Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Емполи зеро - Рома уно !

Повторно важна победа ,впрочем секој натпревар нас ни е како финале од сега па натаму ..Затоа што Рома веќе е во игра за 4то место кое води во ЛШ..
Стопена е разликата дојдовме на -6 од Јувентус каде нас следни натпревари ни се дома Каљари,гости Лече и судир со Јуве дома..Многу битно е да се добијат Каљари и Лече они имаат дерби кај Виола што не верувам дека лесно ќе поминат..
Имамо право да се надеваме и сонуваме кај бевме од сезона без надежна до фуриозна завршница стигнавме.. Од +2 бода од зоната за испаѓање до -6 од место во ЛШ..

Малку околу играта на Кастелани поведовме уште од 20 секунда со голот на Соуле на асистенција на Сала-Един..
Можевме да го затвориме натпреварот уште до 30 евентуално до полувреме да не беа промашените зицери со ред на Балданзи,Шомуродов,Пелегрини нешто покасно на Довбик,Анхелињо и Коне..Пречки ,стативи ,паради се имаше на натпреварот..
Единствена шанса која можеше да биде кобна по резултатот ја имаше Емполи во 93 минута..
Па така малку луто дедо Ранко им се обрати на играчите дека е во поодминати години и не му требаат стресови морало порано да биде завршена работата..
Ранко смени дури 9 од 11 стартни играчи кои го победија Билбао..Свилар и Н'дика беа единствено стартери..Овој вториов па не здивна ниту едно полувреме..Секоја чест бабуш..
Јужната трибина на Кастелани беше за чиста 10ка што и Хумелс изјави дека се осечале како да играат на Олимпико..

Следен натпревар, четврток 18:45 Сан Мамеш
Билбао - Рома ќе гори !!!
Недостапен ќе биде Челик кој имал мускулен проблем..
 
31 коло викендов Рома - Јуве разликата е само 3 бода..Денес ова е едно финале пеколен распоред до крај од вечерва..Со победа тука ќе сме рамо до рамо со нерешено како до сега ќе остане ние да победуваме и да чекаме киксови на останатите а со пораз ќе останеме во борба за ЛЕ/ЛК..
Челик е во протокол додека за Дибала сезоната е завршена..
Форца Рома !!
 
Дан Фридкин дошол во Рим, ќе ја гледа утакмицата, незнам дали е коенциденција, денес Ерин Тен Хаг исто стигнал во Рим, ега не е точно, на толку италијански слободни тренери Хаг да го донесеш, незнам…

Што се однесува до дербито вечер, работата е проста ко грав, ако не тепаме нема да играме ЛШ, со оглед на тоа дека имаме најтежок распоред до крај од сите 20 тима во лигата. И другите резултати не ни одат во корис, Интер вчера да си тепаше и да играме со нив кога имат 4ри бода предност не е исто од колку сега ако тепа Наполи и им дојде на 1 бод разлика, ќе немаат право на кикс. Ако не тепа па Наполи тогаш не се приближуваме кон Болоња:toe: идеално ќе беше и Интер и Наполи да тепат.
 
Пичкарски пристап и на двете екипи, со тоа што на Јуве повеќе му одговараше, задржаа 3 бода предност на гости во Рим нерешено .. требаше после 1-1 да си остане 442 формацијата и да продолжат да напаѓаат, Раниери повторно врати на 352 и тоа е тоа, затоа шансите за ЛШ се намалија .. точно ако изгуби Болоња вечер се приближуваме на 3 бода до 4то место, ама па имаме убедливо најтежок распоред споредбено на Јуве и Болоња.. следни Лацио, Верона, Интер, Фиорентина, Аталанта и Милан .. Јуве дури вака на домашен терен и со оглед на нивната фомра, требаше да се тепа, јбг ..
Автоматски споено мислење:

Битно Тен Хаг како турист си дошол у Рим, никакви преговори со Рома, нека оди у Јуве там, нека почнува таму проекти на 2-3 години :)
 
Последно уредено:
Пичкарски пристап и на двете екипи, со тоа што на Јуве повеќе му одговараше, задржаа 3 бода предност на гости во Рим нерешено .. требаше после 1-1 да си остане 442 формацијата и да продолжат да напаѓаат, Раниери повторно врати на 352 и тоа е тоа, затоа шансите за ЛШ се намалија .. точно ако изгуби Болоња вечер се приближуваме на 3 бода до 4то место, ама па имаме убедливо најтежок распоред споредбено на Јуве и Болоња.. следни Лацио, Верона, Интер, Фиорентина, Аталанта и Милан .. Јуве дури вака на домашен терен и со оглед на нивната фомра, требаше да се тепа, јбг ..
Автоматски споено мислење:

Битно Тен Хаг како турист си дошол у Рим, никакви преговори со Рома, нека оди у Јуве там, нека почнува таму проекти на 2-3 години :)
Пичкарски по пичкарски пристап здравје..првите 20 мин едвај чекав гол да примиме за да ни препуштат посед живци искорнав гледајќи како ни играат пред 16терец..
На време се вративме со златниот џокер Шомуродов но останавме на тие 1-1..
А и она на Кристанте како не влезе на 0-0 :mad:
Реков ќе чекаме кикс сега на останатите..
Тежок распоред но има некоја шанса и за нас одморени влагаме во недела против Лацио кои истите идат кај Бодо после ни доаѓа Верона што значи 3 недели сме во Рим..Потоа идеме на Интер..Интер и со 2 постава е за нас опасен но и они имаат пеколен распоред на секои 3-4 од сега па натаму..
Чекор по чекор да се добие Лацио во недела па ќе правиме математики..
И да не дека сме ептен лоши ама во вакви натпревари ужасно фали Дибала :(
 
18 натпревари без пораз со 13 победи и 5 нерешени. Рекордот во лигата е 24 натпревари исто на Раниери со Рома во 2010та кога од средината дојдовме до борба за титула.
Ако се случи чудо да се пласираме во ЛШ, покрај сеуште тешките натпревари што не чекаат(фиорентина, милан и аталанта) Раниери слободно нека си потполни и поднесе кандидатура за нов Папа:D
 
Интер - Рома 0 : 1

Разоружан Интер..
Онаков настап на Рома во дефанзива одамна немам видено..Се што ги пропуштивме шансите за 2 па и 3 гол во дефанзива секоја топка се чистеше навремено како нашето трио да имаше изградено конески ѕид пред Миле..А пазете нашиот нај пргав играч подвижниот црвен картон Манчо имаше уште во 2 мин жолт и скоро сигурен бев дека на полувреме Хумелс влегува..Но овој никако не подлегна на ниту една провокација и обработа за чиста 10ка ставајќи ги Лаутаро и Арнаутович во џеб..
На висина беа и Н'дика и се посигурниот Челик кој не се надевав дека еден ден толку многу ќе допринесува во играта и дефанзивата..
Анхелињо топ, Коне ора по теренот,Лоло топло ладно но океј,Кристанте се што упропасти во офанзива на Рома им упропасти и на Интер во офанзива..Многу ,многу покриваше,сечеше и играше пожртвувано..
Довбик не ми се бендисува како реагираше при контрата 2 на 1 мора по зрело и да работаат со мистерот на завршницата..
Елдор вистинско благо на екипата..
И дами и господа Матиас Соуле...
Елеганција во движење..Која слобода ја има во играта едноставно ужива малиот во Рома...Погодени еден за друг..Но едно огромно фала да му каже на господинот Ранко кој веруваше во него и не го прати по Парме, Венеције и слични..
Ранко е чиста РомАнтика човекот изгубената сезона ни ја направи да ја гледаме со страст и со нетрпение до следниот викенд што во ноември звучеше како научна фантастика..
Во прилог оди и табелава на последни 20 натпревари..Screenshot_20250428_111109_Flashscore.jpg

Кажав јас и во претходниот пост..Рома има шанси за нешто повеќе во завршницава..Лацио беше заморен после Бодо..Интер го начекавме измеѓу куп и лш..
Сега нам ни следи Фиорентина која има обавеза со Бетис на гости и да им се реваншираме за оној пораз на Артемио Франки..
Секој натпревар од преостанативе 4 ако го изиграме како финале на лш тогаш има за што да се надеваме..
По моја проценка 70 бода ќе бида доволни за излез во ЛШ..
Не сакам малер да правам и да пишувам пред време ништо прво победа во недела па отом потом..
 
Кога застана форумот Раниери ни беше тренер а Гисолфи спортски директор.. сега, Раниери генерален директор, Рики Масара спортски директор и Гасперини тренер, не е лошо како за почеток.
Исто така, добро што ради ФФП до 30ти јуни не продадоа некој од битните играчи како Миле, Коне и највеќе Ндика.
Ќе бидат ограничени во трошењето ова лето и зимскиот трансфер период, што му е кажано на Гасперини, али вајда и му е ветено дека од другото лето ќе се фрлаат поголеми пари за засилувања, кога веќе нема да бидат под лупа на ФФП, не е вајда потпишал од голема љубов спрема клубот или ради погледот кон колосеумот што ќе го има од тераса, башка 5мил по сезона, а и во последен момент не испадна педер да смени мислење и отиде во Јуве, кои во последен момент го побараа

Фановите, поготово тие во Рим, немаат некое добро мислење за Гасперини, имаше и банери против негово доагање, ама јас сум задоволен. Ми е страв ако почне лошо сезоната одма да го линчат, ама вајда ја научија грешката,а тука е и Раниери да смири топка. Друго што ме е страв како ќе се снајде Гасперини, да не му се случи епизодата во Интер и да си стави печат дека е просечен тренер и за мали екипи..
Али јас мислам дека ептен ќе се снајде и дека е доста поискусен после 8те години во Аталанта, полуфиналето или 1/4 финалето во ЛШ и титулата во Лига Европа. И најбитно од се, да му се даде време на човекот, еден куп спортски фаци(бивши играчи,тренери итн.) поврзани со фудбалот рекоа да не се очекува Рома да игра како Аталанта до Јануар, за такво нешто ќе треба време. Јас како фан оваа година нема да ја земам во обзир, тимот досега играше бавен фудбал, така се проектирани и играчите и ќе треба време да се сменат нештата.
 
Буонасера рагаци !!!

Па кај сте бе ? Живи ли сте ,да се пре броеме :)

Мамето згасна форумот на нај интересната разврска во серија а што за титулата што за опстанокот и што за нас каде во последниот натпревар во некои моменти и бевме во ЛШ , но останавме по куси за 1 бод. ШТЕТА!!! А на Венеција - Јуве за пеналот кумуваше играчот позајмен токму од редовите на Јувентус..Но ајде минато е веќе тоа..
Како што кажа Шака Лака ново раководство Ранко,Рики и Гасперини..
Во ова трио верувам Рики го создаде шампионскиот Милан со Малдини..Додека Гаспер многу докажа во Бергамо..Не дека го сакам но што е тука е ,мора да го прифатиме и да идеме заедно кон нови успеси..
Се сложувам и јас и треба да му се даде време на Гасперини доколку резултатите не тргнат на добро..Тој и со Аталанта знаел лошо да почне но фаќал јака серија и се си доаѓало на место..
Се прашувам што ќе донесеме костурот го зачувавме што е најважно..
Но продадовме некои играчи како Енцо,Жалевски и Дал и некаде се заработени 40мил евра без бонуси..
Абрахам е жртвуван за ФФП и покрај што јадеше трице кога замина во Милан од мене едно фала што прифати во Бешикташ да оди и не спаси од барање жртва од почетни 11 а тоа би бил Ндика..
Има многу што се вратија од позајмица јас само мислам дека шанса на Кумбула треба да му се даде како играч од клупа и за ротации..Мараш имаше одлична сезона во Еспањол и помогна истите да останат во примера..
Тука е и Черубин детето од Рома кој се врати од позајмица..
Солбакен ќе фаќа магла во Норвешка.
Дарбо исто така ќе го ногираат.
Гурна дуат е вратен во Салзбург нашите сакаат но овие не даваат попуст за траен трансфер.
Салемакерс се враќа во Милан..
Виктор Нелсон вратен на Галата..
Хермосо ако може да го уновчаат би било супер..
Со Бове се прават нови испитувања и не се знае дали ќе продолжи во Италија или ќе фати патот за Енглеска..
И да Миле Свилар уште нема потпишано нов договор..

Горе доле тоа е тоа па се читамо драги Романисти во теков на летово со некои шпекулации и трансфери..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom