Судбината на праведниците...

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Оваа тема ме поттикна извесниот Атанасов Санде кој со голема упорност решил да не го преќути она што му следело за тоа што се обидел да спаси 200 луѓе и нивното работно место...

Јас сум Атанасов Санде.Машински инжињер.Невработен од 2002г.Избркан од работа во мај 2002г. затоа што бев претседател на синдикатот во АД фабрика за кабли Неготино и остро се спротивставив на моќниците во фабриката, го спречив најавеното одпуштање од работа на 200 работници во 2001г. како технолошки вишок, им попречив во плановите да ги превземат акциите на акционерите.Но, одкако за неколку месеци пак го исплашија и ставија под контрола секој работник мене со две монтирани дисциплински постапки т.е. со лажно сведочење на две раководни лица кој за тоа ги унапредија во директори, ме избркаа од работа а со помош на контролираното судство се до овој момент (октомври 2007г.) сеуште мојата тужба за да бидам вратен на работа не е решена т.е. по втор пат е пред Врховниот суд.За овој контролиран судски процес ќе пишувам на крајот како и за срамно и комплетно монтираните кривични судски процеси против мене кој ги монтираа и спроведоа контролираните институции ( полицијата,судството и обвинителството ) со кој бев на два пати осуден на казна затвор од 4 месеци заменета со условно на 1 година па, бидејќи Јас не се уплашив и не се повлеков сега пак ми се суди уште во други два истотака монтирани кривични судски процеси.
Се ова се случува во 21 век, во Македонија која сака членство во НАТО и ЕУ и тоа со давање на лажна слика за некаква демократска и правна држава!???
ВИСТИНСКАТА СЛИКА ЗА МАКЕДОНИЈА Е ОВАА - ГРОЗНА СЛИКА:
Армија од 400 илјади невработени (како мене), криминална приватизација (се што беше општествено и заедничко отиде во рацете на однапред одбрани луѓе – кој сега ја претставуваат вештачки створената елита),сиромаштија, строга контрола врз цело општество со невидена експлоатација на обичниот човек, негови страдања со прекршување на човековите права и слободи преку монтирани судски процеси......


Овој воведен дел од оваа моја веб страна на Интернет ќе биде краток и концизен, за да може секој обичен човек да разбере зошто е ова прва веб страна – блог во Македонија од вака отворен вид т.е. отворено во неа се говори и се изнесени факти за тоа како и зошто нашето општество функционира во потполна контрола на моќниците (политичарите и т.н. бизнисмени).Иако за контролираноста на институциите на системот во Македонија скоро сите слушнале или прочителе нешто, сепак преку оваа веб страна секој ќе може да се увери во тоа преку конкретниот случај на подржавање на криминалот во АД фабрика за кабли Неготино од Неготино.Ќе се потрудам преку хронолошко раскажување на настаните и поставување на скенираните докази за подршка на криминалното вештачко задолжување – упропастување на заедничкиот имот и незаконското отпуштање од работа наработниците - акционери во оваа фабрика, од страна на институциите на системот во државата и тоа во време на промена на власта во зафатени три мандата (период од 8 години).Преку овој случај кој е типичен пример на уништување на еден заеднички имот на вработените – акционерите и типичен за македонски прилики доминантен сопстевеник со едвај 51% од акциите ( од нив 25% државни акции можат да бидат цел за преиспитување на приватизацијата бидејќи се купени со прекршување на постоечкиот закон) ќе се види како сето тоа се одвива со помош на институциите на системот кој напротив треба да постојат за да се спроведуваат законите . Со овакви доминантни сопственици кој најчесто се човек фирма (најчесто тие фирми се регистрирани во странство а се на македонски државјани како што беше и во случајот со фабриката за кабли од Неготино се до септември 2007г.) а и со превземањето на фирмите со менаџерски тим се изврши цела приватизација во Македонија, нормално на штета на обичниот работник кој само привидно беше акционер, таман толку колку да им се фрли прав во очите на оние од ЕУ дека транзицијата се врши по Закон кој и во овој случај го изготвија сервилните кон власта експерти – професорите од универзитетите а кој неретко беа наградувани со советнички места во кабинетите на претседателите на владата и државата.Нормално дека се се врти околу парите – економијата а тоа не сакаа да го испуштат грст моќници (политичарите и т.н. бизнисмени) кој ја осмислиле и спровеле а и сеуште ја спроведуваат беспрекорно организирано невидената на друго место во светот – контролата врз целото општество во Македонија.Затоа најдобро им одговара името ``Организацијата``.Секој сегмент од нашето мало општество е под потполна контрола и тоа почнувајќи од политичките партии (кој имаат единствена задача да глумат конфронтираност помеѓу себе пред во почетокот збунетиот народ македонски а се со цел да може така изигран да го измамат да гласа на парламентарните избори како тие избори би биле валидни пред меѓународната заедница и тоа во последните години со едвај поминат цензус од само неколку проценти над 50% бидејќи народот сега по 16 години не е така збунет),судската власт (судството и обвинителството),институциите под извршната власт, институциите под државна власт,медиумите (печатените и електронските), синдикатите и што е нај жалосно и т.н. невладини организации посебно оние кој би требало да му помогната на обичниот македонски човек да се избори за демократија, за поголеми човечки права и слободи и т.н.
На оваа веб страна ќе бидат објавени што поголем број на скенирани докази (документи,судски пресудии решенија, обвинителни акти, обвинителни решенија и известувања,известувања од судски совет,од јавен обвинител и негови заменици, известувања од народен правобранител, и други известувања, реакции и писма) кој секого ќе го уверат во строгата и беспрекорна контрола врз практично секој сегмент од нашето мало општество.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Преку прикажувањето на се она криминално што се случувало до сега а е поврзано со фабриката за кабли од Неготино ќе се уверите дека едноставно станува збор за прикажување на оваа веб страна на веќе спомнатата контрола врз сите институции на системот а не на накаква корупција во спомнатите институции на оваа веб страна.Тоа не значи дека на постои корупција во македонија но, таа е застапена меѓу т.н. ситни бирократски луѓе а за нас во овие транзициони 18 години е најстрашна контролираноста на институциите на системот која беше и сеуште е во функција на безмилосната приватизација на штета на целиот македонски народ а посебно на армијата од 400 000 невработени како мене.
Сепак Јас сум приморан ова афера да ја нарекувам најголема корупцијско – политичка и медиумска афера, од проста причина за да им влезе во очите на претставниците на меѓународната јавност а посебно на оние претставници на ЕУ и НАТО кој посебно во ова време (крајот на 2007г.) ја перципираат Македонија како нивна потенцијална членка и кој треба да ја примораат во овој момент Владата на толку извиканиот Премиер Никола Груевски да направи од Македонија неконтролирана или некорумпирана држава (но, како Тој (не)реагира за оваа афера ќе видите во насловот Владини институции), т.е. Македонија конечно да биде вистинска правна држава која нормално тогаш ќе биде и од корист на странските инвеститори посебно од ЕУ. Засега знаци за такво нешто нема.Баш тука на оваа веб страна ќе се најдат скенираните докази кој се доставени и до оваа Влада (ги имаше предходно и до другите) а по кој нема никаква реакција без разлика што се работи за очигледен криминал а доставени беа и конкретни докази за можна корупција а по мене тоа се докази за постоењето на контрола врз институциите.
Со такви влади од веќе спомнатата ``Организацијата`` Македонија е во окови ставени од свои ``поробители``па, затоа е потребата од ваква а се надевам ќе тргнат и многу други по мојот пат со слични нивни веб страни, кој ќе му ги доотворат уште пошироко очите на својот народ за да ја види вистинската но во исто време грозна слика за Македонија.
Сепак Јас сум првиот што пишува (другите кој пишуваат на слични теми сеуште веруваат во божемната конфронтираност на позицијата и опозицијата) за контролираноста на нашето општество на грст моќници и уште пред повеќе години сум дознал за лицемерието на лидерите на политичките партии (со многумина од нив лично сум контактирал – Груевски,Петковски,Поповска,Ѓорчев,Марјановиќ а со цел да ги испровоцирам да излезат од колосекот во кој се поставени од ``Организацијата`` за да покажат и практично а не само декларативно дека се борат против корупцијата а тоа да го покажат во овој случај со фабриката за кабли од Неготино т.е. за правна држава и дека се од страна на народот како што самите милуваат да кажуваат за себе но, ништо не направија па, дури ни збор не проговорија јавно во медиумите кој им се нив достапни за било какви измислени од нив афери кој не имаа никогаш конечна завршница а за оваа афера постои медиумска блокада па, која афера затоа е и најголема бидејќи ја покажува нивната воздржаност, рамнодушност па и подршка бидејќи повеќето се од нив во власта сегашна во оваа 2007г) т.е. за нивната наводна конфронтираност и тоа конечно би требало да го практикуваат и други создавачи на уште подобри веб страни што би било од непроценлива корист на нашиот напатен, експлоатиран и строго контролиран народ за да би тој еден ден дојде до толку посакуваната слобода.
Во овој увод (кој секојдневно ќе го надоплонувам) сакав и ова предходното за контролираноста на нашето општество да го истакнам па кога ќе почнам да ги поставувам скенираните докази би сакал да сватите како тие докази покажуваат една недвосмислена подршка за сторениот криминал, експлоатацојата и за оставањато без работа во овој наш случај на над 500 работници – акционери од фабриката за кабли Неготино и дека е тоа принципот на кој се упропастуваа скоро сите позначајни фабрики во Македонија, оставајќи ги во долгови и неуспешно продавајќи ги по неколку пати.Следејќи го овој принцип и за фабриката за кабли во која сеуште ситните акционери – работниците сме со над 43% од акциите, овие што го планирале и што практично го прават патот кон енормно задолжување кон своите сестрински фирми и со нив блиските банки и упропастување на фабриката паралелно со отпуштањето на работниците, тој пат им е изоден скоро до самиот крај кој ќе води до стечај со неминовна ликвидација а со тоа работниците – акционери ќе останат и без работа и без акции..Нормално во тоа никоја институција не ги спречува а и ни збор не смее да излезе во јавноста преку медиумите?!
Не сакам да бидам погрешно сватен па ќе истакнам дека не се борам или поточно ова пишување не го правам и не е еваа веб страна за потикнување на народот кон стварање на некој друг или враќање на стар систем на уредување ами целта ми е во едно вакво општество кое секако е наметнато од ширењето на глобалниот капитализам, Ние обичните луѓе кој сме напатени да се избориме за правна и демократска држава во која ќе го нема вака грубото експлоатирање во корист на грст моќници и тоа Македонци т.е. што поскоро да се изедначиме со правата на обичните луѓе од земјите членки на ЕУ.
Не сум член на никоја партија (а и како да бидам кога ја знам оваа грозна вистина за контролираноста на нашето општество) и нема да бидам се додека народот не застане гордо пред тој мал грст моќници од ``Организацијата`` организиран и таков да настапи на некои идни парламентарни избори па, на таков начин кој е многу едноставен да ја презеде власта во свои раце и во свои луѓе притоа ставајќи ги во заборав на историјата постоечките партии или прв потез за да дојде до тоа е едноставно масовно да апстинира на следните (можеби вонредни) парламентарни избори. Во таков случај меѓународната заедница а посебно ЕУ и конкретно ќе интервенира па, ќе може овој напатен народ да дојде до својата вистинска слобода..
Па на некои идни избори а кој избори би се одвивале во една изборна единица за цела Македонија но, и со мал цензус (многу помалку од 1000 потписи) како народот би можел да истакне свои кандидати непречен од овој постоечки изборен закон и без да биде под контрола и притисок како што е сега (давањето потписи во подрачните единици на министерството за правда) при истакнувањето на своите кандидати.

Пред да почнам со поставувањето на скенираните докази и моите обраќања до институциите на системот за да се види нивната строга контролираност од центарот на моќта, ќе напоменам дека ова го правам во овој момент кој клучен за Македонија која е во постојана присмотра на претставниците на ЕУ и НАТО за толку очекуваната дата за преговори и поканата за членство но и во моментот кога наскоро ќе биде објавен извештајот на Европската Комисија (кој најверојатно ќе биде негативен што и одговара на ``Организацијата`` да не држи во експлоатација уште неколку години) па, се надевам дека Тие претставници ќе обрнат внимание на оваа веб страна - блог а посебно на неа би требала да обрна внимание советникот во владата госпоѓата Моника Маковеј со која сум веќе еден месец во контакт и притоа Таа ќе дојде до една поинаква но вистинска и грозна слика за ситуацијата во Македонија а потоа ќе знае што треба да презеде за да таа слика се смени во Македонија.

Се надевам дека овој мој блог ќе предизвика извесно рабранување и реакции кој сигурно знам дека ќе бидат кон побивање на моите тврдења за постоење на таквата строга контрола на нашето мало општество дури и ќе предизвика иритирање поимот ``Организацијата`` но, Јас би бил пресреќен кога конечно би се зафатиле медиумите и институциите на системот а во прв ред Владата на Премиерот Груевски во откривање и разработка на оваа афера а која Јас единствено на овој начин им ја правам достапна на сите македонци а поважно е што е достапна на претставниците на меѓународната заедница а посебно на ЕУ и НАТО.
http://konspiracija.blog.com.mk/

http://i.1asphost.com/AtanasovSande/index.asp
 

Kajgana Shop

На врв Bottom