Reinhardt Buhr
... мулти-инструменталистот Рајнхард Бур за десет години искомпонирал 17 албуми, на крајот на 2019 година, неговата работа станала вирална преку социјалните мрежи, достигнувајќи повеќе од сто милиони прегледи на Фејсбук и Јутјуб.
...Рајнхард ги комбинирал ласерската харфа, шпанската гитара, електричната гитара, електричното виолончело, австралискиот диџериду, израелскиот Шофар, шпанскиот Кахон, синтисајзерите и пијаното преку систем за вртење во живо за да создаде извонреден симфониски оркестарски звук само во импровизаторски чин на еден човек.
...Рајнхард Бур бил роден во Јоханесбург, Јужна Африка во 1988 година и пораснал без страст за музика, всушност, како тинејџер станал компјутерски гејмер и почнал да го злоупотребува алкохол на многу млада возраст, неговата прва работа била во мала продавница за алкохол, каде што заработувал 20 центи на час, после тоа, тој работел како пакувач во супермаркет, неговиот план за да стане аниматор но не успеал, па почнал да злоупотребува марихуана и алкохол редовно.
... на 19-годишна возраст, двајца негови најблиски пријатели почнале да учат гитара, Рајнхард веднаш се заљубил во неа, без формална обука, тројцата пријатели едноставно се научиле како да свираат, да подоцна, Рајнхард бил инспириран од фламенко гитарист и почнал да учи Фламенко румба гитара од видеата на YouTube.
.. еден ден, тој седел во мал ресторан покрај патот со неговите родители каде еден човек кој свирел соло кавери на гитара, Рајнхард му пријдел да направи
муабет и сопственикот на ресторанот слушнал дека Рајнхард малку свирал
музика на шпанска гитара.
... така, сопственикот го прашал Рајнхард: „Зошто не се вратиш следната недела да свириш, а јас ќе ти дадам стек и 10 долари за возврат?“
... така Рајнхард Бур ја одиграл својата прва соло шпанска гитарска свирка што од тој викенд и не престанала.
Рајнхард Бур брзо станал познат низ Јужна Африка и формирал дуо
бенд наречен „Wild Lettuce“, но, за жал, Рајнхард паднал во мрачна навика за злоупотреба на алкохол, дрога и кокаин, што влијаело на него, на неговата кариера и на сите околу него на многу негативен начин.
... бендот се распаднал, Рајнхард Бур го напуштил родниот град, надевајќи се за соло кариера и дека ќе се ослободи од користење на дрогата.
... на крајот на 2016 година, Рајнхард достигнал најниско ниво, точка на смртта, паѓајќи на колена го молел Господ да му помогн во неговиот скршен живот, молитвите биле ислушани и Рајнхард и неговата сопруга, Менди Бур, и двајцата го доживеале Божјото спасение го напуштиле живот на злоупотреба на марихуана, алкохолот и дрогата и започнале да одат по прекрасниот пат на спасението и исцелувањето.
... од тогаш тој го слушал Божјиот глас кој му велел да создава музика за Бога, свирејќи за Христос Исус, сè во неговата музика се сменило!
До денес, Рајнхард Бур создава музика за неговиот Творец и Спасител, Исус Христос.