Чоек ја глеа темава и не знае што да пише прво. Сте развиле цела дискусија за конституција, највисоки народи пичке материне. Абе индивидуално е. По мене најголемата предност на Србија и Хрватска кон нас е (покрај донекаде таа конституција која секако помага во одреден сегмент ама далеку од тоа дека е клучна) е стручниот кадар пред се од најмлади категории па нагоре. Мислам дека ние сме најслаби во тој сегмент. Мислам дека нашите млади категории не се добро запознаени со основите на спортовите, а тоа е видливо и во понатамошниот пат во нивните кариери. Висина и конституција ок се тоа. Ама ене ги и Теле и Кузман огромни, ама немаат знаење батките ни за напад ни за одбрана. За ракомет и за секој друг спорт голема улога во моделирањето на успешен спортист има и неговата интелигенција. За да играш квалитетна одбрана џабе само да си висок и јак ако не ги знаеш основните елементи за играње добра одбрана. Ако не ги знаеш шемите по кои се напаѓа, ако не се поклапаш со твоите одбрамбени колеги, ако не читаш противнички играч. Сето тоа влага во тој систем кој се учи од многу помали категории па се надградува понатака , на што секако влијае кој е моментален селектор, па до помошник, аналитичар у репка и се по ред. Висина као висина, и снага као снага. Лазаров имаше среќа да го тренира србинот Никола "Гужва" Јевремовиќ кој како што ќе каже и самиот Кире е еден од клучните фактори за тоа во каква ракометна легенда израсна Кире. Кај него ги има научено најважните работо кои злато вредат за понатамошната кариера. Овие мисириве ги немаат тие основи. Па само да им ги видиш шутевите ќе сватиш дека имаат 0 техника при шут така да, нема што повеќе да се дискутира. И сите оние квалитетни ракометари кои ги имавме, па ајде да кажеме до последната наша репка која "хараше" ( за наши услови секако) се производ на таа некоја школа (фатија до прва декада од распадот на Југославија) каде уште работите функционираа по тој некој систем на вредности. Поентата е, многу фактори се потребни за ние да направиме квалитетна репрезентација. Прво мора да се има долгорочен план, а тоа е функционирање од најрана возраст, едукација на тренерите од најмлади категории, добра селекција и нудење одлични услови за спортистите као што беше спомнато погоре. Потоа квалитетна македонска лига во која ќе биде предизвик да се игра, исто така клубови кои ќе имаат и таква стратегија да промовираат и да им даваат шанса на младите таленти, ама од друга страна па и да не им става нож на грло на оние кои имаат поинаква стратегија. Накратко тоа се тие елементи кои се и најглавни во креирање на квалитетна ракометна база која може да се надградува и да даде успешна генерација која ќе има што да каже на големите натпреварувања. И доста беше за тоа. Што се однесува на вистинската тема а тоа е ЕП, што да се каже. Испадна едно од најлудите првенства до сега. Сатар за најголем дел од фаворитите, масакр за Скандинавците кои се надеваа дека уште еднаш ќе издоминираат на домашен терен. Сепак како што кажа Сагосен, добија шамар кој боли. Оние па Данците стандард почнаа да плачат ко пичиња, не можејќи да го истрпат успехот на Хрватска, ама нека патат. Хрватска ме демантираше во моите прогнози, кои се темелеа на тоа дека старите фаворити као Франција, а пред се Данска и Шведска ќе бидат во вистински ритам, но иако ги чекавме да се дигнат полека као на некои претходни првенства, тоа не се случи. Тоа што ги немаше нив не ги намали фантастичните партии на Хрватска на ова ЕП. И ако до натпреварот со Германија и немаа некој достоен противник, од тогаш па наваму по којзнае кој пат ни покажаа по кој модел треба да се движиме ние. А тоа е дека најголемиот дел од ракометните успеси доаѓа од одбраната. Без силна одбрана нема ништо. Натпреварите против Германија, Шпанија и Норвешка се едни од најдобрите кои сум ги гледал у животот. Пред се онаа одбрана од страна на маестро Дувњак ( па и офанзивна артилерија, посебно против Норвешка) е за аналите на ракометниот спорт. Коа само ќе се сетам дека коментирав како добро би дошол Дуле во Вардар, а имав контра коментари дека ќе бил Лацковиќ 2

. Ваква хемија, репрезентативна гордост, борба до последен атом на силите сум видел само во Вардар и оваа Хрватска. Се надевам денес против Шпанциве да ја дадат најдобрата партија и конечно да го стават Европското злато на врат, пошо момциве и пред финалето веќе го заслужуваат.Не чека супер интересно финале, пивото е спремно, у мое имe можам да кажам- Ајмо Хрватска

!