Србите учат турски, а Хрватите обожаваат српски!

  • Креатор на темата oon
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
По две децении омраза, пријателите повторно се среќаваат
Србите учат турски, а Хрватите обожаваат српски!
На Балканот се случуваат процеси на приближување и интеграција. Природни и цивилизациски, без притисоци и местења од страна, за разлика од оние во времето кога, пред две децении, се разгоруваа делбите и војните
Две децении по војните во бивша Југославија, кога со вооружени судири се урна федерацијата, а шесте републики тргнаа понатаму како независни држави, гледавме постојни тензии помеѓу некогашните братски републики. Словенија и Хрватска се мразеа поради тоа што Словенците земале дел од хрватското море. Хрватите и Србите, пак, војуваа, затоа што српското малцинство, кое тогаш претставуваше 15 проценти од хрватското население, со траумите на усташките етнички чистења не сакало да си оди од Југославија во независна Хрватска... Босна ја плати највисоката цена на српско-хрватските намери она што го загубиле да го наплатат од Босанците... Косово е приказна сама за себе...
Бадијала по две децении, од западни извори и медиуми, дознаваме дека војната била потпалена од страна. Дека е планирана уште по смртта на Тито и подготвувана да се случи во приближно исто време со падот на Берлинскиот ѕид и уривањето на СССР. Дека масовните убиства во Рачак (Косово) или Маркале како и масакрот на војниците на ЈНА во повлекување во Сараево и Тузла (Босна), кои беа вовед за тешки воени судири, биле режирани, и свесно медиумски злоупотребени за да се создаде потребната воена атмосфера.
Наместо да се смени системот, а да се зачуваат економијата и социјалното ниво, како што се случи во Унгарија, Полска или Романија... нам ни се случија тешки војни, транзиции и уривања на комплетниот економски потенцијал. Освен Словенија сите други и ден-денес се под економското и социјално ниво кое, како републики, го имаа во Југославија: бесплатно здравство и образование, безбеден живот, сигурна пензија и евтин стан и просечна плата од околу 600 евра.
Две децении потоа, сега, не под притисок на странски политички интереси, туку под влијание на природните процеси, народите на Балканот се приближуваат еден кон друг. За почеток, спортот стартуваше со балкански лиги во кошарка и ракомет. Инвеститори од Србија влегуваат во Македонија и Словенија, а хрватските во Србија, Босна и Македонија...
Македонија има одлична соработка со сите поранешни југословенски републики, плус и со Косово, кое од покраина напредуваше до република со фуснота. Само Албанија се уште не не признала под уставното име. Што е особено важно, имаме одлични односи и со Турција, новиот балкански ментор.
Филмот на Анџелина Џоли, "Во земјата на крвта и медот", кој е оценет како пропаганден антисрпски филм е осуден, како таков, и во хрватската јавност. Загреб и Белград најавија повлекување на сите меѓусебни тужби за дејствија од времето на војните. Босна, по победата на помладиот Изетбеговиќ на изборите, сега игра добитна комбинација со баланс помеѓу српските и хрватските интереси, а во полза на опстанок и функција на босанската федерација...
Балкански хит, економски и културолошки, е Турција. Држава под стабилна власт, со голем економски развој и паметна политика на ширење влијание врз Балканот без употреба на сила и закана. Викендов во Нови Пазар дојдоа навивачи на турскиот Фенербахче да навиваат заедно со новопазарските Бошњаци против Партизан. Се помина пријателски и мирно. Дури и резултатот беше нерешен. Турција, полека, за Бошњаците станува алтернативна татковина и нација. Белградски "Блиц" објави дека во школите за странски јазици најголема експанзија има учењето на турски јазик.
Хрватски "Јутарњи лист", пак, констатира дека емитувањето на старата српска, југословенска, серија "Жикина династија", во вторникот на РТЛ ја гледале еден милион Хрвати! Заедно со претходно емитуваната "Тесна кожа" влегуваат во петте најгледани ТВ-емитувања кај Хрватите. Ова, до скоро, беше незамисливо.
Ова е особено невообичаено затоа што се работи за стари, повеќе пати гледани филмови и серии кои, по толку време повторно се емитуваат и се гледаат повеќе од ултрапознатите холивудски и турски серии.
Балканот, конечно, влегува во мирни води на пријателство и интеграции. Исклучоци има, пред се во агресивната грчка и бугарска политика кон Македонија, плус она што го трпиме како провокација од Косово. Но, Грците својата политика, севкупна, ја плаќаат прилично болно. Бугарија е на опашката на европскиот развој и цивилизациски вредности, а Косово деновиве го загуби правото да се претставува како република, туку смее да го користи само називот Косово, кој не дефинира државност.
:pos:
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
офф лелеее ситуацијата не е за смеење,туку за плачење:tapp: Ништо не е чудо цел Балкан да се турцизира, освен Грција,макар што и таму има предавници,што одат да работат во Турција заради кризата:tapp:

А инаку ево и МКД станува колонија на Турција,преку инвестиции..
Турските инвестиции од стратешко значење

http://www.dw.de/dw/article/0,,15786209,00.html?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-xml-mrss

Навистина сме глупи балканци:facepalm:
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

Добро бе мајката која е разликата дали е инвестицијата од Франција или е од Турција ?? Само тоа објасни ми го -.-
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Добро бе колку ти плаќа Газогалис за да тролаш?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Добро бе колку ти плаќа Газогалис за да тролаш?
Турцизирајте се тогаш не ми е гајле, немате ниту трошка ум.:tapp:

Без разлика дали вие ќе сакате или не, Грција е нај патриотска земја на Балканот, не се продадени души да бидат слуги на Турците..:facepalm:
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Турцизирајте се тогаш не ми е гајле, немате ниту трошка ум.:tapp:

Без разлика дали вие ќе сакате или не, Грција е нај патриотска земја на Балканот, не се продадени души да бидат слуги на Турците..:facepalm:
Јас ако се Турцизирам, ти се Грцизираш ... двајца Македонци двајца продадени, јас педер , ти педер.....исти сме..ни си поарен ;)
 
LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Realen ви го кажа, немам што да додадам повеќе. Турција е симбол на анти-култура и тоа нема да се промени наскоро.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Добро бе мајката која е разликата дали е инвестицијата од Франција или е од Турција ?? Само тоа објасни ми го -.-
Французите и да инвестират не сакат да се шират овдека на Балканот,ама Турците имаат други намери, па дури и некои кругови во Турција си кројат планови како ќе се обнови отоманската империја по ново..

А ево и вистинските патриоти на србите што мислат за ова

А лошо е што и Американците ги форсираат турците да се вратат на Балканот

САД: Турција да биде пред Русија на Балканот!
http://forum.kajgana.com/threads/САД-Турција-да-биде-пред-Русија-на-Балканот.56636/
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
А лошо е што и Американците ги форсираат турците да се вратат на Балканот

САД: Турција да биде пред Русија на Балканот!
http://forum.kajgana.com/threads/САД-Турција-да-биде-пред-Русија-на-Балканот.56636/
Па мора да ги форсираат, мислиш дека САД до толку ги сака Турција, ги користи за да го има Балканот со сите можни средства, знаејќи дека светот во главно е на две поделен и САД не би сакал Балканот да биде под Русија....Да би била Грција воено многу моќна Грците ке беа форсирани за Балканот .....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За Балканот да биде реинтегриран треба многу повеќе од учење јазици. Едно две-три децении мир и стабилност (како и смена на генерации) се потребни за да се дојде до одредена точка на интеграција и стабилност.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Турцизирајте се тогаш не ми е гајле, немате ниту трошка ум.:tapp:

Без разлика дали вие ќе сакате или не, Грција е нај патриотска земја на Балканот, не се продадени души да бидат слуги на Турците..:facepalm:
Ти бе скроз си удрен.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Само во Вечер може да излезе ваков текст, напишан од 6-годишно дете со блага ретардација. Сензационалистички наслов, Хрватите обожаваат српски (уствари мислеле на серии). И како тоа Македонија, од една страна, има одлична соработка со Косово, а од друга трпи провокација?

И до дечките горе. Не само што сте на тешки дроги Алекс Џонс-стил, туку и аватарите ви се јаки. Едниот Ахил, другиот Хектор.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
108
Поени од реакции
41
И до дечките горе. Не само што сте на тешки дроги Алекс Џонс-стил, туку и аватарите ви се јаки. Едниот Ахил, другиот Хектор.
Хаха,трололо,добра забелешка.;)
 
P

PewDiePie

Гостин
Без разлика дали вие ќе сакате или не, Грција е нај патриотска земја на Балканот, не се продадени души да бидат слуги на Турците..:facepalm:
а да почнеш ти мајсторе да снимаш видеа како стеф ангел,хит ќе станеш.
Жива смеа си.

Вистина и јас правам глупости ама тебе кој те направил,секоја чест.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom