Теремин електронски музички инструмент (Theremin)

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.766
Теремин (Theremin)


Etherwave_Theremin_Kit1.jpg image2-10.jpeg


Рускиот физичар Лав Сергејевич Термен (1896—1993), изумител на високофреквентни осцилатор кој со голема прецизност ја мери диелектрична константа на гасовите првенствено наменет бил како изум за детектор на движење кој би се користело како аларм,




но кога ќе се спои иновантноста на физичарот со неговата љубов кон музиката (бил музички образуван) се добил најчуден електронски инструмент на свет на кој се свири со движење на рака без да се допре било што на него.




Новиот електронски инструмент кој произведувал звук со движење на двете раце на две антени, едната менува фрекфенција на тонот, а со друга рака на другата антена јачината, во тоа време Ленин восхитен од изумот дозволил да се патентира и како инструмент и било произведено 600 парчиња и за таква музичка примена во 1928 година имале голем успех на турнејата во САД и Европа, но после тоа опаднал интересот, за да се појави повторно во 1994 со снимање на филмот Theremin An Electronic Odyssey при што почнало да се користи во модерната музика иако сличен звук се добивало со со синтисајзер, денес во Јапонија, Русија и Ирска се изучува инструментот во Музичка академија (конзерваториум).




Во денешно време постојат повеќе школовани виртуози на овој електричен интрумент кои при свирење мораат да бидат со телото, умот и раката како едно со осцилациите при формирање на звукот од електромагнетни бранови.




Многу лесно за гледање, но доволно тешко да се изведе!




дали ние ќе бидеме дел од овој музички инструмент во нашата Mузичка академија...зависи, дали би имало заинтересиран за ваков музички инструмент!?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.766
L'Ecole Theremini - Kid Cool Theremin School снимен во Gaite Lyrique во Париз - Kid Cool Theremin School го води Дорит Крајслер, композитор и коосновач на NY Theremin Societ.

...видеото проследено со музиката изведена на музички инструмент - теремин од професионален виртуоз Katica Illienyi.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.766
Matryomin

Matryomin QT е најновата креација на јапонскиот тереминист Масами Такеучи,


се состои од минијатурен теремин спакуван во прекрасна рачно изработена матриошка кукла (бабушка) направена специјално за Matryomin во Русија.


178-matryomin-shop.jpg

...секој Matryomin бил рачно изработен иако сите биле различни, но секој од моделите скоро слично звучат (Russian doll instrument by Masami Takeuchi US$ 540).


Матриоминскиот ансамбл „Да“ со 273 свирачи се обиделе да се запишат во Гинисовиот рекорд за „Најголемиот ансамбл Теремин“ и го поставиле рекордот во Create Hamamatsu во Хамаматсу, Шизуока, Јапонија на 20 јули 2013 година.


Интересно, како музички перфоманс, а за нас доста непознато за овој музички електронски инструмент!

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom