Таблоиди (жолт печат)

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Ги читате ли таблоидите? Ги купувате редовно или пак одвреме навреме кога ќе ви фати око насловната? Или пак, одбивни ви се и не ве интересира тоа?

Сметате ли дека таквиот вид на информации им штети на ѕвездите или им помага? Стануваат ли со тоа попознати?

Кажете конкретно за Свет и Скандал (и за Вест, мислам дека и тој се води како таблоид) а може и за некој странски таблоид доколку сте прочитале таков. И зошто мораше и ние да издаваме наша верзија на Свет? Не ли мислите подобро беше пред воопшто тие глупости да се појават на пазарот?
 
не ги читам, но ги имам пролистувано на пар наврати за време на летнио распуст. онака тетки, бабетини собрани околу едно списание и коментираат. инаку сликите:drk: верувам се главната причина за нивниот тираж.
 
Не ли мислите подобро беше пред воопшто тие глупости да се појават на пазарот?

Да, да, да, да,да.....

Такви ѓубриња од весници треба да престанат да се печатат и да се забрани нивното издавање! Не имаат никаква позитивна улога во општеството (освен ако оглупувањето го сметате за позитивна работа), и прават само непотребно ѓубре. Служат за да се рекламираат млади педерчиња како Боки 13, и многубројни “талентирани“ пејачици од странство, на кои професионалноста им се мери со тоа колку е кратка сукњата, или колку е подлабоко деколтето.

Хартијата трпи се, ама ние не мора да трпиме се.
 
Интересни се, некогаш онака за сеир.
Не ги купувам постојано, туку некогаш онака чисто за да се насмеам...
Мислам дека поголемиот дел од ѕвездиве сами си ги продаваат тие слики за маркетинг, а ние луѓето бидејќи сакаме да трачариме, ги купуваме.
 
Да, да, да, да,да.....

Такви ѓубриња од весници треба да престанат да се печатат и да се забрани нивното издавање! Не имаат никаква позитивна улога во општеството (освен ако оглупувањето го сметате за позитивна работа), и прават само непотребно ѓубре. Служат за да се рекламираат млади педерчиња како Боки 13, и многубројни “талентирани“ пејачици од странство, на кои професионалноста им се мери со тоа колку е кратка сукњата, или колку е подлабоко деколтето.

Хартијата трпи се, ама ние не мора да трпиме се.

Зашто купуваш? Можеби и мене ми е преку глава од политички весници со квази-новинари. Барем вака знам дека статиите во М-Експрес се лаги...се смеам. Од другиве ми се плаче.
 
Точно доторе :) таблоидите се одраз на нашата некултура, нашата желба да ѕирнеме во животите на другите. Ме чуди само една работа - како ние балканциве да си дозволиме таблоидот прв пат да се појави негде на друго место.:nesvest:
 
Ниско ми е да се занимавам со такви работи,површни...зошто да читам нешто што знам дека е лага?!Или зошто да ме интересира животот на некоја така наречена ѕвезда,а има милион поважни работи на светов од нејзиниот гламурозен живот?!
Рајмз пре би да плачам од вистинските вести по весниците него ли на некоја повшна убавица да и го кревам рејтингот на ваков или таков начин.
Сепак тоа е индивидуално.
 
Вака како прво ако правиме муабет за единствениот и најчкартен таблоид СВЕТ тогаш не ни помислувам да го купам. За да имаш таблоид т.е. жолт печат треба да имаш и некоја сцена која што ќе можеш да ја ставиш во таблоидот.
Епа извинете ама со 3ца пеачи 2 пеачки и 309248230984 една-песна-праам-и-ме-снемува неможе да успее еден таблоид. Значи ова беше за тоа што треба да го пишува.

идеме понатаму

ИЗГЛЕДОТ
За да биде нешто купувано треба да влегува во очи, нашиот „таблоид„ има нај чкарт насловна пренатрупана во 300 бои и наликува на оние букварки-боенки и што е најважно текстот внатре е само за саморување на очите. Да не навлагам многу во тоа како треба да се направи зашто планирам пари да им земам:pos:

ТИМОТ
Оној кретенон што сега води една чкарт емисија и башка што е ружен има толку грд глас ТОА ТЕКСТОВИТЕ НЕ МУ ГИ БИВА ни за пред продавница со пиво во рака. Тие нивни „папараци„ фотки се апла чкарт, треба профи фотограф да се има кој ќе знае од каде да фати и ШТО да фати. Ако на Врчак му се видело 0.00001% од боксериците што ги носи не не интересира, треба акција и динамика. Мрзеливоста ги прави не добар тим, за жал
 
Таблоиди мора да се читаат бидејќи се индикатор на човечката глупавост па за да се информираме до каде достигнала таа овој пат. :nesvest:
Мене ми се одбивни и не ги читам затоа што верувам дека ако воопшто плаќам за некакво списание/весник од него треба нешто и да научам.
Ама ете можеби има луге што реално се интересираат за тоа која од певалките ставила силикони, која чиј дечко го презела и слични битни моменти...
 
Chitam, samo koga patuvam, za da mi pomine vremeto, imam nekoja navika obavezno pred da se kacham na voz kupuvam po nekoj, ima i vicovi pozadi edno dve tri strani, nekoj krstozbor, malku seir, nekoj interesna fotografija. Pa ajde definicija za nas e ogovaranje,neli? I obavezno vesnikot go zaboravam...
 
Сметам дека свет треба со закон да се забрани...озбилен сум.
 
За жал народот го интересираат такви трачеви, без разлика колку да се противи на тоа. Јас еве конкретно имам неколку пати купено Свет кога ми е екстремно досадно и секогаш ме гриже совест за парите и тоа до кој степен одат новинарите.

Свет и Скандал страниците ги полнат со глупости, ќе ја сликнат Натали како влегува во такси и веднаш приказна од типот “Натали Грубовиќ не може да вози поради алкохолизирана состојба и сега се вози во такси“. Изобилуваат со сликички кои немаат врска со напишаното кое што е и често измислено.

Не треба народот воопшто да го интересира приватниот живот на ѕвездите, доволно е тоа што тие самите го пласираат! Покрај нив, сега речиси на сите емисии Свет им е спонзор, а ѕвездиве само коментираат дека сепак списанието им е пријател бидејќи им создава публицитет. Сепак мислам дека беше 100 пати подобро кога не беше во продажба!
 
Зашто купуваш? Можеби и мене ми е преку глава од политички весници со квази-новинари. Барем вака знам дека статиите во М-Експрес се лаги...се смеам. Од другиве ми се плаче.


Кај напишав дека купувам? Само еднаш купив Свет (кога Јасмина Мукаетова се имаше сликано гола), ама се покајав и оттогаш не сум купил.

А и мене ми е преку глава од квази-новинари во политичките весници, ама не се тие темата, па затоа не сум ги спомнал.
 
Добри се некои на пример да ти седат во WC па на онаа работа ког ќе и треба подолго време да имаш со што да се занимаваш...сепак сметам дека треба да има такви работи онака да се опуштиш од политика и се и да прочиташ најбанални работи како на пример дека Ламбе го чува кучето на девојка му додека таа била во WC :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв