Фан Клуб: Славија

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.536
Поени од реакции
1.521
Сепак отидов, на време фатив оти среќа каснеше 10-15 минути оти некои ја исекле мрежата на едниот гол.

Дербито во Кисела Вода го доби Слободен со 4:1 против Славија. Тврда утакмица, но Слободен беше подобар, ја имаше играта и малку шанси ѝ дозволи на Славија која настапи без петмина суспендирани играчи поради тепачката против Кул пред две кола (добија по 5 до 18 месеци суспензија). Прво полувреме само 1:0 и тоа откако Ѓунер, патем поранешен играч на Славија, ама на лажна, изнуди пенал, а Малов го реализираше.


Во последната минута од првиот дел еден дефанзивец на Славија го насади Малов да добие црвен, прв го удри од позади, нашиов му врати, а судијкана Теодора само ударот на нашиот демек го виде па му кажа на главниот дека нашиот мавал и доби директен црвен. Глумецот од Славија после пољупци праќаше до нашиот, се фалеше дека го насадил.

И со играч помалку пак бевме подобри. Ѓунер пак го соборија во шестнаесетник за втор пенал, а овој пат капитенот Најдовски искусно реализираше.


На самиот почеток на вториот дел Славија имаше колосална шанса, но нивниот напаѓач промаши празен гол. Потоа и 3:0 откако Славија беше во напад, еден нивен ја згреши, Најдовски ја зема и даде долга топка во фор до Ѓунер кој чекаше пред линијата на пола терен, поради тоа немаше офсајд, истрча напред, го помина голманот и матираше за 3:0. Следуваше мал прекин откако 3 играчи на Славија разочарани го напуштија теренот, па продолжија прво со 8, па после влегоа други. Славија врати еден преку Мајковски, до лани играч на Слободен, откако топката удри еден наш играч и смени правец, иначе тешко дека и тоа ќе беше гол. Потоа конечните 4:1 ги постави бекот Миновски и тоа со мајсторски лоб.

фотки: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=fksloboden&set=a.945139974280504
 

Kajgana Shop

На врв Bottom