Одамна никој ништо не пишал на темава...
Бидејќи лежам и одмарам имам време да напишам едно мислење и да споделам дел од моето пријатно и прекрасно искуство со Солунска Глава овој викенд.
Не сум планинар, отсекогаш сум имал голема желба за планинарење, но не сум одвојувал време, а дека нема друштво и екипа веројатно е само изговор што те остава во комфорт зоната...
Физички не бев доволно спремен за ова искачување, десното колено не ми беше баш фит и на 100% ама бев сигурен дека ќе успеам да стигнам до врвот. Ни во еден момент не помислив да се откажам и тоа е можеби клучното нешто за да се искачи Солунска Глава. Потврда за ова даде и таксистот што не возеше на враќање од Папрадиште до Богомила. Постар човек што во минатото многупати ја искачил Солунска, вели дека треба повеќе психичка од физичка спрема. Ја имал искачено многу пати, а како и многу други кажува дека таму за пола саат времето може да смени од сите годишни времиња. Порано одамна од нигде никаде ги имало зачекано град, не можеле никако да се заштитат... вика паѓаше огормен град во форма на различни геометриски фигури...завршиле со партали грбови и бронхопневмонија во болница...
На кратко како се одвиваше нашето патешествие.
Тргнавме изутрина со воз од Велес до Ореше, имаше и некои други планинари што редовно си одат Чеплес и Солунска за викенд.
Од Ореше до Папрадиште за два и пол часа, пауза во домот во Папрадиште од околу саат време за јадење, малку одмор и уште два часа до Чеплес.
Таму останавме вечерта, за условите релативно скапо преноќување, помалку битна е цената кога си решил да одиш, но да е тоа (местото, природата и се останато) во некоја земја како Франција, Швајцарија, Австрија итн. би било неверојатно добро и ќе вреди за секој цент.
Тргнавме изутрината накај СГ, саат време до Долна Бабина, најубавиот дел од турата, едноставно прекрасно.
После тоа следи најтешкиот дел до Горна Бабина, околу 2 часа.
Уште еден час ни требаше до врвот каде што дуваше ветер каков што не сум осетил до сега, се до таму времето си беше одлично и ептен погодено.
Дуваше ветер со сигурност посилен од 70/80км на час, мене со 100кг во еден наврат ме занесе малку...
Во такви услови ризично кога се оди до бодликавата жица која мора да се помине за да се стаса до главната точка, но со пазење изводливо.
За назад, 3 часа враќање до Чеплес со пауза за ужина, саат и пол од Чеплес до Папрадиште и од таму со такси со Богомила на воз.
Одлично и незаборавно искуство, вреди да се доживее и е право уживање.
Со малку физичка подготвеност и малку поголема психичка, се успева лесно.
Природа која дефинитивно вреди да се доживее.