- Член од
- 12 април 2005
- Мислења
- 47
- Поени од реакции
- 24
Attachments
-
146,3 KB Прегледи: 113
Тодор Живков бил претседател од 1971 год. а ова ако е вистинито тогаш е средба на ниво на функционери на КП.Тодор Живков беше претседател на Бугарија и не е можно тој да водел официјални разговори со член на ЦК . Постои протокол во дипломатијата
Пак не иде...Тодор Живков бил претседател од 1971 год. а ова ако е вистинито тогаш е средба на ниво на функционери на КП.
Ова не е точно.Накратко се гледаат црвените линии и дека уште тогаш сè е јасно, кои и досега не се променети, со исклучок на дополнителната антиквизација. Црвенковски тврди дека во Пиринска македонија имало Македонци, а Тодор Живков му објаснува дека тие се создадени со наредба и откако им дали право да се самоидентификуваат, останале околу 8.000, кои се самоидентификуваат како Македонци. Покани го да обиколи анонимно низ Пиринска Македонија и сам да се увери.
Црвенковски се согласува дека македонската нација е новосозадена и е на антибугарска и антисрпска основа. Немало како да се објасни на Македонците дека до 1941 биле Бугари, а потоа станаа Македонци.
Зборуваат за анти-бугарската кампања во Македонија, во книгите, статиите, дури филмови
Што е спорно?!?Црвенковски: Јас реков и во Белград, и сега ќе кажам дека
подобрувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија беше добро
прифатено од македонската заедница и со надеж дека тие ќе се развиваат. особено
добро беше прифатено вашата изјава дека раководството на БКП и Вие лично
стоите на Димитровски позиции и признавате историскиот факт - создавање
на Социјалистичка Република Македонија и формирањето на македонската нација.
Нема да ве уверувам дека ние го цениме вашето говорење и оваа ваша линија.
Црвенковски: Вие лично, г-н Живков, два пати сте разговарале - едниот пат со др. Коча
Поповиќ, а вториот - со др. Тито - дека македонската нација се создава на
антибугарска основа. Не сакам да влегувам во спор - колку тоа е точно,
бидејќи има нешто вистина. Но можам да кажам дека македонската нација се создава и на антисрпска основа.
Црвенковски:Нашето раководство не може да каже на нашиот народ, дека
до 1945 година сме биле Бугари, а потоа сме Македонци.