Уште нема спортски директор, а по секоја логика тој би требало да биде пресуден при изборот на новиот тренер.
Но, не би се изненадил овие нашите да изненадат со нова "работна група" и да останеме пак без спортски директор.
Од овие имиња што се вртат, ниту едно не ме импресионира. Општо, нема некоја преголема понуда, а веќе се доцни со изборот, доцна и тргнаа да бараат лик за таа функција.
После оваа катастрофа и милион грешки, веќе требаше да се има план за новата сезона, а кај нас ништо не се знае.
За тренер исто е тешко, можеби и не би било до толку да е друг клуб во прашање, ваму треба не само тренер што знае фудбал, туку и што ќе донесе мир околу клубот, особено ако не тргне добро или подоцна се појави некоја криза.
А слично нешто е и со спортскиот директор.