Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.252
- Поени од реакции
- 19.549
Кој рече дека ние сме етични...?Срам за навивачката група?! Што зар навивачката група го врати клубот во Прва лига, па да сега истата треба да се срами?! Или можда вие, ептен „поштените“ Чкембари, во знак на револт немаше да присуствувате на стадион, доколку истото евентуално се случеше со Пелистер?! Дај бе друже, па не сме вчерашни. Како демек вие ептен етични сте. Ова што се случи со Вардар е срам за спортот во Македонија, исто колку што беше срам кога тоа го направија и Брегалница и Македонија ЃП. Или тогаш немаше потреба да се потенцира дека е срам?!
Кај си видел ЕТИЧНИ НАВИВАЧИ?Секој си го гледа својот клуб,и го мрази својот ривал....
И не коментирам од име на Чкембари....
Јас од мој личен агол постирам-дека јас би се срамел Пелистер на таков начин да остани во Прва Лига...
А дека е ПРАВНО враќањето на Вардар-НЕ Е....Не ми одоговори ни ти. Значи Вардар не го измисли oва како начин на останување во ист ранг на натпреварување откако регуларно испадна. Претходно веќе истото го направија Брегалница, Мак ЃП и уште некој клуб. Тоа нели беше преседан? Или откако Вардар го искористи истиот начин, одеднаш стана преседан?! Се слагам дека начинот на кој остана не беше спортски, ама тоа не значи дека имаше нешто нелегално во целата работа. Напротив, сосема си беа испочитувани законите на ФФМ, кои дозволуваат замена на местата на клубови од различен ранг на натпреварување. И не е уопште точно дека само во афрички држави може да се случи вакво нешто. Информирај се подобро и ќе се увериш дека има вакви слуачи и низ Европа.
И тие приказни на друг да му ги кажуваш не мене....
Од чисто логично(а и професионално правно)гледиште,само ќе ти кажам дека ова шо се прави во Македонија е ЖИВ СРАМ...
Па после сакаме во Европа да одиме?
Абе еден денар таму да борчиш кон било кого,одма клубот оди во стечај...
Еден куп примери има...Портсмут,ете сличен проблем имаше и Удинезе лани....
Законите важат за сите....
Никој не те толерира....ако работиш неправилно...
А кај нас,клубовите со години функционираат со блокирани жиро сметки..
Не само Вардар туку и сите...
И ти ми зборуваш дека функционира закон?Абе каков закон какви бакрачи..
Да сме некаде во друга држава,досега пола од тие местачите од клубовите ќе беа во ЌЕЛИЈА во Идризово.....
И шо е правно овде?Немој молим те не се срами со вакви коментари.....
Како беше можно Вардар да го врати старото име?ФК Вардар?
Тој клуб е со блокирана жиро сметка,испаднат во Втора Лига.....
Во кој статут го има ова промена на места на клубови?...
Само со фузирање со друг клуб е возможно,а не да сменуваат местата....
Во која лига го има ова?Во која нормална лига се случило ова досега?
И Фиорентина беше фатена за местење,беше префрлена во најнизок ранг,се регистрира под ново име Флоренција Виола,и за неколку години се врати кај шо треба,под старото име....
П.С.
Аха...да....
И ај ако си толку љубезен наброј ги тие ПРИМЕРИ од Европа кај шо се случувале вакви работи...
Баш ме интересира.....
Остај ти Африка..кажи ми една нормална држава во Европа шо имала ваков пример?
Една-само немој да ми набројуваш примери од Азербејџан,Грузија и слични БАНАНА земи.....