Во план сум да земам DSLR апарат, ама појма немам шо и како.
Најдобар ентри левел до кај 500 евра? По можност со него да оди и леќа (претпоставувам некоја за wide range користење).
Немам идеја што сакам да сликам. Не знам дали ќе се фокусирам на landscape, или повеќе на портрети, или архитектура. На старт знам дека девојка ми ќе ме будали да ја сликам по 1000 пати денот. Фотосесии да прајме
Битно, сакам да слика RAW формат, бидејќи повеќе ќе се задржувам на постпродукција. (Lightroom, Photoshop).
Првичната намена би била хоби, не исклучувам да прерасни во пасија, па да се пробам продавам stock photo. (ако ми тргни, нормално би почнал да инвестирам повеќе во леќи и таквимити ствари)
Свадби, крштефки и таквимити работи не ме интересира.
Битно ми е да вади квалитетна слика.
Спремен сум на почеток да издвојам 500 евра како шо кажав, меѓутоа, ако има нешто стварно многу подобро за +100 евра, што би го користел подолго време, спремен сум да платам.
Ако сметате дека подобра варијанта е да одам со поевтино тело, а подобра леќа за почеток, и така би се нафатил.
@Let 3 @Tonchie , знам дека баратате со апарати. Да препорачате нешто?
Дополнение: Ако има логика ова шо го зборувам, битно ми е да има помалку noise со поголемо исо (да сликам на вечер на пример). Дали за то е битна леќата или телото?