Хеленизмот - Европска измислица од 18 век

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Доколку опстаниме :(
Ова е борба меѓу Давид и Голијат,ама не треба да очајуваме во никој случај.Сети се низ колку потешки времиња кога многу пробувале да не збришат за навек и не успеале.Битно е што народот сега е свесен,се бори да ја докаже неправдата и вистината.Знаат многу добро и грците и големите што е Македонија.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Semiramida: Навистина веруваш во ова што си го пишала?И јас наивно верував пред 15-тина години кога некој ветуваа многу,кога се велеше дека следен конгрес ќе се одржувал во Солун,но се излезе тоа гола вода.Секој Македонски политичар гледа само за своите цели,истовремено злоупотребувајќи го народот само да дојде до материјални и финансиски придобивки.Но најголемото зло е што Македонскиот народ сеуште нема заедничка кауза,ниту пак постои некој кој би го водел во сплотеност и заедништво.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Доколку опстаниме :(
За тоа не се секирај, издржливи сме, Римјани, Турци, Бугари, Срби кој ли не.

Кој и да дојде рано или касно си заминува-на кондиција ги фаќаме. :D
 
Последно уредено од модератор:

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Навистина веруваш во ова што си го пишала?И јас наивно верував пред 15-тина години кога некој ветуваа многу,кога се велеше дека следен конгрес ќе се одржувал во Солун,но се излезе тоа гола вода.Секој Македонски политичар гледа само за своите цели,истовремено злоупотребувајќи го народот само да дојде до материјални и финансиски придобивки.Но најголемото зло е што Македонскиот народ сеуште нема заедничка кауза,ниту пак постои некој кој би го водел во сплотеност и заедништво.
Да верувам,и ми се допаѓа тоа што гледам се повеке освестени Македонци и духовни јаки.А духовното е многу битно,тоа не може да се уништи и скрши.Се си има почеток и крај,ништо не трае вечно.се менуваат гео политички интереси и сфери на влијанија ке дојде и нашето време допрва.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Нашето време беше пред 1000 години...го испуштивме.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Нашето време беше пред 1000 години...го испуштивме..
Животот е колце. Еднаш си горе - друг пат си долу. Никогаш, ниедно време не е испуштено. Секое време си носи свои успеси и неуспеси, успони и падови, надежи и разочарувања. Единствено што пред сто, пред илјада години, никогаш како сега, Македонците не биле толку малодушни и дезориентирани....
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Кариес: Многу точно кажано, за жал малодушието носи со себе многу други негативни ефекти кои ќе се одразат на подоцнежен план, т.е веќе се одразуваат. Стереотипот на Македонецот од секогаш бил точно обратното.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ве молам без офтопици.

Тука имаме пропаганден цртеж од Атанасиос Јанатридис, изработен во 1850 година. Цртежот е дел од кампањата на тогаш малата грчка држава, за формирање на танакаречена "Голема Византиска Грција".

На цртежот од лево се прикажани Пир од Епир, Ахил, и Александар Македонски. Во средина е Хомер, а од десно е Константин Велики (57миот владетел на Римското Царство). Сиите тие ги прогласиле за грчко наследство и гордост. До Александар, авторот напишал текст кој гласи: "Да живее грчката империја".

Јанатридис преку цртежот ја дал својата поддшка на големо-грчката "Мегали идеја", која ќе стане се поприсутна кај Грците со новите територијални проширувања.

 
Член од
5 јуни 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Грчката држава се базира на МИТИМАНСТВО.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
Вебкафе Документарниот филм што ја шокираше Грција
Документарниот филм што ја шокираше Грција
Автор: А.В. - 08/06/2014
0 2046

Документарниот филм ја раскажува приказната за создавањето на грчката држава во 19 век. Секако, многу перспективи и фактори остануваат да бидат анализирани подобро од сега, но филмот ја прикажува генералната идеја што се случило со грчката историја.



ПС:Кој разбира нешто повеќе од историјата,нека пиши нешто свое мсилење ако го прегледа видеото.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Хеленизмот е збирштина не само на сета балканска туку и на историјата од блискиот исток,особено од кавказот.Митовите за Сизиф,Зевс и Прометеј потекнуваат од планината Кавказ и се многу постари од грчките богови.Инаку според мое мислење "хеленизмот" е создаден како против тежа на пола милијарда "словени".Убаво рекол Винстон Черчил дека Грција има повеке историја отколку што може да покрие-така некако беше цитатот.Нека скокаат колку сакаат децата на боговите ,ама вистината не може да се сокрие и кога тогаш ке си бидеме на раат ние.
The Anatolian Hypothesis
The Kurgan Hypothesis

Индо европски миграции, не се екслузивни само за гејците...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
Датум: 22.08.2014, 18:17
СKАНДАЛОЗНО ПИСМО НА ГРЧКИОТ ВЛАДИКА ПАВЛОС ДО Г.Г. СТЕФАН

ВИЕ СТЕ ЛАЖНА ЦРКВА НА ЛАЖНА ДРЖАВА



Незаконски го држите тронот на архиепископијата охридска, лажна сте и непостојна црква, експозитура на една држава која ги узурпира вистината и историјата и нема никаква врска со црквата Христова... ова е само дел од тешките квалификации кои вчера ги упатил грчкиот митрополит сисаниски Павлос во отвореното писмо до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот г.г. Стефан. Острото и навредливото писмо е реакција на овој грчки владика на обраќањето кое пред неколку месеци го направил македонскиот архиепископ со писмо до православните цркви и епископи во кое детаљно ги информира за криминалните активности на Јован Вранишкоски поради кои е осуден на затворска казна. Ова е прва јавна реакција на некој од православните епископи до кои стасало писмото, а грчкиот владика не го крие своето изненадување од тоа зошто архиепископот Стефан се дрзнал на тоа да испрати писмо. На своето обраќање му дал наслов „До оној што незаконски го држи тронот на архиепископијата охридска и што лажно ја води непостојната Македонска црква“.

- Kога, г. Стефане, ви испратив писмо, па да итате да ми одговорите? Зошто би испратил писмо до вас кога не ги признавам вашето црковно постоење и лажната црква што ја водите ја сметам како црковно непостојна? Kој ви кажа дека ве сметам за валидно лице за да побарам од вас информации? Со изненадување и болка и без да ви го побарам го примив писмото со кое се обидувате да го оправдате неоправдливото и се нафрлате против единствениот канонски епископ охридски г. Јован - наведува на почетокот од своето писмо владиката Павлос.

Тој спаѓа во групата постара генерација грчки митрополити кои имаат конзервативни и националистички ставови во однос на македонското прашање. Според него, единствената вистинска причина за прогонот на Вранишкоски била тоа што тој е единствениот канонски епископ кој е признат од сите православни цркви.

- Се обидувате во содејство со државата да го уништите. Зборувате за негово расчинување. Зар може една црква која не е црква да избира или да расчинува? Митрополитот Јован не припаѓа на јурисдикцијата на една непостојна црква, туку на патријаршијата српска. Црковно, никаква власт немате над него. Вие се наоѓате во црковно неопределена состојба. Вие на неканонски начин се одделивте од вашата мајка-црква, патријаршијата српска, и се обидувате насилно да постигнете признавање - наведува грчкиот митрополит.

Тој настрана не ја остава ниту македонската држава потенцирајќи дека лажниот облик што се нарекувате Македонска црква е експозитура на една држава која ги узурпира вистината и историјата и нема никаква врска со црквата Христова.

- Се претставувате за архиепископ на една непостојна црква, но и во путирот пред кој служите не се наоѓа крвта Господова, туку крвта на вашиот брат кого го убивате и таа крв засекогаш ќе ве оддели од канонската црква. Kолку што ќе благословувате еден фалсификат како доказ на вашата државна доблест, зборот ваш ќе скита низ воздухот, вашата христијанска вера ќе биде идеологија, а гонењето на митрополитот охридски Јован ќе биде печат на вашата нечовечност. Значи, вашето писмо јавно го враќам како неприфатливо - напишал владиката Павлос во писмото кое вчера го пренесоа сите грчки верски портали.

Испраќањето на писмото било договорено на една од синодските седници на македонскиот црковен врв. Владиците се договориле да се состави детаљно писмо со кое ќе се објаснат целиот случај со Вранишкоски и причините зошто е тој осуден на затворската казна. На тој начин МПЦ-ОА се обиде да им објасни на православните цркви дека постојат силни причини зошто тој издржува затворска казна за која тие сметаат дека не е правно заснована.

Инаку, вчера не можеше да се добие одговор од македонскиот архиепископ Стефан поради неговото заминување во САД, каде што треба да ја посети Американско-канадската епархија.

Бранко Ѓорѓевски
#
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=885E1BBB0BF73D47BF25694BFCE58B90
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
СКАНДАЛОЗНИ ДОГОВАРАЊА ВО ОВАЛНАТА СОБА

Како Мицотакис го убедувал Буш да го одложи приемот на Македонија во ОН: транскрипт од разговор во 1992!

На 7 ноември 1992 година во Белата куќа во Вашингтон се одржа средба меѓу тогашниот американски претседател Џорџ Буш и грчкиот премиер Константин Мицотакис. Две децении подоцна излегоа белешките од тие разговори. Еве како Мицотакис го лаже Џорџ Буш Постариот за состојбите во Македонија.



Грчкиот премиер го предупредува американскиот претседател дека ако зборот Македонија биде дел од името на новата република, ќе има вистинска дестабилизација. Освен тоа, Мицотакис отворено го лаже претседателот Буш дека само 17 отсто од граѓаните во Македонија го посакуваат тоа име. Со Глигоров би можело да се постигне договор, му порачал Мицотакис на Буш.

Од објавениот документ, од кој веќе е тргната ознаката на тајност, го пренесуваме само делот што се однесува на Македонија.

Премиерот Мицотакис: Прашањето што е најблиско до нашите грчки срца е она за Скопје/Македонија. Ќе разговараме за ова во Единбург.



Претседателот: Оптимист сте? Ние имаме големи надежи.

Премиерот Мицотакис: Нема да давам предвидувања. Се обидов да им објаснам на секретарот Иглбергер и на генералот Скоукрофт дека нашиот пристап е позитивен. Ние сакаме оваа република да постои и презедовме неколку иницијативи во таа смисла. На пример, постојат гаранции за границите. И Албанија, и Бугарија и Србија се изјаснија така. Она што ние не можеме да го прифатиме е нивното официјално име да го содржи терминот Македонија. Ќе бидам многу искрен. Ако се случи такво нешто, ќе има вистинска дестабилизација. Но ова прашање може да се реши сега како почетна точка за позитивен пристап. Досега со Југославија имавме многу неуспеси, зошто барем еднаш да немаме успех? Вклучувањето на Македонија во официјалното име е желба на помалку од 50 отсто од луѓето. Резултатите на една неодамнешна анкета таму беа дека не повеќе од 17 отсто од населението го сакаат тоа име.

Претседателот: Тогаш зошто владата на Македонија толку се закачила за тоа име?

Премиерот Мицотакис: Има нешто зад тоа име, од периодот под комунизам. Не е лесно за сегашната влада да се ослободи од старите навики. Ќе се претера ако се каже дека во оваа област има демократија. Старата линија комунисти под Тито уште имаат моќ. Но Глигоров е сериозен човек. Со него би можело да се постигне договор. Токму поради тоа решението што го предложивме ние е добра формула.

Претседателот: Јас ќе направам изјава и би сакал да ми кажете што не чини во неа. Но прво, сакам да кажам дека ние ги цениме нашите односи. Секој Американец знае дека нашите односи се далеку, далеку подобри. Но мојата изјава е ова: Оваа република продолжи со градење на својата демократија и статус во согласност со Хелсиншките принципи. Таа продолжи по тој пат на речиси примерен начин. Значи сакам да кажам две работи: тие го прифатија Хелсиншкиот договор и нивните достигнувања се примерни. Се согласувате со овие точки или Грците гледаат поинаку на работите?

Премиерот Мицотакис: Па не би се согласил дека тие имаат примерна демократија. Но тоа е република што би можеле да ја толерираме.

Претседателот: Не, јас не велам примерна демократија, туку дека тие ја спроведуваат на примерен начин.

Премиерот Мицотакис: Се согласувам. Да. Токму поради тоа ние немаме никакви проблеми со оваа република и сакаме таа да постои. Но не можеме да го прифатиме името. По Лисабон – кој пресуди во наша корист – реакцијата на Глигоров беше да ја провоцира Грција. Оваа република беше формирана од Тито и Сталин по Втората светска војна, со цел да...(недостига)... Соединетите Американски Држави; мојата генерација се сеќава на тоа. Но луѓето што се на власт во Скопје се исти - кога тие го користат ова име, ние стануваме мошне сомничави. Ние сакаме да престанат да го користат овој термин и да имплицираат дека ние им должиме нешто. Дури и во нивниот устав тие имаат одредба за државјани во странство, меѓу другите и во Грција. Затоа ние го имаме едноставното барање тие да изберат друго име. Ние не можеме да го прифатиме ова – ниедна грчка влада нема да може. Инаку ќе бидеме дестабилизирани.

Претседателот: Сакав да бидам сигурен дека нема ништо друго што би ви предизвикало проблеми.

Премиерот Мицотакис: Уште еден проблем за кој барам САД да го спречат е приемот на оваа земја во ОН, бидејќи ако тие бидат примени, оваа дискусија ќе стане залудна.

Претседателот: Но ако вие немате проблем со името, тие може да бидат примени.

Премиерот Мицотакис: Замолувам ако може да помогнете да се одложи тоа.

В.д. секретарот Иглбергер: Ќе видиме што може да направиме.



Премиерот Мицотакис: Тоа е многу важно. Тоа ќе биде трагедија. Не можеме да си го дозволиме тоа. Не ги преувеличувам работите, се обидувам да постигнам компромис. Но ако се случи тоа, тоа ќе биде трагедија за Грција и за мене.

Претседателот: Постојат ли поделени мислења за ова кај вас, во Грција?

Премиерот Мицотакис: Не. Тоа е единственото прашање за кое Папандреу, мојот бивш министер за надворешни работи Самарас и јас се согласуваме.

Претседателот: Ние сакаме да се обидеме да помогнеме, можеби ќе може да помогнеме да се одложи.

В.д. секретарот Иглбергер: За тоа нема да се дискутира пред Единбург. Ако се најде решение, нема да има проблем.


Премиерот Мицотакис: За нас е многу важно тоа да се одложи за време на преодниот период.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/kako-micotakis-go-ubeduval-bush-da-go-odlozhi-priemot-na-makedonija-vo-on
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
Грција ги дискриминира Македонците и пред Бранденбуршката порта
Под овој наслов, германскиот магазин „Фокус“ информира за немилиот настан кој се случил уште на 9. мај за време на прославата по повод изборите за Европскиот парламент.


Грција го блокирала учеството на македонски играорци на прославата по повод Денот на Европа пред Бранденбуршката порта во Берлин, само затоа што некои од учесниците се идентификувале како Македонци, објави германскиот магазин „Фокус“.

„Пред Бранденбуршката порта се одржуваше фестивал во чест на Европската унија. Тоа дека на овој фестивал суптилно се дискриминираше цела една нација, не знаеше никој во публиката“, наведува тиражниот магазин во својата приказна од настанот кој се одржа пред неколку месеци.

„Прославата на 9 мај требаше да биде особен ден за балканската танцувачка група „Фо Па“ (Faux Pas). За првпат играорците од оваа група добија шанса да настапат на историскиот Паризер Плац. Берлинскиот Сенат, амбасадата на Европската комисија во Германија и здружението „Германско општество“ ги поканија на европскиот фестивал.

Но, нештата не одеа според планот: уште пред настапот на групата од страна на Сабине Шајдеман од здружението „Германско општество“ и беше побарана листа со имињата на играорците и со нивното потекло. Многу невообичаена процедура за еден играорски настап. Една недела пред фестивалот одеднаш беше сменет играорскиот репертоар. Барањето на организаторот гласеше: без македонски ора и без македонски учесници на бината.

„Со оглед на тоа што Грција во тој период беше претседавач со ЕУ, од почит кон неа требаше да се откажеме од сѐ што е македонско“, ги објаснува Евелине Краузе, раководителка на групата „Фо Па“, причините за одлуката.

„За мене тоа беше неочекувано. Поради таа одлука се почувствував директно нападнат“, го опишува своето разочарување Александар Абазли. Поради одлуката, групата мораше да се откаже од својот најдобар играорец. Александар е роден Македонец. Во Германија студирал медицина и работи како доктор во Берлин. „Јас сум германски државјанин, а дискриминиран сум поради моето потекло“, се прашува тој. На спорот за името меѓу Грција и Македонија, според него, не му било местото на бината пред Бранденбуршката порта. И за експертката за Балканот Евелине Краузе однесувањето на организаторите било несфатливо. „Вакво нешто не смее да се случува“, вели таа.


Бранденбуршката порта во Берлин

Сабине Шајдеман, која од името на здружението „Германско општество“ и на канцеларијата на Европската комисија, била одговорна за организацијата на настанот, не сакаше да одговори на прашањата на „Фокус“. И раководителката на одделот за односи со медиуми во канцеларијата на ЕК во Брисел, Терезе Дафи-Хојзлер, тврди дека не знаела ништо за настанот. Во директен разговор со Александар, таа го уверуваше дека „такво нешто веќе нема да се повтори“.

Според одговорните во играорната група „Фо Па“, македонско-грчкиот спор околу името не смеел да се најде на бината во Берлин. Сепак, групата се погрижила барем за мала сатисфакција: при настапот сите играорци на главите носеле цветови во црвено-жолта боја - македонските национални бои“, наведува магазинот „Фокус“.
http://www.dw.de/грција-ги-дискриминира-македонците-и-пред-бранденбуршката-порта/a-17901207?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
ОД АРХИВИТЕ ВО МЕЛБУРН

Грчката црква уште во шеесеттите барала забрана за влез на македонски свештеници во Австралија

Отворањето на дел од архивите на Министерството за надворешни работи на Австралија и резултатите на поединечните истражувања на македонско-грчките односи помеѓу емиграцијата, покажуваат неверојатна систематичност и упорност на грчките власти и црква, уште тогаш, во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, да ја асимилираат македонската емиграција во таа земја.



Истражувањето на новинарот Сашо Узунов од Австралија, ни откри два интересни документи за тоа како грчката православна црква се обидувала да забрани издавање на визи за македонските свештени лица.

На 28 јули 1960 година Грчката православна црква за Австралија и за Нов Зеланд испратила писмо до Министерството за имиграција на Австралија во кое бара да не му се издаде виза на свештеник од „т.н. Македонска православна црква“. Владиката Езекиел во писмото вели дека „т.н. Македонска православна црква од Мелбурн се обидува да донесе свештеник од зад железната завеса. Знаеме дека Македонците во Мелбурн се всушност во реалноста Грци, православни верници кои доаѓаат од грчката провинција Македонија, кои се под наша црковна јурисдикција, а ние отсекогаш сме сакале да им помогнеме за секое верско прашање. Затоа, ве молиме во оваа исклучително тешка ситуација да ни помогнете и да не дозволите кој било грчки свештеник да влезе во земјава без наша дозвола“.

На австралиските власти уште тогаш очигледно сè им било јасно. Неколку дена потоа, на 11 август 1960 година грчкиот владика добива писмо во кое неговата молба е во целост отфрлена.


„Во однос на барањето за виза за свештено лице од Македонската православна заедница во Мелбурн и Викторија и со оглед на несвесноста за каква било поврзаност на вашата црква и оваа зедница, мојата канцеларија издаде виза според вообичаената процедура“. Потписник на писмото беше министерот за имиграција А.Р. Даунер (Downer), чиј син подоцна станал и министер за надворешни работи на Австралија.


http://www.mkd.mk/makedonija/dijaspora/grchkata-crkva-ushte-vo-sheesetitte-barala-zabrana-za-vlez-na-makedonski
 

Kajgana Shop

На врв Bottom