Си ја преценија моќта ликовиве. Немаат толку тежина на пазарот, колку што беа убедени дека имаат. Вкупните приходи на сите 12 клубови, во најдобрите години, се околу 6.5 милијарди евра. За една индустрија во денешната економија, тоа е ништо. Посебно кога целиов проблем доби и политички контекст, им го снема целиот leverage преку ноќ. Пишав и во претходни постови, фубалот е и културен феномен, не е само entertainment. Американците не го разбираат тоа, а на криминалци како Ањели и Перез, никогаш не им ни било гајле.
Плус, избраа најлош можен тајминг за овој потег, во ваква глобална економска клима, со вака диспропорционално претрпени последици од ковидот, од страна на 1% и останатите. Пр самоубиство е да искачаш со вакви елитистички планови, резултат на картелско договарање, кога револтот врие под површината цела година.
Секоја чест за навивачите во Англија и за Челзи како клуб. Можеби и другите посрале гаќи, ама факт е дека они први повлекоа потег.
Тешко фијаско и удар по реномето на клубовиве, особено смешни искочија менаџериве кои се истрчаа како лидери на новава лига. Мило ми за гомното Ањели и фосилот Флорентино. Заслужуваат ваков јавен резил и двајцата.
Сега станува интересно како ќе се смени балансот на моќ во фудбалскиот свет. Мислам дека старава гарда на историски клубови, си пукаше во нога со потегов, зошто претходно имаа прилично привилигирана позиција и влијание низ целата хиерархија на Уефа.
Сега на новите лојални клинци можеби повеќе ќе им се слуша гласот во иднина.