Фан клуб: РК Пелистер

Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Десниот бек Димитриевски(а.к.а.сијуксот) ако се секавате лани беше во Пелистер сега игра за Преспа ако го забележа некој вчера бр.6 носеше!
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Ракометниот клуб Пелистер, некогашната гордост на Битола и на македонскиот спорт денес е во зоната на просечност. Ентузијазам за враќање на старите патеки има, но финансиите остануваат главна болка.

Во 18 годишната традиција на Купот на Македонија Пелистер од Битола со 5 пет трофеи и десет учества во финалните мечеви е едно од доминантните имиња.Успеси остварени главно во 90-те години.Пелистер е највпечатливото македонско ракометно име. Но,од поодамна веќе не е во прв план.
Стевче Стефановски, беше долгогодишен голман на Пелистер. Тој е едно од најистакнатите имиња во клупската историја.Денес е тренер на Пелистер. Тешко му паѓа состојбата во која се наоѓа клубот.
„ Сево ова тешко ми паѓа. Јас сум еден од оние членови од стар ков,задоен сум со идеата дека Пелистер секогаш мора да биде во врвот.Но,реалноста е сурова,а состојбата е таква каква што е“.
Квалитет има , пари не Стефановски отворено зборува за причините на урнисувањето на клубот.
Пелистер беше првата значајна станица во кариерата на најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров.
„ Има многу елементи зошто е тоа така.Нема да ја откријам Америка ако кажам дека главната причина се финансиите. Сега, како клуб со постоечката управа се бориме со сите сили некако да го одиграме ова првенство. Во целокупната состојба на клубот за Стефановски најдоброто се ракометарите.
„ Квалитет има.Во клубот играат поранешни и сегашни репрезентативци како што се Зарков, Димитровски, Атанасовски, Тосковски и да не набројувам...Сите тие во минатото беа носители на играта на репрезентацијата. Но,да не заборавиме дека кај сите што ги наведов и годините се присутни, што не е плус за Пелистер.Затоа мора да се инсистира на работа со помлади категории“, вели Стефановски.
Голема болка за верните навивачи
Пелистер во 80-те, 90-тите години беше далеку најдобар македонски клуб, беше во врвот на екс-југословенскиот ракомет, беше финалист во Купот на ЕХФ, полуфиналист во КПК...
Стефановски смета дека нема споредба со условите во кои некогаш Пелистер опстојуваше. Заедничката нишка со времето минато е само една.
„ Во моментов условите за работа се неспоредливи со оние порано. Нашата рак рана се финансиите. Но,мене ме радува ентузијазмот кој не е загубен кај играчите.Исто така и кај управата и сите оние на кои барем малку им е Пелистер при срце, ентузијазмот не спласнува“.
Пелистер беше препознатлив и по своите навивачи. Темпераментни, лојални на клубот. Обично салата Младост беше претесна сите да ги прими. Како тие го доживуваат клупскиот застој.
Битолчани посакуваат враќање на старите времиња одбележани од успесите на Пелистер
„ Многу болно. Јас како тренер сум во постојан контакт со нив и ова го знам. Ме радува само едно,дека публиката се враќа во салата Младост, ракометниот македонски храм. Неколку години наназад не сме имале полна сала. Во есенскиот дел повеќе пати ја наполнивме. Тоа беше во мечевите против Вардар и Металург, кога постоеше огромен интерес“.

Спасот во талентите
Стевче Стефановски враќањето на Пелистер го гледа во малку добра волја на градот и во правење на добра селекција на млади играчи.
„ Македонија е поднебје со многу таленти. Треба само добра волјаа во градот, да не поттурне, да ни даде елан и мотив да собереме млада екипа. Со добра работа, сигурен сум дека резултатите ќе дојдат“.
Пелистер,некогашната гордост на Битола и на македонскиот спорт денеска е во зоната на просечност. Заслужува, што е можно поскоро да излезе од неа!
Во право е Цревото за се,реално е прикажана состојбата во клубот.
Посебно во право е дека Пелистер во иднина мора да се ослони на помлади играчи.
Со секој респект за постарите играчи кои се носители на играта,но во иднина Пелистер мора да направи млад тим,доколку е можно да се донесат и некои талентирани играчи од другите градови и со нив да се работи и тие да се форсираат.
Доколку останат некои од постарите играчи,тие ќе бидат само од корист и ќе го дадат потребното искуство,ама костурот на тимот треба да биди составен од ракометари помлади од 25 години.
Во моментов Пелистер во школата има 2,3ца шо имаат добар талент,другите рака на срце тешко дека би оставиле некој поголем впечаток,па треба да се побараат деца од другите клубови,има доста добри деца кои можат да напредуваат во Пелистер,се знае која е најдобрата школа за ракомет и каде станале вистински играчи грото од денешните репрезентативци.
Под претпоставка дека ќе најдиме некој добар спонзор(во шо не верувам искрено):kesa:,со оваа ситуација и распоред на силите,тешко дека некој ќе го тргни Металург од тронот,барем не додека е Минчо таму и вложува толкав капитал.
Единствено чаре за Пелистер да им се спротистави на Вардар,а посебно на Металург,е во клубот да се врати Силјан Мицевски,но таа опција е скоро невозможна,други фирми од градот шо можат да го вратат сјајот на ракометот за жал нема,па така не ни останува ништо друго освен да почниме се одново,да направиме млада екипа,да ја спремаме и да чекаме подобри времиња.:jaj:
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Се ова е џабе кога е сервирано на ваков начин... Повремено некој весник ќе напише за Пелистер и то е то, кучината лајат караванот си врви :kesa: Најдобро е да се собериме пред општина и да штрајковаме, кога можат да штрајковат буквално сите, тогаш зошто не и ние.
Јоше можи е најповолно да се одбираат млади таленти и да се гради тим за во иднина, ама и тие си барат пари, клубот едвај обезбедува стан за играчи кои не се од Битола а замисли и другите трошоци. Тешка ситуација, според мене да бевме разумна и правна држава ќе се донесеше еден закон за спортот така што сите екипи да имаат еднаков буџет, или пак ајт аматеризам па барем да не кукаме дека сме изгубиле од Металург оти имале тридупли буџет од нашиот.
Секоја чест на сегашната управа за тоа што клубот колку-толку "преживува" од ден за ден, ама според мене (мое лично мислење) најдобро е ако не се кадарни да направат нешто повеќе во иднина, да ги остават печатите и клучевите кај Двојче во општина и тој да бара чаре.

Незнам зошто, ама никој апсолутно никој не спомна зошто не се поставени столчињата на другата трибина, сакаме да ја вратиме публика а кај треба да стои таа? на земја? Безброј ветувања за помош, за консолидација на клубот и од сето тоа ама баш ништо...
Од друга страна не отекоја со "КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ", а денар не влегва во спортот (во Битола) и нема ни да влези како што изгледа...

Пак ќе речам, се е џабе...
 
Од штрајк пред Општина ама баш нема никаков ќар.
Оваа гарнитура во Општината ама баш ја боли:bip: за Пелистер и за спортот.
Глумецот Двојче кога дозволи неговиот сакан театар да пропадни,па шо останва за ракометот фудбалот....
Од Општината не треба да се надеваме на помош-а баш треба/ше да биди обратно.
Види во помалите градови,Кичево,Штип,ете и во Аеродром,градската власт учествува со голем процент во буџетите на клубовите-можеби не е некоја голема сума,но барем ќе има колку толку за редовна плата на играчите и за намирување на основните трошоци за превоз,плаќање на служебените лица.
А кај нас во град со скоро 20 мил евра буџет,на никој од КАБАДАИТЕ во општината не му текнува дека редно време е градот да направи нешто за спортот во градот.
Кој град е ова без квалитетен спорт и театар,две нешта по кои Битола беше препознатлива на времето
Полека Битола станува црна дупка во спортот,видовме каква судбина доживеа кошарката,ракометот го чека истата судбина ако се продолжи вака.
Закон за спорт во оваа држава нема АБЕР да се донеси,а ГАРАНТИРАМ дека Власта не ни помислува на вакво нешто-зошто ако го донесат законот парите шо ги добиваат од поголемите фирми на има данок на добивка наместо во трезорот би се слевале во клубовите,а тоа во никаков случај не им одговара,па затоа е оваа ситуација на КРПЕН ЖИВОТ со 99% од клубовите во државата.
Ние можеби сме единствената земја во Европа(не вервам дека во другите банана држава како нас од рангот на Азербејџан,Ерменија,Албанија....)нема закон за спорт.
Срамота,а се бориме за влез во ЕУ,ние не сме ни за во Африка.
Видете до кај се Хрватите одкога се донесе тој закон за спорт,да не прајме муабет за Словенија......а ние кај сме,колку заостанавме на овај план.....

А за салата ЗАЦ,повторно "заслугата"ја има градот!!!
Зошто дозволија да се смени стариот директор,кој рака на срце беше најдобриот директор на салата од постоењето наваму.
Стабилен дечко,со визија,решителен.се заангажира и успеа за краток период да направи многу повеќе од сите негови предходници заедно....
Амаа.
Не им чинеше на моќниците,им се скрати сериозен извор на пари кој дотогаш одеше во партиските каси,и оп го СКИНАА одма,и донесоа на негово место друг човек,еве веќе 6,7 месеци поминаа од неговото назначување со прст нема мрднато за а салата,едната трибина е гола,без ниедно столче,зимата кога беа дождовите внатре од вода не се влегваше,едноставно пак салата е вратена на нивото од пред 2 година-тест на СТАТУС КВО состојба-руинирана,запуштена,незатоплена,......:kesa:
Двојче и неговите другари требаше да ургираат за салата,иако се вадат дека салата не е во надлежност на град Битола,кога можеа толку помали градови да си ги вратат салите под своја капа,можеа и овие нашите,ама баш ги боли....
Можеа да издејствуваат Битола да ја добие заслужената подобрена,реновирана сала која беше ветена!
Ништо не напраја.
Ама Двојче само за сликање го бива,се скапа фалење на прославата во октомври дека и тие ДОСТА помогнале во менувањето на паркетот,а немаше ништо од тоа:nenene:,паркетот беше менат од донација на спонзори,градот мислам дека даде некоја смешна сума,,,:nesvest:
Даваше многу изјави за помош на клубот-ништо не се оствари.
За состојбата со стадионот нејќам ни да говорам,бетер е од салата,катастрофа:tapp:
Е па самите сме криви,никој не ни е крив,зошто Градот Битола не сака спорт,џабе ние викаме за помош,џабе тие апели за спонзорирање на битолските клубови,кога ама баш ги заболе Битолските фирми за Пелистер.......
Ете гледам некни финале во кошарка Фени-Вардар-на дресовите на судиите лепенки за спознортсво од BI-MILK и Пелистерка.....:tapp:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Абе ко стигна косово да има поквалитете ракомет од нас со милионски буџет ДА СИ ЌУТИМЕ!!!!!!!!!
П.С. Таму е прогласен ЗАКОН ЗА СПОРТ!!!
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
властите не треба да ги критикуваме што не даваат пари за клубовите,треба едноставно да скројат закон за спорт како за секоја нормална држава....дотогаш џабе е СЕ
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
властите не треба да ги критикуваме што не даваат пари за клубовите,треба едноставно да скројат закон за спорт како за секоја нормална држава....дотогаш џабе е СЕ
Никој не рече,и никој не очекува властите ДИРЕКТНО да даваат за клубовите.
Тоа никаде го нема..
Но добро кажав,секаде во цивилизираниот свет,властите имаат донесено квалитетни закони за спорт,досега пред собранието имаше неколку предлози за закон за спорт,ниту еден не беше усвоен,и влезен во процедура-пак ќе кажам од причина која ја спомнав погоре-во моментов Владата не сака парите кои фирмите и ги даваат од име на данци на добивка да и бегаат по клубовите.
+Кога можат во помалите општини локалните самоуправи да го помагаат спортот,колку тоолку да живурка,нашата локална власт во Битола е за секоја осуда,можат барем да се потрудат преку јавните претпријатија да им се откупуваат блок-влезниците на клубовите,и ќе има некој денар во клупските каси,така беше порано,и колку толку се одржувавме на некое ниво,сега нема ништо....
А и малите деца денес знаат дека Градот,со ослободување од некои давачки за градежни дозволи,маркици.....можат да привлечат спонзори,кои ќе го помогнат спортот,имало некои обиди досега инвеститори од надвор да сакаат да вложат во клубовите,но ништо не бидна, зошто општина Битола нема слух за спорт....
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.154
Поени од реакции
7.850
властите не треба да ги критикуваме што не даваат пари за клубовите,треба едноставно да скројат закон за спорт како за секоја нормална држава....дотогаш џабе е СЕ
Како бе Иве не требало да ги критикуваме !
Кој треба да го критикувам ако не нив? Играчите на рк и фк Пелистер управите кој крај со крај не можат да врзат
Нели велиш дека треба да се донеси закон за спорт а кој треба тој да го донеси јас ти или владата (влатите) единстевно само тие се криви за оваа состојба во спортот во државата и не е само со законот проблемот и ред други работи
Пример ете ќе го исклучиме законот што правиме со спортските објекти кои се под надлежност (сите) на државата еден денар се нема вложено во спорските објекти во Битола и не што не прават нови туку и овие што ги имаме ги уништуваат
Како може да прават стадион (филип2) и спорска сала (борис трајковски)во скопје а Битола ништо рекоја дека ќе го направат стадионот и ќе донесат рефлектори (властите) ама се загинаја некаде кај РЕК битола ,за помошни игралишта да не збораме во сите села направија во државата а кај нас две ги прават 3 години и то аедното во село а не кај стадионот кај што треба
Салата претходниот директор почна да ја поправа нешто да ја реновира не дека сум за тоа јас сум за нова сала од капацитет на 8000 гледачи но барем овај малиот што беше почна да ја прави му опнаа кривична крадел пари и така остана салата почната не допранена ниту столчината што ги ветија не ги донесоја (властите) мали сали знаеш колку се изградија во државата во секоја населба во скопје има а кај нас една и таа на училиштето (еконоско)му ја дадоја
Да не правиме муабет за атлетска патека како во охрид што ја отворија пред некој ден таму нема ниту атлетичари ниту ништо ама важно патека направија (најсовремена) а кај нас барем има атлетичари(неколку) ако не друго
Карпа за качување ќе правеа во скопје и да знаеш ќе ја направат а кај нас ни ал ни абер за таа работа
Тениски игралишта беа ветени 5 да се напрват а знаеш колку се направени ? ич 0 и тие што се 3 се приватни и тешко нив не можат салам да ги одржаваат
Базенот (затворен) знаеш од кога е ветен дека ќе се направи и колку пати се турани темели и се сликани (сите власти) до сега барем едно 10 години рачунај 5-6 валсти и што има таму кај техничко ништо само шут и смет се бери ништо нема

Никогаш нема да има со вакви наши локални битолски пратеници кој му е важно само местото (министерско) и платата и дневниците во собранитето а за избори сите се сликаат со сите клубови па и локалната власт е резил бре да дајш 3200 евра како донација на фк Пелистер од толкав буџет 20милјони евра не можеле да дат а кој треба да дај кога тие се здружениа на граѓани а не се приватни клубови па сопственикот да му ја мисли
Приемрите што ти ги дадов се само за скопје што ми текнуваат а има многу други ете сега да речиме за стадионот во штип кој го гради државата со локалната самоуправа има многу работи за борање и едно ќе речам дека СУМ КРАЈНО РАЗОЧАРАН ОД ОВАА ВЛАСТ ЗА ВЛОЖУВАЊЕТО ВО СПОРТОТ ВО БИТОЛА

ps.знам дека моите ставови се како
опозициски
но имај на ум дека сум член на вмро-дмпне и ми е криво што не бев во можност да присуствувам на триината премиерот и владат пред два три месеци кога беа во Битола и голем дел од ова ќе му го поставев и таму ќе немаше бегање и рачунај дека му имам пишано на пошта и на агенција за млади и спорт и сите локални тв и радио станици за ова и никој нема прашано а не да се стори нешто Катастрофа
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
гледам мојот последен пост не се прочитал цел,туку дел по дел,така се изваде од контекст мислењето и го нема истото значење!!! Горане,се бара закон за спорт каков што одамна имаат развиените земји и каде што ако вложи фирма во спортски тим добива повластувања било во олеснување на даноците кои треба да ги плати,било во повластувања во врска со концесија на одредено земјиште за градба итн,итн.... треба да ти стани јасно дека за спортските клубови не се грижат влади и градоначалници никаде во светот,освен ако не матат некои сметки преку истите
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Имате нешѓто разбрано за денешниот натпревар со МРК вадрар- дали ке го има на тв мислам во 20 00часот е ????????

--- надополнето ---

Да мне знај некој колку е резултатот полувреме е изгледа сега??!

--- надополнето ---

Изгубивме 31-27
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
гледам мојот последен пост не се прочитал цел,туку дел по дел,така се изваде од контекст мислењето и го нема истото значење!!! Горане,се бара закон за спорт каков што одамна имаат развиените земји и каде што ако вложи фирма во спортски тим добива повластувања било во олеснување на даноците кои треба да ги плати,било во повластувања во врска со концесија на одредено земјиште за градба итн,итн.... треба да ти стани јасно дека за спортските клубови не се грижат влади и градоначалници никаде во светот,освен ако не матат некои сметки преку истите
Иве то е повеќе од јасно дека владите и градоначалниците не се ГРИЖАТ ДИРЕКТНО за клубовите-убаво беше објаснето во предходните мои постови,а добар реален пост имаше и од горан.
Ама сега немој да го браниш градоначалникот,а по твоите постови заклучувам дека го браниш и му отфрлаш дел од вината за очајната состојба во спортот.
Двојче и неговата гарнитура се на власт и се диретно/индиректно одговорни за состојбата со спортот во градот.
Помогна во фудбалот пред некоја година,то е факт,беше еден од иницијаторите за враќање на Пелистер во првата лига,доста ја помогна тогашната управа на чело со Монголот,Тони Мицевски и Митко Стојковски,за то секоја чест,после се случи то шо се случи со Пелистер,откажаа спонзорите Сибе и Би-Милк и Пелистер две години не виде бел ден.
Работата на Градската Власт е да се грижи за развојот на градот,а кога во еден град немаш квалитетен спорт не можи да имаш развој на културен и духовен план,посебно на младината.
А овде најмногу затаија градските власти,посебно со гордоста на Битола-РК Пелистер!!!!
Ти кажав има мал милион начини како да го помогнат клубот-не мора со директно префрлање средства од градската каса,ќе ги задолжат јавните претпријатија да откупат блок влезници за утакмиците на домашен тере,да се обезбеди превоз за играчите,со само малку акција ќе се обезбедат најосновните елементарни услови за функционирање на клубот-барем за плати,за превоз,и за плаќање на придонесите на службените лица,има начини-но само треба да се сака и да се реализира акцијата.
Кога ќе бидат обезбедени основните средства ќе се отвори огромен простор за влез на спонзори,и тие бараат некоја сигурност-ниеден спонзор нема сам да се нафати да покрие се во клубот-мора сите да помогнат....
Денес сиуацијата со помошта на градот за спортот е мизерна,по неколку илјади евра годишно помош за клубовите:ija:
Тоа не е помош,со тие пари не можат да се покријат потребите ни за неколку дена,а камоли за 9,10 месеци колку шо трае една сезона.
Кога можеа да се организираат и да го накренат спортот во Кичево,Штип,Струмица-нашата локална власт е за секаква осуда,и не постои ништо шо ќе ги испери за оваа ситуација во која е донесен клубот.
Зошто градот Битола останува нем за состојбата со салата Младост?
Зошто не ја побара под своја надлежност?Како шо сторија скоро сите општини,само ние си седиме со :bip: в раце.
Досега ако сакаа ќе ја вратеа салата,ќе се реновираше се како шо треба и како шо беше планирано.
Срамота е за градот ова шо се случува,а во последно време не е само спортот,и во сите сектори бележиме стагнација,не стигнаа и поминаа многу општини на секој план!!!
Не се живее од ветувања и прес конференции!!!:tapp:
А досега од луѓето шо навистина имаат и сила и можност да ги средат работите добиваме само ветувања,ветувања......:blabla:
Никој со прст не мрднува да се подобри работата.
Е па ќе немаме спорт,и не само спорт,туку и многу други работи немаме во градот-добри работи шо сме ги имале,а сега повеќе ги немаме,зошто директно.индиректно некој ги запустил:ija:
То е то!!!:jaj:
 
реално во градот фалат многу понеопходни работи пред спортот!!! вработување,инфраструктура(патишта дупка до дупка,водна инфраструктура во распаѓање,за среќа се работи на случајот итн да не испадни дека ги фалам властите)......бараш од политичарите да вложат во спорт,само да знаеш дека тоа не им е бранша и струка ! за спортот исклучиво треба да се грижат спортски работници,затоа што сегде каде се вмешала политиката не донесла ништо добро......исклучиво приватизација е решение и ништо друго,градот не смее на сметка на редовното функционирање на општината и нејзина надградба да го фаворизира спортот пред СЕ друго неопходно....помина времето на спортски здруженија како граѓански или општински здруженија,сега спортските клубови МОРА да се реорганизираат како во сите успешни странски лиги...дотогаш остануваме на безполезни дискусии
 
Z

ziko bt

Гостин
ГОЛМАНОТ НА ПЕЛИСТЕР ПРЕД ТРАНСФЕР ВО СТРАНСТВО
Тоскоски повторно интересен за грчки екипи
Голманот на Пелистер Игор Тоскоски е пред враќање во Грција, откако пред две сезони настапуваше во дресот на тогашната шампионска екипа на Дукас. Иако Грците тогаш му понудија продолжување на договорот, Тоскоски поради повреда реши да се врати во Пелистер.
Деновиве битолчанецот, кој пред две години се најде и на репрезентативниот список, кога една полусезона настапуваше за Босна, доби нови понуди од грчките екипи Аргос и Паниониос. Во меѓувреме, за Тоскоски интерес пројави и еден второлигашки клуб, по што популарниот Тосе преку ноќ се најде на слатки маки.
- Дали и која понуда ќе ја прифатам, секако ќе зависи од условите кои ќе ми бидат понудени - вели Тоскоски, не исклучувајќи ја и последната опција да остане во Битола.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
реално во градот фалат многу понеопходни работи пред спортот!!! вработување,инфраструктура(патишта дупка до дупка,водна инфраструктура во распаѓање,за среќа се работи на случајот итн да не испадни дека ги фалам властите)......бараш од политичарите да вложат во спорт,само да знаеш дека тоа не им е бранша и струка ! за спортот исклучиво треба да се грижат спортски работници,затоа што сегде каде се вмешала политиката не донесла ништо добро......исклучиво приватизација е решение и ништо друго,градот не смее на сметка на редовното функционирање на општината и нејзина надградба да го фаворизира спортот пред СЕ друго неопходно....помина времето на спортски здруженија како граѓански или општински здруженија,сега спортските клубови МОРА да се реорганизираат како во сите успешни странски лиги...дотогаш остануваме на безполезни дискусии
Добро бе Иве,толку не сфаќаш?
Или се обидуваш да не сфатиш?
Кој рече,и кој очекува од ПОЛИТИЧАРИТЕ да вложат "нивни пари,читај ОПШТИНСКИ ПАРИ"во клубовите?
Никој не го очекува ова,ако го сфатеше добро мојот предходен пост,а и постот на Горан,ќе заклучиш дека од нив бараме да се заангажираат за решавање на проблемот со спортот во градот.
Дадов само еден мал пример како можат да помогнат-да ПОМОГНАТ,а не да го преземат цел товар на финансирање-никој не ни бара од нив да ги финансираат клубовите,само да создадат мали,минимални услови,да обезбедат елементарни услови за развој на клубовите-останатото ќе го обезбедат евентуалните спонзори кои би влегле во клубот-доколку стои градот зад клубот,би се нафатиле и спонзори да иневстираат,зошто ќе имаат некоја гаранција од градот..
Пак ќе ти ги кажам примерите со другите општини,шо напраја тие,шо напрајвме ние?:tapp:
Кога можеа тие со далеку помали буџети и ингеренции да направат нешто-тогаш нашите ТАТКОВЦИ заслужуваат секоја осуда,и немој да ги браниш,зошто и сам знаеш дека не си во право.:nenene:
Не е нивна задача само да закрпат некоја улица низ градот(со пари од ЕУ)-и да постават плочки во паркот-туку нивните ингеренции и задолженија се далеку поголеми и ПООДГОВОРНИ.
А мене најмногу ме нервира нивната НЕОДГОВОРНОСТ и пред се НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ за решавање на проблемот,тука е маката......
Не е водење на град само да се препукуваш по телевизии со опозицијата,туку да седниш и да направиш се за да ги решиш проблемите,или ако не можиш да ги решиш барем да се обидиш да направиш нешто-а овие со прст не мрднаа,ни за клубовите ни за стадионот и за салата,за тие ветени игралишта,базени......нејќам ни да спомнувам,остана само на слатки зборови....:kesa:
Битола има буџет од околу 20 ина мил евра(не знам точно),дел од овие пари се користат за исплата на платите на буџетарите кои примаат плата од Општината,со ваков буџет треба да се направи многу повеќе за градот,остај го спортот настрана во случајот-за развивање на индустријата,за привлекување странски инвестиции-ова во Битола е ТАБУ тема последните години-овде бележиме најголема стагнација.
Наместо да оди напред градот,назадува.....то е факт!!!!
А најмногу сум разочаран од Битолските пратеници во Собранието-кои ништо не направија за Битола во последните 20 години,ама баш ништо!!!!

Околу ова дека спортистите,спортските работници треба да ги водат клубовите-се сложвам,ама и тие ги запалија патиките од кога видоа на какво дереџе се клубовите,секој сака да работи во среден клуб-а не во клуб кај шо нема основни услови.....
Па сега спортските работници наместо на спортските терени се занимаваат со нешто сосема трето-шо нема никаква доприна точка со спортот.:kesa:
Викаш ПРИВАТИЗАЦИЈА на клубовите му е мајката.
ОК е то-ама во некои нормални држави,а не овде.
Кој ќе купи клуб со долгови од неколку стотина илјади евра,можеби и повеќе?:ija:
Класичен пример е ФК Пелистер-еден куп доверителски побарувања,еден куп судски постапки кои чекаат разрешеница-еден куп луѓе бараат пари преку суд од клубот-а клубот до вчера немаше пет пари.
Од кај ќе ги наплатат сите тие пари?
Секој инвеститор сака чиста сметка,функционална жиро-сметка-а не како кај нас во Македонија-блокирани жиро сметки на 99% од клубовите.....
Видовме шо се случи со Вардар,и не е само Вардар пример-сите спортски имиња кои значеле нешто порано сега мака мачат за егзистенција пред се заради несредените работи од минатото-матните работи кои ги правеле поранешните управи.....
Класична Приватизација на овие клубови,барем во блиска иднина нема да има.
Единствено чаре е ,помош од сите страни,со помали спонзорства,да се направи еден пристоен буџет и да се тера понатаму-па да чекаме некои подобри времиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom