Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Според информациите и Василев ќе пали патиките.
Сери најверојатно ја обновил повредата на пријателска со двојката која ја играле неколку дена пред утакмицата со Вардар.
Сери ако е така право Косотозглобна и правец дома! Се виде 1 играј 10 лежи....Не бива.. А штета каков топ во раката има(ше)
 
Ништо од Томовски, Филип Илиќ тандем со Митревски. [emoji3515]

Чим се носат засилувања, значи продолжува платформата, а то е потег за поздрав. [emoji123][emoji122]

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Каков Томовски, не се заебавајте бе... Не треба да се размислува воопшто за такви опции.

Покрај Митревски , единствена друга опција за мкд голман треба да биди Галевски. Се друго е на ниво на Ќизич.
 
Последно уредено од модератор:
Треба Бранче да му објасни на Фитиљо дека не е исто да играш против Бутел и против Кил.
6-7 напади ги споеба и ни се одлепија ради него, плус 2мин во одбрана.
Треба малце да го олабај, да одмори на клупа. Нека игра Емилијан на вакви натпревари поќе, за да добие самодоверба.
 
Мора да се задржи костурот на екипата за следна сезона. Не смеат управата да си дозволат исти грешки од минатото. За играта денес добро е шо се ротира и скоро сите добиват минутажа. Танкоски би го задржал пред Тајник во екипа. Од Богдан немаме кизнеј каква корист. Василев и Цехте треба да се задржат. Борзаш исто топло ладно. Добро е шо нема повреди спремни ќе го дочекаме Охрид. Вардар можи уште наредно коло да киксни со Тиквеш така да ќе биди интересно за викендот.
 
П
Мора да се задржи костурот на екипата за следна сезона. Не смеат управата да си дозволат исти грешки од минатото. За играта денес добро е шо се ротира и скоро сите добиват минутажа. Танкоски би го задржал пред Тајник во екипа. Од Богдан немаме кизнеј каква корист. Василев и Цехте треба да се задржат. Борзаш исто топло ладно. Добро е шо нема повреди спремни ќе го дочекаме Охрид. Вардар можи уште наредно коло да киксни со Тиквеш така да ќе биди интересно за викендот.
Вардар можи уште наредно коло да киксни со Тиквеш.......Прогноза ќе видиме за два дена.
 
Незнам оти очекувате сите некој да киксни...
Воопшто треба да очекуваме само 14/14 и да немаме повреди до крај на сезона.
Треба само ротацијата да функционира оти ако се оди со "куц куц" ништо нема да извлечеме од тоа шо имаме за нијанса подобри играчи.
Отсуството на Сери се надевам ќе го искористи Павле да се наметне во ротација на 3-4 оти ни треба побрз играч на таа позиција кој ќе може да излезе на висока 6-0 позиција да го запре нападот од старт.
Ако амбициите на клубот се догодина да одиме во Europa League мислам не треба да се расфлаат со пари на скапи играчи од типот на Богдан или некој екстра среден/десен бек.
Треба да им се даде шанса и да се поработи индивидуално на технички план со Павле со Емко а посебно на физикусот на Емко. Детето да има талент има скок шут но се губи почесто не може да следи чекор. Павле пак да не ја прави грешката да игра со глата надолу како шо го правеа/прават и Талевски и Кузмановски оти ќе остане само специјалист во одбрана.
Вклучување на Бели во тимот за догодина, Самоил можи но би рекол нека начука полнолетство па во прв тим, Мирче (19) а и Алем (17) рано им е за прекоманда нека добијат поголеми самодоверби.
Проблем голем е то шо федерацијата неофицијално бара еден активен тим во Супер лига, ништо чудно да ги турнат сосила и да опстанат Вардар Неготино и Куманово.
 
@Prezimeto - Многу точно кажано.
Не треба ние да се замараме со кој играат пеотивниците и дали ќе ќикснеле, него да се фокусираме на 100% учинок во плејоф ако сакаме да ја одбраниме титулата.
И да ќикснат, мора да ги победиме сите за да титулата биди чиста како солза и без калкулации како лани.
Чекор по чекор... В недела прво Охрид, па на гости Тиквеш итн...
 
Ѓорговски е вреден играч да се работи технички и да игра прва постава барем во натпреварите со послабите противници , често пушта топка до крило и со тоа ја шири противничката одбрана, на таа страна го има сега Манасков кој вреди да добивa повеќе топки. Таа особина ја немаат многу левите бекови на Пелистер. Вчера имаше неколку добри потези за проигрување од страна на Ѓорговски и со Манасков и со Богдан на другата страна. Нормално е да се прават грешки само треба да се крени самодовербата и мое мислење е дека би бил многу подобар од Борзаш, кој на послабите утакмици има доста форсирани шутеви. Генерално фали доста игра преку крила на сите утакмици.
 
Ти бе ракомет гледаш или на форум си мирцаш па гледаш кој шо ќе објави?
И двете работи одеднаш ги правам, додуша на форумов поинтересно отколку ова ракометов ако можам така да го наречам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв