- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 1.079
- Поени од реакции
- 1.936
Закон за финансиски инструменти
Постојниот Закон за хартии од вредност го уредува начинот и условите за функционирање на пазарот на хартиите од вредност и на овластените учесници на пазарот, меѓутоа Законот не е целосно усогласен со поновите директиви и регулативи на ЕУ во областа на пазарот на капитал. Поради ова се наметна...
ener.gov.mk
Постојниот Закон за хартии од вредност го уредува начинот и условите за функционирање на пазарот на хартиите од вредност и на овластените учесници на пазарот, меѓутоа Законот не е целосно усогласен со поновите директиви и регулативи на ЕУ во областа на пазарот на капитал. Поради ова се наметна потреба од подготовка на нов Закон за финансиски инструменти и нов Закон за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност, во кои ќе бидат имплементирани најновите европски директиви и регулативи од областа на пазарот на капитал, а со кои закони ќе биде заменет постојниот Законот за хартии од вредност.
Цел на предлог законот:
- ќе се овозможи сите финансиски инструменти што се достапни за инвеститорите на меѓународните пазари да бидат препознаени и на домашниот пазар, а лиценцирањето и организациските барања за брокерските куќи (инвестициски друштва) ќе се врши според стандардите на ЕУ. Освен Берзата (пазарниот оператор) ќе може да се основаат нови платформи за тргување како Мултилатерална платформа за тргување и Организирана платформа за тргување. - ќе се зголемат овластувањата на Комисијата за хартии од вредност
Прашањето е дали регулативите на ЕУ ќе го задирнат и непребивање на загуби за ,,странски'' хартии од вредност откатко сеа ќе се едицураат нашите шо се уствари деривати?
Последно уредено: