)услов кој треба да го исполнам, ама за мене е неизведлив?...

Еве на пример, јас не можам да се „искачам„ на доволна височина, од која би можел да ја видам закривеноста од хоризонтот (каков е тој крив хоризонт ако веќе е именувам како „хоризонт„?...). За мене тоа е технички неизведливо, но она ке е достапно како видео-запис од камери поставени на балони кои достигнуваат преку 25-30км височина, не е забележано закривувањето на „кривата„ хоризонтална линија, именувана како „хоризонт„.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Хмммм...А зашто редовно добивам контра-одговори, во кои редовно стои (пред)услов кој треба да го исполнам, ама за мене е неизведлив?...
Еве на пример, јас не можам да се „искачам„ на доволна височина, од која би можел да ја видам закривеноста од хоризонтот (каков е тој крив хоризонт ако веќе е именувам како „хоризонт„?...). За мене тоа е технички неизведливо, но она ке е достапно како видео-запис од камери поставени на балони кои достигнуваат преку 25-30км височина, не е забележано закривувањето на „кривата„ хоризонтална линија, именувана како „хоризонт„.
...тогаш мора да бидеш барем неутрален во најмала рака, а не веднаш да веруваш во рамна Земја само затоа од балон или авион не се гледа искривен хоризонт, да беше помала површина на Земјата можеби закривеноста ќе се видеше, а сега со таква нејзина површина мора да бидеш дигнат како сателит, па да ја видиш закривеноста на Земјата,
... контра одговори добиваш на ист начин како даваш контра прашања и ништо друго, репроцитет е тука, не можам ни јас, но не можеш ни ти, сателитски снимки нема со равна Земја, што мислиш да беше равна не ќе протнеше некој директна фотографија за добра пара, а не само цртежи и претпоставки за равна Земја имаш како доказ, за разлика од сферична Земја!
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
...тогаш мора да бидеш барем неутрален во најмала рака, а не веднаш да веруваш во рамна Земја само затоа од балон или авион не се гледа искривен хоризонт, да беше помала површина на Земјата можеби закривеноста ќе се видеше, а сега со таква нејзина површина мора да бидеш дигнат како сателит, па да ја видиш закривеноста на Земјата,
... контра одговори добиваш на ист начин како даваш контра прашања и ништо друго, репроцитет е тука, не можам ни јас, но не можеш ни ти, сателитски снимки нема со равна Земја, што мислиш да беше равна не ќе протнеше некој директна фотографија за добра пара, а не само цртежи и претпоставки за равна Земја имаш како доказ, за разлика од сферична Земја!
Е ми...пак ми поставуваш невозможни услови.

Јас не релативизирам, оти Земјава ја гледам преку мојата „запеленост„ за тлото, од кое (тло) ја набљудувам својата потесна и поширока околина, и од мојава точка на гледање, не гледам дека Земјава има топчест облик, а уште понелогично ми е закривувањето на линијата од хоризонтот, која, ради самното нејзино именување, треба да биде хоризонтална/водорамна, а не лачно заоблена...

Да, навистина не постојат фотографии од „рамна„ Земја, но затоа пак постојат фотошопирани „фотографии„ од топчеста Земја.

Вселенските агенции, особено „НАСА„, се опседнати со докажување на топчесиот облик од Земјава, и плус, само тие имаат монопол на техничката можност за фотографирање од големи височини па по таа логика, залудно е да очекуваш фотка од “рамната„ Земја.

За сега, доволни се видео-записите од балоните кои се искачуваат на пристојно големи височини, од каде е очигледна хоризонталноста од хоризонтот...нели...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Да, навистина не постојат фотографии од „рамна„ Земја, но затоа пак постојат фотошопирани „фотографии„ од топчеста Земја.
... па нека бидат и фотошопирани фотографии од равна Земја, не може да се „поткупи“ никој од НАСА за таков подвиг, мислиш не е возможно со крт од НАСА, но што правиме со руските астронаути што биле во вселена?
Вселенските агенции, особено „НАСА„, се опседнати со докажување на топчесиот облик од Земјава, и плус, само тие имаат монопол на техничката можност за фотографирање од големи височини па по таа логика, залудно е да очекуваш фотка од “рамната„ Земја.
jurij-gagarin-polozuvanje-cvekje-1-scaled.jpg

ајде пишуваш дека америчката НАСА е опседната со сферичниот облик на Земјата, иако првите нејзини почетоци било оспеднатост со Месечината и нејзина „посета“ со Аполо и астронаут Нил Амстронг, но тогаш што со Јуриј Гагарин и руската вселенска програма и таа била опседната со сферичен облик на Земјата?

2f21b153-b458-4303-bc00-4cf369fcbaf9.jpg

... што со извештајот од неговиот лет, т.е. документ од еден од пионерите на космонаутиката каде ги опишува своите впечатоци од летот на 12 април 1961 година на палубата на вселенскиот брод “Восток”?
“Земјата како да имаше убав ореол и бои со непречена транзиција од бледо сино кон сина, темно сина, виолетова и апсолутно црно”, раскажува пилотот.“

што правиме со ова негово пишување?

“Земјата како да имаше убав ореол и бои со непречена транзиција од бледо сино кон сина, темно сина, виолетова и апсолутно црно”, раскажува пилотот.

38497284_905.jpg

или

што со првиот источногермански космонаут Зигмунд Јен, кој во вселената бил во 1978, а 1990 токму Јен го придружувал астронаутот Рајнхолд Евалд, кој тргнал по стапките на Гагарин и во Русија се подготвувал за неговиот лет до руската вселенска станица „Мир”, кој се случило во 1997 година со рускиот вселенски брод „Сојуз” и тие биле опеднати со сферичниот облик на Земјата или ?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
... па нека бидат и фотошопирани фотографии од равна Земја, не може да се „поткупи“ никој од НАСА за таков подвиг, мислиш не е возможно со крт од НАСА, но што правиме со руските астронаути што биле во вселена?
Веќе ти одговорив-што ќе ти е „фотошопирање„ на „рамна„ Земја, кога имаш видео и аудио записи од камери поставени на балони? Што е поубедливо-видео снимка или фотографија?...
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 374073

ајде пишуваш дека америчката НАСА е опседната со сферичниот облик на Земјата, иако првите нејзини почетоци било оспеднатост со Месечината и нејзина „посета“ со Аполо и астронаут Нил Амстронг, но тогаш што со Јуриј Гагарин и руската вселенска програма и таа била опседната со сферичен облик на Земјата?

Прегледај го приврзокот 374074

... што со извештајот од неговиот лет, т.е. документ од еден од пионерите на космонаутиката каде ги опишува своите впечатоци од летот на 12 април 1961 година на палубата на вселенскиот брод “Восток”?
“Земјата како да имаше убав ореол и бои со непречена транзиција од бледо сино кон сина, темно сина, виолетова и апсолутно црно”, раскажува пилотот.“

што правиме со ова негово пишување?

“Земјата како да имаше убав ореол и бои со непречена транзиција од бледо сино кон сина, темно сина, виолетова и апсолутно црно”, раскажува пилотот.

Прегледај го приврзокот 374075

или

што со првиот источногермански космонаут Зигмунд Јен, кој во вселената бил во 1978, а 1990 токму Јен го придружувал астронаутот Рајнхолд Евалд, кој тргнал по стапките на Гагарин и во Русија се подготвувал за неговиот лет до руската вселенска станица „Мир”, кој се случило во 1997 година со рускиот вселенски брод „Сојуз” и тие биле опеднати со сферичниот облик на Земјата или ?
Не знам, не сум бил во Вселената и немам видено топчеста Земја од така големо растојание...

Што виделе другите, нека се тоа и космонаути, тоа е од нив видено, преку/низ нивните очи, не преку моите...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.637
Поени од реакции
38.820
Веќе ти одговорив-што ќе ти е „фотошопирање„ на „рамна„ Земја, кога имаш видео и аудио записи од камери поставени на балони? Што е поубедливо-видео снимка или фотографија?...
Автоматски споено мислење:



Не знам, не сум бил во Вселената и немам видено топчеста Земја од така големо растојание...

Што виделе другите, нека се тоа и космонаути, тоа е од нив видено, преку/низ нивните очи, не преку моите...
брат, рамна е, шо се замараш со глобусариве. Ќе им суди свети Петар на неверниците глобусарски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom