Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Турското влијание е значително зголемено, а Турција се претвора во моќна сила која помага и посредува во средувањето на кризните состојби од балканскиот регион, па сé до Блискиот Исток и Багдад. Ова, оценуваат познавачите, особено се истакнува во последниве две години и, главно, се поврзува со актуелниот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, поради што и светските медиуми, пишувајќи на оваа тема, често зборуваат за „ерата на Давутоглу“.
Во мисија на промовирање на новата визија на Турција, шефот на турската дипломатија ја користи забрзано растечката економска и политичка моќ на својата земја за да се создаваат нови пријателства.
Интересот на Турција е речиси подеднаков - како за Блискиот Исток, така и за Балканот. Едниот регион не го исклучува другиот. Процесите се паралелни.
Турција веќе го заокружи доближувањето кон соседите на Блискиот Исток и воспостави стратегиско партнерство, кое подразбира укинување на визите со некои од тие земји, еден вид царинска унија и тесна соработка во економијата и другите области од заемен интерес со Сирија, Либан, Јордан, Иран. Приближувањето на Турција кон Блискиот Исток се случува во време на последната влада и дека во тоа голема улога игра нејзината исламистичка ориентација. Целта на приближувањето не е само припадноста на иста религија, туку зајакнувањето на политичкото и на економското влијание во соседството. Со ова Турција на економски план го зголемува пристапот до енергетските ресурси, неопходни за улогата што ја има во регионалната и глобалната енергетска политика како енергетски коридор меѓу Европа и Азија. На тој начин, Турција практично не се оддалечува од Западот, туку ја зајакнува регионалната позиција и станува уште попожелен сојузник кој ги разбира проблемите во регионот.
Освен тоа, Турција е континуирано присутна во туркменските земји на Кавказот и во Централна Азија, особено по распаѓањето на Советскиот Сојуз и осамостојувањето на Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан...
Копнеж по Балканот
Во однос на Балканот, пак, Турција никогаш не ги прекинала врските. Тие само се разликуваат, се преобликуваат и се доградуваат во различни периоди, во зависност од владејачката структура во Турција. Кај некои структури преовладуваат историските врски, кај некои економските интереси, поддршката и заштитата на правата на Турците на Балканот или нешто друго.
Бившите турски лидери, Тургут Озал, Сулејман Демирел и други го одржуваа и го потврдуваа интересот за Балканот, како што работеа и на односите со туркменските земји. За времето на Демирел, на пример, се отворени неколку значајни универзитети во туркменските земји, а за студентите од тие земји секогаш има посебни квоти на високите школи во Турција. Во таа смисла, и Македонија дошколува свој кадар од областа на одбраната во Турција, а редовно има и студенти на Воено-медицинската и на Полициската академија. Не сметајќи ги притоа оние што индивидуално по приватна линија студираат во Турција. Според некои процени, станува збор за над 300 студенти годишно, со тенденција за пораст на овој број.
Со доаѓањето на власт на Партијата на правдата и развојот на лидерот и премиер во два изборни циклуси Реџеп Таип Ердоган, надворешната политика на Турција доби нова динамика, особено откако главниот советник Ахмет Давутоглу стана и министер за надворешни работи. Визијата на Турција за односите со бившите отомански територии вклучува и политичка и економска соработка, но има и нов акцент на културните врски.
- По традиција, составен дел на политиката на оваа држава е чувството пренесено од времето на империјалното владеење – дека има одговорност кон земјите и народите со кои има заедничка историја - вели Мелпомени Корнети, поранешна амбасадорка во Турција.
Укажувајќи на тоа дека сите политички гарнитури по Ататурк, како водилка на надворешната политика ја истакнуваат неговата мисла „Мир во земјата, мир во светот“, Корнети додава:
- Без оглед на исламистичката ориентација на оваа влада и менувањето на некои атрибути на секуларна Турција, тоа во актуализирана верзија треба да значи дека цел на турската надворешна политика е соработка и „нула“ проблеми со соседите, потоа учество во решавањето на регионалните, па и глобалните прашања, медијаторство во конфликтите во поширокиот регион.
Влијанието на Турција, според проекциите на официјална Анкара, треба да резултира со остварување на воспоставената амбиција или цел - на 100-годишнината од Турската Република на Ататурк во 2023 година да стане дел од десетте најразвиени земји.
Турската европска судбина
Од друга страна, Турција, која има и реални шанси да ја оствари целта и да стане една од десетте најразвиени земји во светот, останува надвор од ЕУ.
За кандидатски статус чекаше околу 40 години. Желбата за вклучување во Европската Унија беше истакната уште во 1959 година. Апликацијата за асоцијативно членство во тогашната Европска економска заедница Турција ја поднесе во 1959 година, апликацијата за полноправно членство следеше во април 1987, за дури во декември 1999 година Европскиот совет да одлучи да и додели кандидатски статус, каков што сега има и Македонија. По шест години од доделувањето на статусот кандидат на 3 октомври 2005 година симболично почнаа преговорите. По само една година откако почнаа преговорите, во 2006 Турција се соочи со замрзнување на преговорите. Тогаш како причина беше посочен кипарскиот проблем.
Ова, практично, е резултат на големиот страв кај Европа, кој се должи на неколку параметри.
Прво, многубројното население од речиси 78 милиони жители, кое е од исламска вероисповест. Поради ова поранешната премиерка на Турција, Тансу Чилер, еднаш прокоментира: „ЕУ се однесува како затворен христијански клуб“.
Второ, стравот од курдското прашање. Во Турција живеат припадници на околу триесет етнички групи, меѓу кои од 10 до 15 проценти Курди, или нешто повеќе од десетина милиони, кои згора на сé бараат отцепување од Турција.
Трето, во Унијата постои и геостратегискиот страв. Ако Турција стане членка на ЕУ, Унијата ќе се граничи со Ирак, Иран, Сирија, Грузија, Ерменија, односно на границите ќе има „небезбедни соседи“.
Безусловна поддршка за Македонија
Факт е дека има одбивност кај европските структури во однос на Турција, но факт е и дека Турција успева да и одржи лекција на Европската Унија кога станува збор за начинот на менаџирање на односите со соседите и особено со Балканот, манифестирајќи и на Унијата дека повеќе го познава од неа. Поддршката што официјална Анкара и ја дава на земјава, главно, се оквалификува како искрена, пријателска, безусловна.
- Македонија добива силна политичка, велат безусловна, поддршка од Турција. Од 2008 година и формално со документ потпишан меѓу министрите за надворешни работи, односите се подигнати на степен на стратегиско партнерство - изјави Корнети.
Таа објаснува дека оваа поддршка се однесува на исполнување на надворешно-политичките приоритети на земјава за евроатлантското интегрирање, поддршка за уставното име и за позицијата и афирмацијата на Македонија во меѓународните организации и слично.
За официјалната македонска политика вообичаена е оцената дека „соработката меѓу земјава и Турција е на одлично ниво, во сите сфери“.
- Секако, секогаш постои простор за продлабочување и интензивирање на соработката, особено во економскиот дел - велат од МНР.
Од друга страна, евидентна е суштинската поврзаност на
Фото: Дарко Андоновски
турските граѓани со нашата држава, особено ако имаат потекло од Македонија. Во контекст на ова говори и фактот дека значителен број од овие турски државјани се заинтересирани за повторно (бидејќи претходно се откажале – за време на преселбата) добивање македонско државјанство. Турските иселеници од нашите простори се истовремено и силна лоби-група, која ги промовира и ги штити македонските национални интереси во матичната земја Турција, но и во преостанатите земји од светот.
Со својот силен економски потенцијал, Турција, исто така, е подготвена да помогне во економското зајакнување на Македонија. Сепак, освен инвестицијата во скопскиот аеродром нема друга. Најави има, но познавачите на условите укажуваат дека земјава треба да се сврти кон привлекување турски инвестиции што ќе доаѓаат, пред сé, од мали и од средни претпријатија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1212101956353&id=9&setIzdanie=22156
Имаме отворена врата ама...