Убави и интересни моменти со вашите миленици

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
763
Поени од реакции
786
Кои моменти со вашите миленици нема да ги заборавите?

Еве некои од моите.
Кога ја шетав Беки, седнав на тревата да се одморам. Беки дојде до мене, седна и се потпре на моето рамо со главата... абе, како од филмовите! :D Дури и сонцето заоѓаше и небото беше розево! Само што пред нас имаше улица со коли на место езерце... Ај, нема везе. Прво не сметав дека ме сака многу, зошто не ја тинтрам и повеќе ја карам. Но, таа секако си е ѓавол по душа. Денес пола саат си играв брканица со неа за да ја извадам коската што ја најде од улица, ни на мило не доаѓа, знае дека ќе и' ја земам коската. Но, важно дека на крај спиеше како заклана.

Сте имале слична случка со вашето куче или милениче?
 
L

Lu

Гостин
Сум имала многу интересни моменти, али најсмешно ми беше еднаш кога Астра беше мала, имаше 7 месеци, се шетавме низ парк, и Астра нешто се задушка, и одеднаш се извади од памет и подрипна како срнче :pos: многу јак момент беше, го имам снимено токму тој момент, на 2:03 на видеото.


Исто интересен момент кој што никогаш нема да го заборавам, беше пред околу 4 месеци кога Ото, Пинчерот на @ZeenaK9 беше мал (3 месеци имаше тогаш), и едно Кане Корсо што имаше погруба игра, сакаше да игра со Ото, али тогаш бидејќи Ото беше малечок, се плашеше (уствари од сите кучиња се плашеше освен од Астра :)) и Астра виде дека Ото се плаши и бега од Кане Корсото, и како што лежеше Астра, Ото застана до Астра, бидејќи кога беше до неа се чувствуваше заштитен и сигурен.
И во тој момент кога Ото застана до Астра, она како што си лежеше само ја испружи шепата и си го прибра Ото, буквално како да си го гушна, го прибра во прегратки, нешто во стилот ... сега веќа нема потреба да се плашиш од Кане Корсото, кај мене си сигурен.

Јас и @ZeenaK9 просто останавме без текст, знаеме дека кучињата осеќаат, али до толку некое куче така да изреагира заштитнички, и да си го земе во прегратки другото кученце што се осеќа исплашено, е тоа не го очекував.
 
На врв Bottom