Снаа Vs Свекрва

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Многу сериозно го сфаќате ова со мамо, тато, ќерко... Ќешки да е тоа единствениот проблем во брак.
Без разлика на ословувањето, почитта е најважна, а за неа се помалку се има време и трпение.
Еве како е кај некои:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За некои е небитно, а за други голем проблем и најважна работа. Доволно е старите да сакаат да ги викаат мамо и тато, а снаата да не сака и дојдоа проблемите.

Имаше еден свекор кој сакаше снаата уште првиот ден да го нарече тато и ја засрами пред многу гости. :tapp:
Другар мој после запросување од старт таткото на жената го нарекол дедо, а овој чекај се уште не сум ти.
Никако не си, ни да кажеш ни да не кажеш. Ако ги наречеш чичко, тетка па они не ти биле тоа.

На женските како ви е најлесно и зависи дали се чувствувате блиска со неа. Мајката е една и никој не ја заменува, ама и не е толку страшно да се каже и на друга ако ви е лесно за изговарање, не значи дека готово имате нова мајка и старата се заборава.
Подобро да се најде начин како да ја викате, отколку никако, да избегнувате, да се мислите и да чекате момент кога ќе треба да ја прашате нешто.

Ако сакате и по името на домашното милениче ако го има, јас така ја викам мајката на жена ми. :icon_lol:
После бабо на заебанција започна ова со името на кучето Бубе и ми остана навика, а таа си нема гајле си прифати. Сега има нов кум. :pos:

Првиот пат е тешко после се е навика. Најважно е другата страна да прифати, да не наоѓа маани, да не прави притисок и да не слушаат што зборуваат другите за тоа како снаата ја вика свекрвата и свекорот. Тие другите нека си гледаат за нивните деца.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Многу сериозно го сфаќате ова со мамо, тато, ќерко... Ќешки да е тоа единствениот проблем во брак.
Без разлика на ословувањето, почитта е најважна, а за неа се помалку се има време и трпение.
Еве како е кај некои:
Мене она Co Brother ми е најпоштено! Типа сострадалник или брат по невоља :pos:
Форца, болнички се троа џенските сега, демек само мајка и е мајка другите прасиња родиле :facepalm: . Во основа битно е воспитувањето и респектот, ако го нема тури му таквоото. Плус снаата како помала треба прва да покаже добра воља, не да ги истура сите фрустрации што не смеела на своите родители.
За пример мојата снаа ме вика чичко, е сега бемга, не сум доволно квалификуван за татко, ама за брат на татко и може да пројдам, нејсе ич не се потресувам на таа тема.
Јас моите, бог да ги прости, си ги викав баба и дедо, како што е редот! Нит мене ми падна чинот, нит тие пораснаа. Битно јас знаев дека си го исполнувам долгот кон нив, а тие си се чувствуваа почестени од таквиот однос! Ама тоа е друго време и друго воспитување, не се споредува со денешното!
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Викање свекрва "мамо" е непочитување кон мајката. Ме носела 9 месеци, ме растела и воспитвала за ко ќе заминам од дома оп топ нова мајка да имам? Ноуп.
Да те воспитала, немаше да напишеш ваков пост, него нејсе, терајте!
 
Последно уредено:

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Да те воспитала, немаше да напишеш ваков пост, него нејсе, терајте!
Кога ќе викаш ти место бабо, мамо на мајката на жената ќе сфатам. Али матката не те боли.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Кога ќе викаш ти место бабо, мамо на мајката на жената ќе сфатам. Али матката не те боли.
Не е проблем матка дали те боли или не....зарем татко ти не бил спремен милион пати животот да го даде за тебе?
И покрај тоа поентата ти е на место.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Не е проблем матка дали те боли или не....зарем татко ти не бил спремен милион пати животот да го даде за тебе?
И покрај тоа поентата ти е на место.
Дип снаа и свекрва е темата, ни свекор тато не би викала. Еден ми е татко. Никој не можи да замени тој кој мене ме израсна и мене то ми има многу значење и општо самиот назив мајка и татко. Не можам онака од ракав кој било да викам мама или тато оти тие називи ми имаат значење за други двајца и никој друг.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Грешка си,една е мајка,една те родила
Не збориме за законски да ја посвоиш свекрвата! Муабетот е за форма на обраќање и почит!
Автоматски споено мислење:

Кога ќе викаш ти место бабо, мамо на мајката на жената ќе сфатам. Али матката не те боли.
Како ме сфати, како поле или како бавча? Не девојче, нема разлика! Кај нас имаше една изрека: Што ќе го речеш циго, речи го аго, нема устата да ти се изеде!
Автоматски споено мислење:

Не е проблем матка дали те боли или не....зарем татко ти не бил спремен милион пати животот да го даде за тебе?
И покрај тоа поентата ти е на место.
Која поента?
Автоматски споено мислење:

Дип снаа и свекрва е темата, ни свекор тато не би викала. Еден ми е татко. Никој не можи да замени тој кој мене ме израсна и мене то ми има многу значење и општо самиот назив мајка и татко. Не можам онака од ракав кој било да викам мама или тато оти тие називи ми имаат значење за други двајца и никој друг.
Ај една аналогија со болките во матката! Која болка и каде, го прави исклучителен твојот татко и супериорен над таткото на твојот маж?
 
Последно уредено:

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Како ме сфати, како поле или како бавча? Не девојче, нема разлика! Кај нас имаше една изрека: Што ќе го речеш циго, речи го аго, нема устата да ти се изеде!
Баба и дедо би ги викала. :ROFLMAO:
Еднаква почит, исто како шо би ги викал мој иден сопруг моите родители. Иако не одобрувам ни то. Мислам кога веќе се венчаваш си возрасен и можиш комотно да си збораш со луѓето и да си се обраќате како возрасни и зрели луѓе.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не збориме за законски да ја посвоиш свекрвата! Муабетот е за форма на обраќање и почит!
Автоматски споено мислење:


Како ме сфати, како поле или како бавча? Не девојче, нема разлика! Кај нас имаше една изрека: Што ќе го речеш циго, речи го аго, нема устата да ти се изеде!
Автоматски споено мислење:


Која поента?
Автоматски споено мислење:


Ај една аналогија со болките во матката! Која болка и каде, го прави исклучителен твојот татко и супериорен над таткото на твојот маж?
Пак си грешка за со почит треба госпоѓо и господине
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Баба и дедо би ги викала. :ROFLMAO:
Еднаква почит, исто како шо би ги викал мој иден сопруг моите родители. Иако не одобрувам ни то. Мислам кога веќе се венчаваш си возрасен и можиш комотно да си збораш со луѓето и да си се обраќате како возрасни и зрели луѓе.
Тука околу возраста можеме и да продискутираме, ама факт е што ти фали едно 25-30 години до моментот кога можеш да имаш објективно мнение!
Автоматски споено мислење:

Пак си грешка за со почит треба госпоѓо и господине
Тоа во автобус, сигурно ако ти го зафатил WC то нема да бидеш така тактична!
И не сум грешка, него ти не знаеш за што дискутираш!
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Тука околу возраста можеме и да продискутираме, ама факт е што ти фали едно 25-30 години од моментот кога можеш да имаш објективно мнение!
Така де. Кога не одговара шо збора некој или е премал, или ќе види ко ќе роди, или не знај не е мажен. Гледам си дополнал мислењето од ко ти вратив, разликата е во то шо јас таткото на иден сопруг би го викала тато, а тој мојот дедо. Шо е мојот помалку од неговиот? Или поќе? Не е почит ако директно против луѓе шо ми се најважни во животот одам. Оти за да почитувам некој друг, буквално нема да ги почитувам моите велејќи еј вие ме гледавте 20+ години, зеница во око ви бев и ми сте родители, ама сега и овие ми се родители само оти „ме примија во фамилијата“. На чија сметка да давам туѓа „почит“? На сметка на моите родители? Само измислена социјална норма е да се викаат свекорот и свекрвата „мама“ и „тато“. Возрасни и зрели личности не владеени од стравопочит немаат потреба да користат вакви термини, сите имаме имиња. За користење се. Инаку немаше да ги имаме.

И уште нешто шо си прокоментирал, не, нема да изговорам нешто шо не го мислам само за лице да напрам, па така и ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom