Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.225
- Поени од реакции
- 34.519
Полицијата утрово во тетовското село Порој го уапси Бурхамедин Нухиу, осомничен за убиството на средношколецот Ванчо Јосифовски, во 2002, во Тетово..
Нухиу, како што јави дописникот на Макфакс од Тетово, бил уапсен на бензиска пумпа, на што претходела вооружена пресметка меѓу полицијата и осомничениот, при што полесно бил ранет еден полицаец.
Нухиу веднаш е упатен на издржување на затворска казна бидејќи годинава тој беше правосилно осуден на 14 години затвор за две дела-убиство во обид.
Првото дело го товари за пукање кон полициска патрола, при што еден полицаец беше потешко повреден, а второто за пукање во автомобил во кој имало четворица тетовци, кои минале без повреди. Двата инциденти се случиле во Порој во 2003 година.
Нухиу е осомничен и за убиството на средношколецот Ванчо Јосифовски што е случи на 19 октомври 2002 година на кошаркарско игралиште во близина на стариот градски стадион во Тетово.
Досега тој беше недостапен за органите на прогонот и по него беше распишана потерница.
Извор - Макфакс.