Формула 1 - сезона 2022

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2022?

  • Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ

    Гласови: 14 11,1%
  • Џорџ Расел - Мерцедес АМГ

    Гласови: 1 0,8%
  • Макс Верстапен - Ред Бул

    Гласови: 38 30,2%
  • Серхио Перез - Ред Бул

    Гласови: 0 0,0%
  • Шарл Леклерк - Ферари

    Гласови: 42 33,3%
  • Карлос Сајнц - Ферари

    Гласови: 6 4,8%
  • Даниел Рикиардо - Мекларен

    Гласови: 3 2,4%
  • Ландо Норис - Мекларен

    Гласови: 7 5,6%
  • Фернандо Алонсо (El Plan) - Алпин

    Гласови: 3 2,4%
  • Естебан Окон - Алпин

    Гласови: 0 0,0%
  • Пјер Гасли - Алфа Таури

    Гласови: 1 0,8%
  • Јуки Тсунода - Алфа Таури

    Гласови: 2 1,6%
  • Себастијан Ветел - Астон Мартин

    Гласови: 4 3,2%
  • Ленс Строл - Астон Мартин

    Гласови: 0 0,0%
  • Николас Латифи - Вилијамс

    Гласови: 0 0,0%
  • Алекс Албон - Вилијамс

    Гласови: 2 1,6%
  • Валтери Ботас - Алфа Ромео

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо Гуанју - Алфа Ромео

    Гласови: 1 0,8%
  • Никита Мацепин - Хаас

    Гласови: 1 0,8%
  • Мик Шумахер - Хаас

    Гласови: 1 0,8%

  • Вкупно гласачи
    126
Статус
Затворена за нови мислења.

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Па не покажа ништо сезонава.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Добар дил за Рикиардо е ова, ќе лапне тешки милиони пошто има уште една година од договорот и ќе се врати у Алпин најверојатно.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
ги читам правилава за моторов од 2026та. Ќе го ослабеле моторот и поголем електричен мотор ќе туреле, тоа mgu-h ќе го тргнеле што го контролира турбото. Стандардно турбо ќе има. И се фалат дека моторот ќе трошел помалце. Па нормално дека ќе троши помалце кога повише на електрична енергија ќе се потпираш. И да, горивото ќе било сустејнабл, произведено од чист алкохол или некоја слична мешавина.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
бар до 2030та ќе има мотори на внатрешно согорување. Можеби ќе има некој шифт у култура и овие разбудениве ќе ги снема па ф1 ќе се врати пак на корењата. Или некое друго такмичење евентуално да испадне што ќе го врати стариот добар звук на V10 моторите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
Замисли колку лоши перформанси треба да имаш за тимот да ти исплати 20+ милиона само за да одјебеш :popce:

Мислев дека нема да фрлат толкава пара само за да се отарасат од Даниел, али очигледно процениле дека вреди да се коцкаат за Пиастри. Се надевам ќе ги исполни очекувањата.
--------------------------------
За новите регулации на моторите не ми се ни зборува, катастрофа жива.
Послаби, потешки и сигурно потивки ќе бидат. Околу 550 коња ќе имаат на располагање и плус уште 500 на моменти кога ќе се наполни батеријата/електричниот мотор. Ужас. Ко fan boost во Formula E ќе биде ебате. DRS vol.2.
Еден тон ќе тежат болидите со глупостиве

И јак стап ако болидите се на sustainable fuel кога загадувањето на Ф1 99,99% е од транспортот на "циркузот" од една држава или контент во друг(а). Road relevant my ass.

Производителите на автомобили се жив канцер за Ф1. Преголема лобирачка моќ имаат и си ја вртат водичката накај нив без проблем. Ауди и Порше звучат примамливо али во реалноста 2026 регулациите се дешаваат само за да им удоволат на нив + Мерцедес и Рено. Најтрагичното е што спортот ќе се смени во нивна полза, и они од нигде никаде ќе му ја ќиднат бидејќи не им било исплатливо веќе или имало финансиска криза (2008 со БМВ, Тојота и Хонда).

Абе воведи V10 или V8 Cosworth мотори (со синтетичко гориво колку да не плачат) кои се живо џабе во споредба со новиве V6 турбо, скратија ја должината и тежината на болидите, и дај им колку-толку аеродинамичка слобода на инжињерите да си играат со дизајнот на формулите.

Али ова нема никад да се деси пак бидејќи ФИА и ФОМ лапаат огромни пари од производителите и спонзорите што доаѓаат со нив.

За крај, убаво вика @nE0n1nja F1 и FE ќе се спојат во иднина. Ако не се лажам FE имаат монопол на electric open wheel formula cars до 2036. Така да дали 2036 или некоја година порано, голема е шансата да се спојат.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
577
Поени од реакции
209
Ќе биде интересно да го видиме и во Хаас, али ќе мора да си ги спушти малце акциите, нема шанси да го плаќаат толку Хаас ко што го плаќаа претходниве негови екипи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom