Убиен Ал Заркави

Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Вашингтон, 8 јуни (МИА) - Лидерот на Ал Каеда во Ирак Абу Мусаб ал Заркави беше убиен во американски воздушен напад северно од Багдад, изјави денеска ирачкиот премиер Нури ал Малики.
- Денеска Заркави беше убиен - изјави на прес-конференција Малики, а изјавата беше дочекана со аплаузи и гласно одобрување од присутните новинари.
Малики не даде повеќе детали за тоа како бил убиен Заркави.Идентификацијата била направена по земени отпечатоци од прстите.
Ирачката државна телевизија објави дека најверојатно бил убиен во близината на Бакуба.
Јорданскиот милитант, кој се смета за одговорен за голем број убиства, мачења и ликвидации во Ирак, стана подеднакво озлогласен како и лидерот на ал каеда Осама бин Ладен. САД понудија награда за него во вредност од 25 милиони американски долари, исто како и за Бин Ладен.

Извор: МИА
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Убо му напрајле
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
ако ако нека тепаат
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Е ова е пак некоја патка пуштена од американците, и претходно нели го убиваа и него и Бин Ладен па пак “воскреснува“
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
ааа мислиш праат глупости пак такви се они заебани
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ilidan напиша:
ааа мислиш праат глупости пак такви се они заебани
100 % досега мачка да беше ке загинеше, псле два три дена ке се појави со некоја аудио снимка
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Редно време беше да го убијат :pishtoldzЗа џелати ко него само смрт е спасот!!!
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
428
Поени од реакции
6
Уште милиони имат ко него исти. Дур се искоренет сите ехехееееее
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Фала богу! Само баш и не верувам дека ќе им дојде крај на грозотиите што ги прават фундаменталистите. Него го свиткале, ама друг ке застане на негово место. Се знае и кој уште пред да го убијат, тие организации ништо не му оставаат на случајот, си планираат се на време па така и секогаш се знае кој на чие мето доаѓа во случај да го снема некого.
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
абе него не ни го убиле можд а прават некој финти памтите со бил ладен коа праеа далавери умрелл не умрел и на крај не умрел испадна
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ke voskresne za dva tri dena, nema da mu se sedi vo pekolot:kajg:
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Шефот на Ал Каеда во Ирак, Јорданецот Абу Мусаб Ал Заркави, ноќеска е убиен во Ирак, при американски воздушен напад на куќа во градот Бакуба, северно од Багдад, а убиството го потврди попладнево и Ал Каеда.

„Ликвидирањето на Ал Заркави е резултат на заложбите на ирачката влада и народот на Ирак“, изјави премиерот Нури ал Малики за ирачката национална телевизија, додавајќи дека „најбараниот терорист во Ирак бил убиен заедно со седум негови соработници“.

Убиството, како што информираше ирачката национална телевизија, се случило во градот Бакуба, 65 километри северно од главниот град Багдад.

Смртта на Ал Заркави денеска ја потврди и претставникот на американската воена команда во Ирак, генерал Џорџ Кејси, кој информираше дека Заркави бил дополнително идентификуван, по отпечатоците на прстите, по лицето и според белезите.

„Убиството на Ал Заркави е значаен удар за Ал Каеда, бидејќи тој е одговорен за смртта на илјадници Ирачани“, изјави Кејси, додавајќи дека, „и покрај ликвидирањето на Ал Заркави, борбата против терористичката организацијата мора да продолжи, поради тоа што претставува сериозна закана за светот“.

Абу Мусаб Ал Заркави, важеше за многу близок човек на Осама Бин Ладен, а тој статус го доби, поради честите брутални напади врз воени и цивилни цели во Ирак.

Овој терорист се прослави и со спотовите кои кружеа на интернет, во кои ја исмејуваше американската војска и политика.

Ал Заркави е роден 1966 година во Јордан, во палестинска фамилија, која се борела против Израел, во првата арапско - израелска војна.

Во 1989 година, Заркави заминува во Авганистан, каде се бори против советските власти. Таму се запознава со Осама Бин Ладен, по што станува еден од неговите главни соработници

Во 1992 година, Ал Заркави се враќа во Јордан, со цел да го симне од престол про-американскиот крал Хусеин, поради што е уапсен и издржува казна затвор до 1999 година, а е ослободен по пат на општа амнестија. По ова тој се враќа во Авганистан, каде се обучува во логорите на Ал Каеда.

Во 2002 година Ал Заркави го убива американскиот дипломат Лоренс Фолеј, на улиците на Аман, поради што во отсуство е осуден на смрт.

Во меѓувреме под заштита на Садам Хусеин се крие во Ирак, каде воспоставува врски со многу исламски радикали.

Негови жртви се и многу познати личности меѓу кои бразилскиот дипломат Серџо Виера ди Мело и сирискиот режисер Мустафа Акад.

Ал Заркави кој важи за еден од најкрволочните терористи. Беше познат е и по тоа што во остварувањето на светата војна „џихад“, се користи со најсовремени средства меѓу кои и интернетот.

Заркави, инаку специјалист за отрови, се поврзува и со нападите на 11 септември 2001 година.

Тој ја превзема одговорноста и за нападот на зградата на Обединетите Нации во Багдад, 2003 година, кога загинаа 22 лица.

Неговото име се поврзува и со бомбашките напади во Истанбул, 2003 година кога загинаа 23 лица, а над 250 беа ранети.

Одговорен е и за многуте напади со автомобили бомби, во Ирак, во кои загинаа неколку стотици луѓе.

Одговорен е за терористичките напади во Мадрид, 2004 година, кога загинаа 192 лица.

Ал Заркави е познат и по тоа што постојано киднапираше странски работници во Ирак, кој ги користеше за уцени и потоа ги обезглавувше.

Неговото име, односно група се поврзува и со тројцата Македонци од Куманово кои беа убиени во Ирак пред две години.

makfax
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Цената на нафта падна под 70 долари по убиството на Заркави

Сингапур /08/06/ 11:31

Цената на нафта денеска за прв пат по две седмици се спушти под 70 долари за барел, по веста дека е убиен Абу Муса ал-Заркави, лидерот на Ал-Каеда во Ирак.

Лесната американска нафта поевтини за 1,21 долар, на 69,71 за барел, додека северноморскиот Брент во Лондон падна за 1,10 долар, на 68,71 долари за барел.

Извозот на сирова нафта од Ирак не успеа да се врати на предвоено ниво поради честите напади врз нафтоводите во северниот дел на државата и влошената безбедносна состојба, што ги спречи вложувањата во застарените полиња на нафта на југот.

Ситуацијата во Ирак, заедно со загубата на четвртина продукција на нафта во Нигерија поради тамошниот бунт и стравувањата околу иднината на испораката од Иран, ја кренаа цената на нафта за речиси 15 проценти од почетокот на годината.

Нафтата, непрекинато поскапува од инвазијата на САД врз Ирак, пред повеќе од три години.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Требаше да го фатат и да го испратат во лудница за психички болни што не онаделе еден век за да го поебат отпозади : вака ќе какаат исламистите дека ”загинал како борец за Алах”.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom