Фотографија на денот (прочитај пред да ставиш фотографија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Значи предходната тема беше преполна со слики и слики и слики....и премногу слики. Е сега вака ќе правиме
Еден член смее да стави само една фотографија, напоменувам ФОТОГРАФИЈА (не илустрација, фрактална уметност, фотоманипулација) и на крајот од денот јас ќе одберам една фотографија на денот која понатаму ќе се натпреварува со 24 фотографии за фотографија на месецот.
Ве молам, не претерувајте со големината на фотографиите нека најголемата резолуција биде 1024х768.
Епа аиде нека иде. Со изборот почнуваме од 00:00
Од сам почеток не можев да ја разберам поентата на оваа тема "Фотографија на денот " и тоа најчесто симната од нет . И сега ова (мој пропуст што забележувам после 5 месеци ) ... , модераторе со цела должна почит ама за мене нема смисла .
Натпревар помеѓу членовите за најдобра фотографија во месецот и тоа со дела кој не се авторски не поттикнува развој на фото комунава овде на Кајгана .

Се надевам дека имаш желба да го развиваш форумов , па во таа насока би ти предложила неколку промени .

Оваа содржина би можела да прерасне во "фотограф чија работа ми се допаѓа" со што членовите би гледале повеќе портфолија и фотографии и така би се усовршувале во својата техника .

Натпреварувачкиот дел би го префрлил строго на авторски дела на членовите . Би се објавувале фотографии дури може и на зададени теми до одреден дел во денот , а потоа членовите би гласале . Победничката фотографија би била фотографија на денот , која директно би одела во конкуренција за фотографија на месецот . Како мотивација за учество може да се даде позитивна репутација за авторот на победничката фотографија на месецот па дури и да биде објавена на Кајгана порталот .

Ова се само размисли кои можат понатаму да се развиваат и сигурно ќе бидат поинтересни отколку оваа copy - paste модераторска политика , без ни малку анимирање на членовите . Се надевам дека забелешките ќе ми бидат сватени како најдобронамерни .
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Се согласувам со ова, во целост , многу подобро би било така отколку вака бесмислено секој да става по една фотографија секој ден онака безвеза колку постови да се билдаат .

Супер идеја се надевам ќе се реализира :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom