anaveno
vaka ,dolgo vreme ne sum bill aktiven na diskusiive i se izvinuvam za moive dosega blic upagjanja vo postovite sto gi postiras ti ili bilo koj i da e od usesnicive na forumov.Takvite moi upadi vo koi citiram del od vasive tekstovi mnogupati ne se vo kontekst so samata tematika voobicaeno imaat za rezultat..nedorazbiranje.
Mojata teza , kako sto e najkorektno napisano od tvoja strana
"Греци народно име немајет..се казват уруми", e deka denes onie sto nekogas se narekuvale urumi kako ime na svojata nacija go imaat prisvoeno makedonskiot glagol ela so negovoto znacenje dojdi ,pa ottamu Heleni ,koj sto od svoja strana ja ima svojata paralela i vo latinskiot jazik
Bidejki poslednoto sto go imav napisano mi se odnesuvase na paralelite i obidite za izednacuvanjeto vo terminite na zborovite Elini i Grcija,povtorno bi go postiral ednas-dvapati veke postiraniot tekst( spored nekoi toa bi bilo spamiranje... )
Хелени и Грциja изедначување на термините
Околу потеклото и можното значење на зборовите Хелени,Елада и Грци,Грција постојат најразлични теории. Би почнал со теоријата на Валентин Стецјуг кој за околу оваа проблематика пишува вака:
-“..Потеклото на името “Грција’’,Грци’’е енигматично.
Генерално, националното име со кои меѓусебе се идентификуваат Грците е “Хелени’’,кое што нема никаква звучна поврзаност со зборот “Грци’’.
Грчките племиња користеле бројни племенски називи. Дорци, Ахајци, Јонци, Тирејци.. и останати. Основното турско наименување за Грција е Јананистан, (Yananistan),а за Грците е Јананли (Yananli ).Всушност Јанан (Yanan) е дијалектички изговор за Јонија (Ionia). Веројатно е јасен фактот, дека потеклото на името Јанан се датира во времињата кога преовладувале грчките племиња ,уште и пред ширењето на Александар Велики.
Според грчките извори токму Аристотел (384-322) во неговата “Метеорологика’’ I, xiv, или 352b бил првиот што го искористил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’),како синоним за Хелените. Аристотел запишал дека оригинално Илирите ,биле тие што го користеле името Граикхос (Graikhos) за да со него ги означат Дорците во Епир.
А тоа потекнувало од Граии (Graii) што било природно име за луѓето од Епир, кои што се наоѓале во северно-западниот дел од Грција, на Јонското Море и западно од Тесалија.
Современите научници, се разбира, со недоверба ја дочекале ваквата изјава, бидејќи широката распространетост на ваквото народно име за меѓусебна идентификација, помеѓу комплетно неповрзани јазици, тешко дека потекнува од само еден центар.Од друга страна, ваквиот класичен доказ ,можеби потврдува дека ова национално име, што се употребува за меѓусебна идентификација доаѓа од страна на балканското население,кое што своевремено ги имало и границите на Скитија во Македонија. Би било природно за Скитите да ги користат и двата термини како на пр.називите Јанан (Yanan) и Креш ( Kresh) само за нивните Јонски соседи ,а називот Хелени за сите останати заедно.
Современата теорија на германскиот историчар Џорџ Бусолт (Georg Busolt ) 1850-1920 ,зборот Грци го изведува од зборот “Граикхос ’’( Graikhos )"со значењето жител на “Граиа’’ (Graia ),град на брегот на Беотија од зборот“граов-сив ’’("gray"),кој се наоѓал во централниот дел на античка Грција ,во околината на градот Теба,што било име дадено од Римјаните и се однесувало за сите Грци, а најпрво за грчките колонисти од “Граија’’(Graia) кои што помогнале во основањето на градот Кума (Cumae) (9 век пред Христа),важен град на југот на Италија ,каде што Латините за прв пат се сретнале со Грците. Во согласност со оваа теорија ,во генерална смисла ,името би било за прв пат повторно позајмено од Грците .Имајќи во предвид дека Грците веќе го имале колонизирано Апенинскиот Полуостров и тоа неколку векови пред 9 век од пред Христа,како и фактот дека Грците многу отпорано го шират своето присуство во Медитеранот , како и забележаното од Аристотел во 4 век пред Христа,оваа теорија и дава преголема важност и тежина на 9 век пред Христа и за пред Римјанските Латини во раширувањето на овој термин и за Грците кои што би го усвоиле овој термин како свое народно име од своите ,во свое време не толку значајни соседи, дури и да се преправаат дека таквото нешто би било одраз на вистинска етимологија за нивното име...’’¹
Реф:1 -Valentyn Stetsyuk“Research of Prehistoric Ethnogenetical Processes in Eastern Europe’’,Book 2, Traces of Linguistic Contacts in Turkic and Indo-European Vocabularies,Lviv 2003
Интернет извор:
http://s155239215.onlinehome.us/turk...AndGreekEn.htm
Најнапред да ги согледаме тврдењата на грчките извори кои известуваат за Аристотел и неговата “Метеорологика’’ I, xiv, каде го употребил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’),како синоним за Хелените.,посочувајќи ги Илирите како први кои го употребувале овој збор,за да со него ги означат Дорците во Епир.
“А тоа потекнувало од Граии (Graii) што било природно име за луѓето од Епир, кои што се наоѓале во северно-западниот дел од Грција, на Јонското Море и западно од Тесалија.’’
Овие тврдења да ги споредиме со етничката припадност на жителите на Епир низ историјата.
Најнапред да видиме кои биле Дорците и дали тие или било кои други грчки племиња живееле во Епир?
“Теоријата за инвазијата на Дорците (заснована врз пишувањата на Херодот 9.26 и наследена од Тукидид 1.12) во најголем дел претставува измислица на историографијата од 19 век и истата не е поткрепена со никаков археолошки или лингвистички податок...Археолошки гледано Дорците се невидливи.Северна Грција се уште треба да ни понуди макар и најобичен артефакт што треба да биде поврзан со Дорците...Не постои никаков доказ за оваа т.н. дорска миграција во централна и западна Македонија и во североисточна Тесалија...Не постои археолошки запис за движењето на Дорците, а митските аргументи во најголема мера се претпоставки, засновани врз фолклорни традиции за тоа дека Дорците потекнувале од северозападна Грција. Дури и доколку последново е вистина, врската помеѓу оригиналната татковина на Дорците и добро познатиот дорски дијалект од подоцнежните времиња не е јасна. Сигурно дека сите “дорски Грци ’’од Класичниот период не можеле да бидат потомци на расеаните племиња од северозападните грчки планини. Тоа што подоцна биле наречени Дорци не е доказ за нивното дорско потекло во етничка смисла. И Грците од 19 век имале обичај себеси да се декларираат како Ромеи, а својата земја како Румелија,како доказ за нивното римско наследство,наспроти современиот грчки јазик со словенски примеси’’.
Borza Eugen: “In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon”, Princeton University Press ,New Jersey,USA,1990 …стр.65,67 и 68.
Истото ова го тврди и Чадвик Џон,(Chadwick John “Who were Dorians?”Cambridge, 1976), како и други историчари...’’².
Реф: 2-Александар Донски“Јазикот на античките Македонци’’Штип,2006 год...стр.174-175.