Сплав на духови, или...

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Уште една ghost story... yeah.;)

Настанот што се случил во 1986 година во Кинеското Море, веројатно уште долго време ќе остане нерешена мистерија. Тоа се случило во периодот кога илјадници витнамци се впуштале во опасни и неизвесни авантури, преку бесното море, за да стигнат до „ветената земја“. Поголемиот дел од нив, натоварени на импровизирани чамци и сплавови, завршувале во студените морски води. Тие пак, што ќе преживееле, најчесто биле жртва на пиратите, кои во тоа време правеле пустош по морињата. Сведоци останувале многу ретко, и биле само жени и деца, кои имале „среќа“ да останат живи по сите силувања, малтретирања и тепања, и да завршат во некоја јавна куќа. Токму поради ова, група хуманисти од тогашна Западна Германија, и од Франција, решиле да се обидат да направат нешто за овие губитници. Така, го изнајмиле бродот Cap Anamur 2 со кој се упатиле во немирните води на Кинеското Море и за два месеци спасиле неколку стотици бегалци...
Токму за време на оваа мисија се случил и мистериозниот настан. Едно утро бродот налетал на лошо направен сплав со неколку луѓе на него. Со мала брзина му се приближиле, а на бродот веќе била подготвена екипа за спасување. Додека членот на екипажот, виетнамецот Ли Траон, им се обраќал на несреќниците да ја дофатат кошницата која се спуштала од бродот, и еден по еден да се качуваат во неа, сето тоа со својата камера го забележал новинарот Улрих Дрегер, кој исто така се наоѓал на бродот. На сплавот се наоќале еден постар човек со бела брада, една млада жена, двајца помлади мажи и три деца. Сите како да немале крв во образите, изгледале уморно и истоштено. Еден од мажите на сплавот ја ставил жената во кошницата, таа ги подала рацете кон едно од децата, како да сака да го земе или да се поздрави, а морнарите нагло ја потегнале кошницата нагоре. Во истиот момент - ужас. Ги снемало сите луѓе на сплавот, без никаков звук.
Нешто подоцна Ли Траон за случката раскажувал дека во моментот кога жената од сплавот била на неколку метра од бродот, го молела да ја спаси, за потоа, минута подоцна, да ја снема заедно со другите луѓе, оставајќи го трошниот сплав празен. Капетанот отпрво не сакал да зборува за случајот, и ништо не забележал во бродскиот дневник. Потоа попуштил и признал, иако признанието не било од голема важност, затоа што најцвртс доказ е видеото снимено од Улрих Дрегер.
Каде исчезнале овие луѓе? Во друг свет, друга димензија, или просто исчезнале, дали тоа биле духови, илузија или нешто друго, се прашања што до крајот на животот ќе ги мачат сведоците на оваа мистерија.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Инчрестинк стори ама видеото од камерата, можи да го видиме? :icon_roll :icon_lol:
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Иако се интригирачки ваквиве случаи, сепак ограниченоста на мозочево мое не ми дозволуват многу да фантазирам ради шо е десено ова. За сите вакви работи прв одговор ми е-туристичка атракција, платена работа. Ама свесна дека не е можно светот да е само она шо веќе го знајме, би рекла дека една од можностите е простор кој водит кон друг паралелен свет или нешо слично.
 

Commando

Единство-Активизам-Сила
Член од
12 јули 2007
Мислења
426
Поени од реакции
2
Фантом,ако веќе си се решил да напишеш ваква приказна,мислам дека би требало да се потрудиш и да го најдеш видеото!Ако е за тоа и ја можам да измислам приказна да ја кажам најдете го видеото!?!?
Мислам ова е нонсенс!!!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом,ако веќе си се решил да напишеш ваква приказна,мислам дека би требало да се потрудиш и да го најдеш видеото!Ако е за тоа и ја можам да измислам приказна да ја кажам најдете го видеото!?!?
Мислам ова е нонсенс!!!
Чукни си ја главата. Дали би рекол ако го најдете гледајте го, само така?
Побарав насекаде за видеото, го нема, и тоа е сеа.
Ако е нонсенс оди во темите каде се’ се потпира на факти.
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
ох леле. до кога ќе се занимаваме со вакви приказни. дај нека излезит некоја со пооргинална тема, сите некако клише станаја. биле, па не биле, па ги снемало, па незнам шо.... исти се сите вакви приказни....

не знам дали имате заприметено на телавизија, ко ке имат вакви ствари, викет оние псајкикс и тие демек гледет со се десило и кажвет, на унексплејнд мистерис имасе бас еден питер незнамкако беше и тој казвесе за некое масовно убиство така...
вервите вие во ова?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Ако барате видео од настанот значи сте ненормални.
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
Ако го најдите, видете го.
ja ne znam za toa, ne sum cul, a mozno da e toa vistina
no kako i da e toa e
Фантом,ако веќе си се решил да напишеш ваква приказна,мислам дека би требало да се потрудиш и да го најдеш видеото!Ако е за тоа и ја можам да измислам приказна да ја кажам најдете го видеото!?!?
Мислам ова е нонсенс!!!
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.424
Поени од реакции
22.035
Јас прв пат слушам за оваа приказна..:toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.656
Поени од реакции
79.981
У која ли ветена земја иделе Виетнамците '86?
Кина? Не е сигорно. Таму '86 сигурно било во најмала рака исто ко у Виетнам.
Филипини се. Или Тајван, евентуално Макао или Хонг Конг. На друго место не гледам кај би иделе преку Кинеско Море.

Инаку, да. Најголема мистерија во приказнава е: Каде е филмот на Ханс?
 
N

navivacka

Гостин
Приказната ме потсетува на онаа Mary Celeste...се уште не е откриено што се случило,каде исчезнале капетанот со својата жена и дете и со останатите од екипажот иако внатре во бродот се стоело на свое место...Навистина ме ежат такви приказни,и јас се прашувам каде е клипот на тој што го снимал тоа?дали немал храброст да го покаже или па воопшто не го снимал...се може да е.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.256
Поени од реакции
2.248
Да беше ова вистина и да имаше навистина видео, уште утредента интернетот ќе бешѓе преплавен со тие craps, ќе дадеа веднаш на вести, ќе пишуваше во весник. Ова нема врска. Ова е само за публицитет. Не знам кај си го прочитал ова, ама ако е во весник 100% е жута штампа и се печати за зголемување на тиражот. Или го читаше во некоја fairytale книга????
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.424
Поени од реакции
22.035
Приказната ме потсетува на онаа Mary Celeste...се уште не е откриено што се случило,каде исчезнале капетанот со својата жена и дете и со останатите од екипажот иако внатре во бродот се стоело на свое место...Навистина ме ежат такви приказни,и јас се прашувам каде е клипот на тој што го снимал тоа?дали немал храброст да го покаже или па воопшто не го снимал...се може да е.

Гледав еден документарец за тој брод,и навистина е мистериозно исчезнувањето на целиот екипаж,а се си е на место ништо не фали..
Дефинитивно има некој работи што не можаат да се објаснаат..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom