- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 228
Априлските атентати во Солун неоспорно се најкрупните по својот страшен ефект и по предизвиканите длабоки стресови во Револуционерната организација. Солунските атентати се дело на група млади идеалисти.
Идеолошки солунските атентатори се рожба на еден друг, постар кружок, кој се појавил во Бугарија и покасно го добил своето конечно осамостојување во Женева. Кружокот во Женева се создава од неколку студенти во 1897 година од: Михаил Герџиков од Пловдив, Димитар Обштински од Пловдив, Петар Манџуков од с.Мирковци, Скопско, Јордан Калчев од Тутракан, Димитар Ганчев од Русе, Димо Николов и Григор Дочев од Казанлак. Тука тие наоѓаат во изобилие револуционерна литература, се зближуваат со руски револуционери и земаат активно учество во идејните спорови со руската емиграција. Тука тие идејно се оформуваат: едни под влијанието на Г.Плеханов, како социјал-демократи (Димо Николов, Д.Обштински и др.), други, под влијанието на Черкезов и на бакунизмот, како еден вид анархисти (Герџиков, Јордан Калчев и др.), меѓутоа разноликоста не им пречи да бидат заколнати другари од „кружокот“, кој веќе има и свој „устав“. Малку покасно од нив во Женева пристигнал и Слави Марџанов од Карнобаг. Влегува во „кружокот“, заразен од неговите идеи и станува еден од најстрасните конспиратори.
Најнапред почнале со еден повик – апел до македонскиот народ – отпечатен во Париз во тајната печатница на Сидурадски, народен првенец, во којашто и Херцен ги печател своите брошури. Во тој кружок влегувале и жени, меѓу кои: Златева од Ќустендил и Кина Ганева, студентка по социологија. Таму била и Иванка Ботева, ќерка на Хр. Ботев.
Во Женева кружокот започнал да го издава в. "Одмазда". Се издаде еден број во кој меѓу другото најмногу го напаѓале тогашниот кнез Фердинанд I. Најголемата пречка на кружокот била недостигот на средства и соучесниците се мачеле да се здобијат со средства. По решение на кружокот Григор Поп Дочев, родум од Казанлак, бил задолжен да најде средства. За таа цел тој се враќа во Бугарија и се обидува по секоја цена да најде пари, но бидејќи не успеал да го стори тоа на 23.III.1899 год. се самоубил во Борисовата градина. После таа несреќа кружокот, за да се снабди со парични средства, решава да се направи една мала експропријација.
Стефан Стефанов Михов бил телеграфист и бивш член на пловдивскиот кружок. Како таков, тој подготвува неколку телеграми со фалсификувани уплатници до своите другари, претходно заминати за Белград, Виена и Женева. Така приготвени телеграмите, Михов ги вовлекува меѓу останатите готови за испраќање и на тој начин неговите другари, претходно заминати во определените места, со точни адреси, ги земаат сумите. На тој начин кружокот се снабдува со 4-5000 лева.
Веднаш по снабдувањето со пари, кружокот испраќа неколку свои членови во Македонија. За таа цел Слави Мерџанов а П. Манџуков се вовлекуваат во Македонија со туѓи имиња. П. Манџуков заминува за Скопје, а Сл. Мерџанов за Солун. Тука тој наидува на сомисленици во името на наколку ученици, главно велешани, познати во гимназијата и надвор од неа како неразделни другари, со своеглавост и непокорност. Тие беа: Јордан поп Јорданов (Орцето), Константин И.Кирков (Коста), Тодор Богданов, Илија Тричков, Владимир Пингов и др. Тримесечното другарување со Манџуков во Солун беше доволно за велашката група да ја добие својата идејна форма.
Знаењата на велешките ученици се прошируваат од книгите коишто Мерџановци им ги доставуваат: „Подземна Русија“, „Поприштето на нихилистот“, од Степњак, „Анархијата и изумирачкото општество“ од Жан Грав, „La conquete du pain“, „Au lendemain de la Revolution“ од Кропоткин, „Историски писма“ од Лавров, „Што да сев прави?“ од Чернишевски итн.
Како независни во револуционерната група, велечките младинци си го прикачија името „гемиџии“. Во кружокот на „гемиџиите“ влегуваат: Јордан Поп Јорданов (Орцето), Константин Ив.Кирков (Коста), Димитар Мечев (Мечето), Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Тричков, Георги Богданов, Владимир Пингов (Владо), Илија Поп Јорданов и Милан Арсов – сите од Велес, Павел П. Шатев од Кратово, Марко Ив. Бошнаков од Охрид, Дим. Коштанов и др. Д. Мечев, Д. Коштанов, и Марко И. Бошнаков започнаа како работници на Внатрешната организација и отпосле се присоединија кон кружокот. Тие се малку повозрасни, а сите други се на возраст од 18 до 22 години.
Како и на сите групи, кружоци и организации, „гемиџиите“ уште од почетокот почувствуваа потреба од средства. Им требаа пари за да пристапат заедно со групата на Мерџанов кон револуционерна работа. Првата акција за пари им беше „запленувањето“ на двајца членови од кружокот, К. Кирков и Т. Богданов, синови на имотни семејства. Кирков и Богданов – ученици во гимназијата – "исчезнуваат", и се сместуваат да живеат во еден конспиративен стан. Родителите во Велес добиваат писма од нив, во кои ги молат да го платат откупот за да не бидат убиени. Таткото на Т.Богданов не наседна на играта, додека таткото на К.Кирков, една средба со Гоце Делчев се договара и внесува една значителна сума за "откуп" од 200 турски лири. Откако Кирков ги изброил парите, "украдените" ученици се пуштаат. Како резултат на долгите преговори и направените трошкови, повеќето од половината сума се потроши и после направениот биланс во касата на конспираторите останува една сосем мала сума од 20–30 турски лири.
Конспираторите, собрани во Софија, започнуваат одново да обмислуваат како да се снабдат со повеќе пари, за да ги започнат замислените акции. Меѓутоа, попаднати во туѓа средина, без никакви средства за прехрана, тие гледаат дека не е така лесно да се прави конспирација и се прибираат кај своите родители.
Кон крајот на 1899 година групата на Мерџанов замислува страшни планови: убиство на султанот и атентати на „Отоманската банка“ и Тутунската компанија во Цариград. Мерџанов го повикува во Софија Орцето, го посветува во планот и го осигурува учеството на гемиџиите. Тука Мерџанов и главатарот на гемиџиите замислуваат план за прокопување на канал и под солунските темели на „Отоманската банка“.
Мерџанов, Соколов и Манџуков, со претходно тајно одобрените парични средства од Б.Сарафов, заминуваат за Цариград, а Орцето се враќа во Солун.
Мерџановци, одржувајќи врски со Ерменците, со посредство на ерменскиот револуционер Козаков, започнуваат со проучување на Цариград. Откако се убедиле дека нема да може да му се приближат до царската приколка и да го убијат султанот со бомби, тие се зафаќаат со банката. Тие успеваат да го привлечат печатарот Нанчо К. Стојанов и земат под наем спроти банката една тесна висока куќа на 3 спрата за да служи како склад на печатницата во сопственост на таткото на Нанчо, родум од Ресен. За таа цел, во „складот“ се внесуваат сандаци со хартија и разни црковни и други книги и брошури. Се започна со копање од страна на Мерџанов, Манџуков и Соколов.
Со отпочнува со копање и во Солун, каде спроти банката е земена под наем „берберница“. „Бербер“ е Вл. Пингов. Макар што и двете акции се финансираат од Б.Сарафов, преку Мерџанов, во Солун парите не пристигаат редовно, па по едно време станува нужда Кирков да ги украде ѓерданите и прстенот на неговата тетка, која после ги откупува за 36 лири.
Кон средината на 1900 година цариградската група бара еден човек од солунската група. За таа цел, беше испратен Павел Шатев, а во замена беше испратено едно ерменче Кристи (под псевдоним Ќосе Аристиди), препорачано од ерменците.
Во Цариград се работи на смени: 20 дена двојката Мерџанови Соколов, после 20 дена Манџуков и Шатев. Се копа со длета, само дење. Се менуваат на секои два часа, кога едниот е горе кај дувалото другиот е долу во подземјето. Во определен час, на секои четири дена ќе одел Нанчо, и ќе им оставел на двојката храна за 4 дена. Земјата се изнесува со торби, врзани со јаже и се трупа во сандаците – од долу земја, горе книги.
По шест месечна работа копачите стигаат до самиот агол на банката. Веќе го слушаа брмчењето на моторот за осветлувањето.
Во Солун работата беше времено прекината. Таму копачите наидуваат на мека земја и целиот канал можеше да биде ископан за два месеци. Шатев им напишал на другарите во Солун да прекинат со копањето, додека се приврши цариградскиот канал, за да не се излага акцијата на ризик да биде откриена. По уважувањето на укажувањето на Шатев, се прекинува со копањето и едни од „гемиџиите“ остануваат во Солун а други се прибраат по своите домови во Велес.
Обеќаното количество на динамит од Б.Сарафов пристига на време во Цариград, но при неговото пренесување во градот било откриено од полицијата. Меѓутоа во рацете на полицијата попаѓа само ерменецот Козаков, кој беше задолжен со пренесувањето на опасната стока: тој беше измачуван, после, како руски државјанин предаден на Русите и испратен во Сибир. На 14 септември во Цариград, издадени од еден шпиун, сеапсени Мерџанов, Соколов, Манџуков и Шатев. Мерџанов еизмачуван за едно шифровано писмо од Христо Матов, најдено зад кожата на грбот на еден речник но маките ги пребродува. По застапувањето на бугарската влада, турската полиција ги ослободува Соколов Мерџанов и Манџуков со препратување во Бугарија, а Шатев го интернира во неговиот роден град Кратово.
Наместо вратените во Бугарија, се донесува решение привремено да се испрати Александар Кипров во Цариград, кој ќе го набљудува повремено дуќанот, во кој бил прокопан каналот под Отоманската банка, додека отиде и го замени Дим. Коштанов, кој во тоа време бил интерниран од Солун во Г. Џумаја. Меѓутоа Д. Коштанов тешко можел по легален пат да ја напушти Г. Џумаја и да замине за Цариград. По пристигањето во Цариград, Кипров го посетува складот, го разгледал подземјето и му напишал подробен шифрован рапорт на Х.Матов во Солун. Токму во тоа време во Солун избувнува големата афера (јануари 1901), Матов е уапсен и Кипровото писмо оди во рацете на Турците. По дешифрирањето на писмото, полицијата на Абдул Хамид веднаш го запечатува „складот“. Кипров успева навремено да избега, додека најмногу страдаат печатарите, татко и син.
Несреќата во Цариград ја принудува солунската група да го замаскира каналот и да ја напушти „берберницата“. Гемиџиите решаваат прво да се снабдат со експлозивен материјал и дури потоа да го довршат каналот. Сарафов веќе не бил во Врховниот комитет. Орцето оди во Софија и ја образложува терористичката теорија пред Михајловски-Цончев, но новите раководители одбиваат парично да ги поткрепат.
Орцето заминува за Женева да го бара Сарафов. Во април 1902 година Орце Поп Јорданов пристига во Софија откако во Женева се сретнал со Борис Сарафов и се договорил, Б. Сарафов да откупи и препрати на соодветен начин 1000 кг динамит, неопходен за идната акција во Солун и на други места, а истовремено зел од него и една сума од 10 000 зл. франци.
Кружокот се зафаќа со трескава работа. Пошто „берберницата“ во Солун е земена под наем од други, се зема нов дуќан кој претставува доста добро обезбедена бакалница. Како бакалџија се ангажира Марко И.Бошнаков од Охрид.
Димитар Мечев по претходните убедувања од Орцето го напишта Перник и заминува за Одрин да копа под австриската пошта, која треба да биде разрушена истовремено со банката во Солун. Димитар Мечев бил нелегален во Турција и за Одрин заминува под туѓо име. Таму престојува неколку месеци. Ги проучил условите и зел под наем една доста голема пригодна куќа, која се наоѓала сосем близу до зградата, каде што се наоѓала австриската пошта. Д. Мечев, за да го прикрие и оправда својот престој, започнал да се занимава со купување и продажба на пченка, трици и брашно.Остануваше да се добие динамитот и да се отпочне со копањето. Меѓутоа Гарванов успева со измама да стави рака на динамитот, кој им е испратен од Марсеј и растоварен во Деде-Агач. Раководителот на Централниот комитет мисли дека на тој начин ќе ги обезоружи атентаторите. Тоа ги изостри односите меѓу двете страни – „до убиство“, како што вели П.Шатев. Но тоа го разгневи кружокот и го натерта да побрза со акцијата, задоволувајќи се со помало количество на динамит: 160 кгр., складиран во Бугарија. Димитар Мечев по наредба на Орце Поп Јорданов го напушта каналот во Одрин и оди во Софија. Мечев, Орцето, Шатев и др. се ставаат во движење и во релативно кратко време динамитот на делови и по разни патишта се пренесува во Солун.
Од друга страна, тие успеале уште порано да земат од Делчев во Софија 250 лири од откупот за Мис-Стон, со обеќање дека за извесно време ќе ја одложат акцијата.
Во новиот канал почнува да се работи забрзано. Земјата се трупа во стариот канал или се набива во визбата на дуќанот. Се превземаат мерки експлозивот да може секој момент да биде запален, во случај на откривање, кога потпалувачот би се жртвувал самиот себеси. Во текот на март копачите стигаат под самите темели на банката и поставуваат експлозивен материјал под нив. Веќе било сe готово. Конспираторите стануваат нетрпеливи.
Први април се наближува. Кружокот решава да дејствува веднаш по велигденските празници.