Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.443
Не збори предвреме за Сити, Лајпциг ги дрма. :pos:
Не е тоа проблем. Им се дава кредит на Јанг Бојс демек против ПСЖ игравме вчера. Една од најслабите екипи во квалификациите.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
Џабе се расправате имаше и грешки од играчи а дефинитивно и од Оле.
Се надевам само дека Џеси ќе го седне на клупа да му дојде паметот на Џеси дека нема место за него во тимот Енгала, Шола и Ханибал се подобри од него пас незнае да погоди со Џејмс како еднојајчни близнаци да се фудбалски интелект 0 само во пресинг се користат.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Не се разбираме. Екипата требаше да му стои едно 10 метри понапред, и да се обидат за задржат топка повеќе од 4-5 паса. Со централните играчи стоејки пред свои 16 метри не можеш да се одбраниш цело полувреме. Некој сигурно ке згреши, дали во поставеност, дали ко Лингард.

Упорно контра-аргументот е дека сме требале да тргнеме како муви без глави напред. Забораваш дека Јанг Бојс имаа зицер минута по исклучувањето на Ван Бисака? Што ке беше планот тогаш да изедначеа? Да браниме нерешено цело полувреме?

Кажи ми само дали искрено мислиш дека Сити или Челси ке го изгубеа мечот вчера?
Високиот пресинг на Јанг Бојс не ни дозволи да играме 10 метра понапред. Инаку не е луд сигурно Оле да не постави таква игра ако има можност за тоа. Сигурно кога би имале простор Погба и Бруно би го користеле истиот, без разлика дали биле 10 или 20 понапред. Високо се постави Јанг Бојс и не дозволуваше многу маневери. Само тука му замерувам на Оле што требаше Роналдо порано да излези, но сеуште не сум сигурен дали Лингард беше прикладна замена или Гринвуд/Марсиал. Мислам дека со нечија брзина можеше да се искористи просторот кој го остави Јанг Бојс со високиот пресинг и преку топки од Бруно и Погба од таква контра да поентираме. Секоја чест за Роналдо кој е убиствен во казнениот простор, но по црвениот картон беше дополнителен играч помалку за нас.

Баш зицерот на Јанг Бојс и тоа како влезе офанзивно по црвениот картон до полувремето беше главно предупредување за Оле да се ориентира на дефанзива. Од таква поотворена формација се случи тој зицер каде Бруно бледо покриваше десно, а Погба отспротива баш го заборави играчот по кој дојде тој зицер зошто Шо покриваше централно. Ако примевме гол, ќе требаше да се ориентираме на поризичен пристап со некаков дијамант од Фред како ДМ, Погба-ВДБ во средина и Бруно зад Кристијано со офанзивни задачи на Шо и Далот.

Не го земам контра-аргумент дека сме требале да тргнеме како муви без глави. Туку главен аргумент е тоа што имавме водство и противникот влезе фуриозно по црвениот картон со висок пресинг и напаѓачка игра. Јанг Бојс немаше што да загуби и ги фрли сите карти на напад. Самиот нивни пристап беше таков. На тоа логично беше да се браниме и да го чуваме тоа водство. Јас немам замерки за таа идеја на Оле и баш со тројца во последна линија потпомогнати од крилните бекови беше одлична замисла да се затвори играта. Успешно се браневме и само еднаш дефанзивно згрешивме по индивидуално лошо покривање на Шо кој дозволи простор за добар центаршут и неспретност од Варан првенствено и тука падна голот. Она на Лингард ни во најлош сон не можиш да го предвидиш...

Ако по црвениот картон би се поставиле толку високо и храбро сигурно и Сити и Челзи би имале проблеми. Дали би загубиле е хипотетичко прашање, но сигурно би им ги направиле проблемиот кои ни ги направија нас. Стилот на игра на Сити не им бара класичен напаѓач и можеби без 9ка би го завршиле натпреварот со згусната средина и од тука можеби би имале поголема контрола од нас. Кај Челзи е единствена предност Лукаку кој може да го лови тој простор што го потенцирав погоре, па оттука да искористи нешто плус да поентира. Нешто што го правеше против Ливерпул.

Од друга страна еве вечерва на Бриж-ПСЖ, ако ПСЖ се најдеше во наша ситуација со играч помалку со 2 раце потпишувам дека ќе го загубеше мечот. Не Меси, Нејмар или Мбапе... туку пристапот на противникот ќе беше од големо значење при ситуација да има играч повеќе.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Требаше нишкава да ја постирам пред некој ден, ама еве ќе се најде да се разведрите малку, red flags-от за Роналадо навидум не се реален проблем.



Инаку не чека доста зезнат натпревар со Вест Хем, читнете ја нишкава да видите зошто. Проблемов мора итно да се санира од Оле, инаку го обравме бостанот.

Мислам дека со нечија брзина можеше да се искористи просторот кој го остави Јанг Бојс со високиот пресинг и преку топки од Бруно и Погба од таква контра да поентираме.
Роналдо е брз. Погба и Бруно требаше да го хранат со топки, ама не бидна таа работа. Таа беше замислата, се виде по пенал акцијата.Да не беше таа замисла, Бруно и Погба мислам одма ќе летаа оти немаа никаков импакт, вториов поготово, ги частеше топки на секое.

Колку и да го сакате Марсијал, реалноста вели дека поголем импакт во моментов има Лингард отколку тој. Лингард трчаше (ко за двајца) и напред и назад + измислен е за ситуации кога има празен простор пред него (ради тоа блесна во Вест Хем). Од друга страна Марсијал влезе и 10 минути не се виде, нити помагаше во одбрана нити бркаше топка да врши пресинг (додуша глупо е, оти пресинг не се игра сам, но можеше да брка топки а не да спие напред). Буквално си џогираше.
Преференцата на Лингард наместо Марсијал е сосема исправна.

Матич и Лингард требаше порано да влезат, Роналдо и Погба што порано. Дони, Бруно, Матич и Мата ќе ја средеа цела работа и ќе смиреа топка со својата техничка подготвеност, но Оле сакаше да игра на контри. Реално, можеше да му успее таа замисла, да не беа двата поклони.
Згреши Оле што остави многу лабилни карики на терен - Погба, Бруно, Далот, Фред (ај овој играше зошто требаше да трча за 2ца) + Роналдо.

Пак ќе речам, можеше подобро, Јанг Бојс не беа толку опасни, не изедоа на средина, Оле згреши што ги чуваше долго Роналдо, Бруно и не го извади Погба.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Антонио им е повреден ќе ги решиме мислам.
Читни ја втората нишка од постот над тебе - многу лабилни сме при контри на противници. Го зборевме ова со vidooq пред некој ден, а најмногу после натпреварот со Вулвс кога не јадеа на контри.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Аман достате со утакмицата. :D
Ни прва, ни последна да киксаме со некој безвезен противник.
Мене поголем проблем ми е за недела, таа утакмица е доста битна. Се плашам да не киксаат со Вест Хем, па да потониме и психички и резултатски (да влезиме во некоја црна серија).
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
713
Поени од реакции
937
Ако потониме психички и резултатски тоа ќе биди кривица само на Оле. :)

Тимот е квалитетен за да шиба и да биди конкурент, а не да се тресиме против средно мизерни екипи.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ако потониме психички и резултатски тоа ќе биди кривица само на Оле. :)

Тимот е квалитетен за да шиба и да биди конкурент, а не да се тресиме против средно мизерни екипи.
Тоа само ако играш фудбал менаџер, а веројатно ни таму. Има уште доста работа за да кажеме дека сме конкуренти.

Бтв - лани со Вест Хем првата во гости игравме доста отворено и не убија на контри цело прво, па за следните две (домашната првенствена и ФА Куп) се корегираа на тој сегмент.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Тоа само ако играш фудбал менаџер, а веројатно ни таму. Има уште доста работа за да кажеме дека сме конкуренти.

Бтв - лани со Вест Хем првата во гости игравме доста отворено и не убија на контри цело прво, па за следните две (домашната првенствена и ФА Куп) се корегираа на тој сегмент.
Непопуларно мислење, но Рашфорд го реши првиот меч. Некако се подзамислија Вест Хем дали ќе одат на контри оти многу простор за Рашфорд им е самоубиство, па аналогно и се повлекоа (мислам и дека примија еден гол по контра на Рашфорд, Бруно и Мата).

Ќе биде многу важно да се искочи со брзи крила - Санчо и Гринвуд. Штета ќе биде што нема да игра Мектоминеј.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Непопуларно мислење, но Рашфорд го реши првиот меч. Некако се подзамислија Вест Хем дали ќе одат на контри оти многу простор за Рашфорд им е самоубиство, па аналогно и се повлекоа (мислам и дека примија еден гол по контра на Рашфорд, Бруно и Мата).

Ќе биде многу важно да се искочи со брзи крила - Санчо и Гринвуд. Штета ќе биде што нема да игра Мектоминеј.
Откако влегоја Бруно и Рашфорд на полувреме се промени и пристапот. Погба и Гринвуд го направија пресвртот, па овие почнаа да идат доста напред, после Рашфорд имаше 2 шанси во краток период откако излезе 1 на 1 со голман, едната ја промаши, втората ја даде.
Првото играше Дони на 10 мислам и се отворивме доста офанзивно од старт, па овие направија 5-6 контри прво полувреме.
Останатите две утакмици ги игравме доста поцврсто и порезервирано. Не очекувам ни оваа од старт многу да се отвораме, посебно не сега кога го нема ни МекТоминеј.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Chelsea concede double shots-on-target of Utd, double the shots in the area, 3 more shots total, lost possession more, & made more clearances

Муабетот за Челзи и доброто справување со 10 души :) Сега чекам коментари од типот - "Ливерпул се далеку подобри од Јанг Бојс, не е оправдување", али забораваат и дека Челзи имаат подобра средина од Јунајтед :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Chelsea concede double shots-on-target of Utd, double the shots in the area, 3 more shots total, lost possession more, & made more clearances

Муабетот за Челзи и доброто справување со 10 души :) Сега чекам коментари од типот - "Ливерпул се далеку подобри од Јанг Бојс, не е оправдување", али забораваат и дека Челзи имаат подобра средина од Јунајтед :)
Добро брат, олабај. Со Јанг Бојс се посраја, ни 8 нишки од твитер не го перат срамот. Се потажен си со секој пост кај што бараш оправување и релативизација.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Добро брат, олабај. Со Јанг Бојс се посраја, ни 8 нишки од твитер не го перат срамот. Се потажен си со секој пост кај што бараш оправување и релативизација.
Те молам разведрено просветли ме со една нишка постирана од мене во врска со тој натпревар :tapp:. Прости ми што одбивам да прифатам неточни и извретни статистики и наративи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom