Средновековна архитектура во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Да не помешаме сега, претпоставувам дека Соборниов храм ти е во контекст на почитувањето на црквата во време на социјализмот, наспроти обратните тврдења. Ако не се лажам, најголема во површина и сите други димензии е оваа црква - иницирана и комплетно изградена во „црни времиња за црквата“, нели.

Контроверзен проект е за мои сфаќања, мора да признаам. Во денешно време, познавајќи ги прилично неуките и заостанати (не би ги нарекол конзервативни) владици, овој облик не би прошол, иако содржи многу канонски симболики и е правилно. Тоа што е разбирливо, тргната е од главен плоштад, односно не и е дадена таква важна позиција - мене лично оваа не ми се допаѓа многу, затоа што и самиот објект не може да се доживее импозантно - тргнат е од главна оска и треба да се дојде до него - црквите, посебно камбанариите биле ориентир во градовите - овде тоа е, претпоставувам свесно избегнато - многу вешто.
Имаше во времето на СФРЈ и несмасни коментари дека повеќе личи на џамија, што е наивно да се каже. Османлиската џамија (не онаа од блиски исток) е практично црква, целосно е украден моделот. Мимар Синан, големиот османлиски градител бил фасциниран од Аја Софија и сите големи џамии кои ги изградил низ империјата биле во голема мерка „инспирирани“ од тој објект.

Да не го губи континуитетот темава со овие оф-топик дискусии, терај со презентациите @Византиецот
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Не офтопикот не смета воопшто, барем мене не. Храмот во Скопје не е средновековен но има Византиски тенденции. Го постирав само во контекст на односите Комунизам-Религија. Се согласувам дека требаше да оди на плоштад, со истите преубави пропорции, но можеби со малку повеќе детали, а помалце Модернизам, на пример наместо врз обични модернистички столбови, полу-куполите би можеле да одмараат врз камени столбови со Византиски Капител. Или столбови излеани во бронза.

Но со Албанците ние многу тешко ќе истуркаме такво нешто, а имаме и парцела на плоштад која уште е слободна. Тажно е што за се во земјава се бара нивни амин, а Македонците се маргинализираат во својата земја, за апсурдот да е поголем самите тие во Тирана во самиот центар изградија гланц нова православна црква само пред неколку години.

Турците немале архитектура пред да дојдат овде. Се што копирале било паушално. Мимар Синан немал потенцијал сам да изведе и математички да пресмета нешто, па да го изведи проектот од хартија. Тој одел по стари Византиски цркви и манастири (кои во Истанбул и околината се уште ги има на претоп, конвертирани) и буквално ги мерел и запишувал димензии, како да би можел да изведи нова градба.

Не бил Витрувиус и не бил Леонардо - за сам да иновира, да нацрта пропорции и да ги изведи. Неговата архитектура е copy-cut метод и вулгаризирање на Византиската. Јас имам почит за умови кои имаат потенцијал да смислат и изведат нешто свое, а не да го копираат туѓото.
Храмот во Скопје е се уште еден од најубавите Нео Византиски обиди. Иако иди од време во кое Модернизмот го имал последниот збор.

Црквата Свети Цар Константин и Света Царица Елена во Скопје беше одлична за на плоштад.
Таа беше единствениот проект од СК2014 завршен со вкус и стил.
Станува збор за Византиски Експресионизам, за своите пропорции се инспирира од Канео во Охрид, дури ако обрниш внимание и куполите пробуваат да емитираат ќерамиди иако се од метален месинг.
За златниот месинг на покривот не сум сигурен како се чувствувам, бронзен ќе беше подобар, или сребрен, темно-сив, метален, но тоа е мое видување.

 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Се надевам дека нема да е многу офтопик прашањево, оти сепак е во врска со споменатите цркви..
Дали би можел некој доколку знае да ми препорача литература во кои се обработува византинската уметност (со акцент на архитектурата) во Македонија? Ќе ми користат исто и самостојни трудови осредоточени на определена црква, фрескопис или икона..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom