Споредба на кошаркари

  • Креатор на темата Креатор на темата Chiksy^
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар играч

  • Перо Антич

    Гласови: 16 66,7%
  • Анте Томич

    Гласови: 8 33,3%

  • Вкупно гласачи
    24
Член од
27 април 2009
Мислења
2.511
Поени од реакции
3.340
Имаше ваква тема и во под-форумот Фудбал, а сношти еден моабет со другариве ме натера да ја отворам темава, едноставно земаме двајца кошаркари шо игрет на иста позиција и со мало објаснување ги споредвиме, кој според вас е подобар и зошто.. моабетот беше дека од Перо Антич немало подобар центар/PF во Европа(не дека јас имам некое преголемо познавање од кошаркава) ама мислам дека Анте Томич е подобар од него и зато почвам со овај дуел, после мене продолжите со друга споредба
antic-signing-affects-nogueira.jpg


VS

220px-2012_2013_-_Ante_Tomic_-_Flickr_-_Castroquini-FCB.jpg
 
:pos::pos: Од Перо немало подобар центар/PF во Европа. Што се не ќе слушнеш. Иначе од двајцава тешко е да одбереш кој е подобар, Перо да речеме е покорисен тимски играч, многу работи во одбрана а во нападот поентира само кога ќе му се укаже шанса, додека Томич а главна алка во нападот, али затоа одбраната не му е појака страна. Томич ми иде на живци што има срце како лешник, пичка у душа е, ич не се бори, ме потсеќа на Самарџиски, но во подобрена верзија.
 
Па со оглед на тоа дека во истото натпреварување едниот е во идеалната петорка,а другиот не е :P

Баш тотално различни играчи.Томиќ е мек,елегантен играч,воопшто нема маса,во нападот можеби најдобар европски центар,многу добар шут од полудистанца.
Перо е јак ко бик,рудари во одбраната и шутира за 3.

Баш ми делуваат како да би можеле да бидат јак пар под кошевите на 4 и 5. Да се надополнуваат еден со друг....тоа што на едниот му е слабост,на другиот му е сила.
 
Не дека сум хејтер или нешто слично, баш напротив, браво за Перо што успеа да стигне до НБА, ама како ќе се снајде против биковине од Америка незнам баш...
Друго е европски баскет а друго е амерички :D

Што се однесува до споредбата хммм...Томиќ има работи кои што Перо ги нема. ЧЛенот над мене е сосема во право со споредбата.
Иако мислам дека Перо има мала предност поради снажноста, одбраната и борбеноста. Да не заборавиме и дека Перо може добро да шутира. Така да мислам дека Перо е подобар за нијанса.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom